Спорт
Реми на македонското дерби, три црвени картона на Железарница
Работнички и Шкенидија одиграа без победник 1:1 во дерби натпреварот од 14-то коло во Првата македонска фудбалска лига. На „Филип Втори“, Работинчки поведе со голот на Фернадо од пенал уште во 5-та минута
Истиот играч во 71-та минута поради вторито жолт картон беше исклучен. Шкендија со играч повеќе ирамни во 84-та минута преку Мустафи. Бурен натпревар одиграа Металург и Напредок, победија гостите со 1:2. Металург натпреварот го заврши со тројца фудбалери помалку одткако во 3, 26 и 35 минута беа исклучени Ејупи, Демири и Богдановиќ. Головите за екипата од Кичево ги постигнаа Михајловски и Најдовски, за Металург од пенал погоди Кралевски. Актуелниот шампион Ренова очекувано го совлада Вардар, мрежата на „црвено-црните“ се тресеше четири пати. Стрелци на головите со кои Ренова освои три бода беа Емини, Нухи, Емрулаи и Исмаили. Брегалнца освои вредни три бода со победата над Тетекс. Стрелец на единствениот гол беше Новаков од пенал. Во Битола, Пелистер го совлада фаворитот Турново со 2:0. Единствениот меч во ова 14-то коло кој заврши без голови се одигра во Кратово, бодовите ги поделија Силекс и Скопје. По 14-то коло на врвот на табелата се Шкендија и Ренова со по 25 бода, Металург и Тетекс имаат по 23, Турново има 22, а Напредок 21 бод. Долниот дел од табелата го предводи работнички со 20 бодови, следуваат Скопје, Силекс и Брегалница кои имаат по 19 бода, на дното се Пелистер со 8 и Вардар со 6 бодови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Работнички испушти предност од два гола против Арсими
Два натпревари во кои немаше победник го отворија 11-то коло во Првата македонска фудбалска лига.
Арсими и Работнички ги поделија бодовите по возбудливо реми во натпревар во кој двата тима постигнаа по два погодоци. Средбата донесе динамична игра, многу возбудувања и четири гола.
Натпреварот започна со офанзивен ритам од двете страни. Во 7-та минута, Бешагиќ и Шефити комбинираа убаво, но ударот на Шефити заврши над пречката. Работнички ја имаше најдобрата шанса во 27. минута преку Кадриу но голманот Ислами одлично интервенираше и ја спаси својата мрежа.
Само три минути подоцна, Арсими возврати со опасен напад, кога Шефити шутираше силно од далечина, но голманот на Работнички повторно беше на висина на задачата. Предноста на романтичарите дојде во 40. Минута, Демир Имери со прецизен удар со десната нога го совлада голманот за 1:0. Само една минута подоцна, по центаршут од десната страна на Имери, Дрлевиќ ја погоди сопствената мрежа и зголеми на 2:0, резултат со кој заврши првото полувреме.
Во вториот дел, Арсими почна многу поагресивно, барајќи го голот на надеж. Во 68. Минута Башким Велиу постигна вистински еврогол од околу 35 метри, намалувајќи на 2:1. Притисокот на домашните продолжи, а во 85. минута по голема мешаница во шеснаесетникот на Работнички, Албан Таипи се снајде најдобро и постигна гол.
Првично, судијата го поништи погодокот поради офсајд, но по консултација со ВАР-системот, голот беше признаен на радост на домашните играчи и публиката.
По ова реми, Арсими стигна до 12 бодови и се наоѓа на осмото место на табелата, продолжувајќи со позитивна серија. Работнички останува на десеттата позиција со само 7 бодови, продолжувајќи ја кризата на резултати.
Во истиот термин нерешено (1:1) заврши и дуелот меѓу Македонија ЃП и Башкими.
Табела:

Извор/ Фудбалска федерација на Македонија
Спорт
Доживотна суспензија за двајца фудбалери на Беса Слупчане, физички го нападнаа голманот на Аеродром
Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека Дисциплинскиот комесар на Трета лига – Север донесе одлука за доживотна суспензија на фудбалерите Орхан Демири и Ердин Арифи од ФК Беса Слупчане, поради физички напад и обид за линч на противнички фудбалер по завршување на натпреварот ФК Беса Слупчане – ФК Аеродром, одигран во рамки на 8. коло од Третата лига – Север.
Домашниот терен на ФК Беса Слупчане се суспендира на 10 (десет) натпревари. Истовремено, ФК Беса согласно дисциплинскиот правилник е должен да плати и парична казна.
Фудбалската федерација на Македонија најостро го осудува секој облик на насилство на фудбалските терени и ќе продолжи со доследна примена на сите дисциплински прописи, со цел заштита на интегритетот на натпреварите и безбедноста на сите учесници во фудбалот.
Ставот на ФФМ е јасен и недвосмислен:
Во фудбалот нема место, ниту милост за оние што се подготвени да тепаат, линчуваат и го нарушуваат угледот на фудбалот.
Извор/ Фудбалска федерација на Македонија
Спорт
Се повреди Педри, ќе отсуствува неколку недели
По поразот од Реал Мадрид, пристигнаа нови лоши вести за Барселона, повреда на мускулот заработил најдобриот играч, Педри.
Каталонските медиуми денес потврдија дека Педри ќе биде отсутен од тимот неколку недели.
Инаку, Педри доби црвен картон во судиското продолжение во Ел Класико, па дефинитивно ќе го припуштеше дуелот со Елче, но поради повредата нема да игра и против Клуб Бриж и Селта на гости, а по репрезентативната пауза, домашниот меч со Атлетик Билбао и гостувањето кај Челзи на „Стемфорд Бриџ“.
Се очекува главната цел на Педри да биде враќање за дербито со Атлетико Мадрид, кој гостува кај Барселона на 2 декември.
Ова дефинитивно е најлошата можна вест во најлошото можно време, бидејќи Рафиња, Дани Олмо, Роберт Левандовски, Гави и Џоан извесно време се отсутни поради повреди.
Во отсуство на Педри и Гави, се очекува Марк Касадо да го заземе стартното место покрај Френки де Јонг.

