Uncategorized
Започна Светското првенство во фудбал
Германија ја совлада Костарика со 4-2 во премиерниот натпревар со кој вечерва на “Алијанц арената“ во Минхен започна осумнаесеттото Светско првенство во фудбал.
Германија ја совлада Костарика со 4-2 во премиерниот натпревар со кој вечерва на “Алијанц арената“ во Минхен започна осумнаесеттото Светско првенство во фудбал.
Домаќинот на Мундијалот сосема заслужено стигна до првата победа во групата “А“ со головите на Лам (6 минута), Клозе (17, 61) и Фрингс (87). Двоен стрелец за репрезентацијата на Колумбија беше Ванчоп (12, 73 минута).
Првиот натпреварувачки ден, вечерва го заокружуват Полска и Еквадор, на стадионот во Гелзенкирхен.
На најголемиот спортски настан годинава што ќе се трае цел месец, во 12 градови во Германија, учествуваат 32 репрезентации, во чии состави се вкупно 736 фудбалери.
Титулата светски првак ја брани Бразил, а на Мундијалот дебитираат шест држави, од кои четири африкански – Брегот на Слоновата коска, Того, Гана, Ангола, како и Украина и Тринидад и Тобаго.
Најмногу претставници на Мундијалот што по пауза од 32 години повторно се одржува во Германија, има од Европа – 14, Африка – 5, Јужна Америка, Азија и Конкакаф по 4, и Океанија -1.
Германија очекува да привлече 4,22 милиони обожаватели на фудбалската магија од целиот свет. Најбројни, според извештаите, се англиските навивачи кои во Германија веќе ги има околу еден милион. Втората по големина експедиција ќе ја сочинуваат Полјаците со околу 300,000.
За 62-та натпревари и финалето, на 9 јули во Берлин, организаторот во оптек пушти вкупно 3,071,000 влезници од кои пред почетокот беа продадени над 90 отсто
Колевката на фудбалот Англија ја предводи Групата
Б
во која се и Шведска, Парагвај и Тринидад и Тобаго.
Во Групата
Ц
се Аргентина, Холандија, Брегот на Слоновата Коска и Србија и Црна Гора.
Мексико е носител на Групата
Д
, во која се Португалија, Иран и Ангола.
Трикратниот светски првак Италија е во групата
Е
со Чешка, САД и Гана.
Актуелниот светски првак Бразил одбраната на титулата ја започнува во Групата
Ф,
против Хрватска, Австралија и Јапонија.
Франција Швајцарија, Јужна Кореја и Того се во групата
Г
, а Шпанија Украина, Тунис и Саудиска Арабија во групата
Х.
Наградниот фонд на Светското првенство изнесува рекордни 190 милиони евра.
Репрезентациите, 16 од нив, кои ќе го напуштат првенственото по првиот круг ќе добијат по 3,79 милиони евра.Поразените во осминафиналето ќе добијат по 5,7 милиони евра, а пласманот во четвртфиналето чини 7,28 милиони евра. Полуфиналето вреди 13,61 милиони евра, поразениот во финалето ќе добие 14,24 милиони евра, а титулата светски првак "тежи" 15,51 милиони евра.
Најмлад фудбалер на Првенството е англискиот напаѓач, Тео Волкот, кој доколку настапи и постигне гол ќе го урне рекордот на Пеле. Својот првенец Бразилецот го постигна со 17 години и 239 дена. Волкот има 17 години и 85 дена.
За безбедноста на светското првенство ќе бидат ангажирани околу 30,000 германски полицајци, на кои ќе им помагаат и над 7,000 припадници на германската војска, како и над 300 полицајци од земјите учеснички.
Со напливот на фудбалските фанови, во Германија, каде проституцијата е легална, се очекуваат и околу 40,000 проститутки од странство, кои ќе бидат конкуренција на околу 400,000 домашни проститутки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Стравична несреќа на автопатот Скопје–Куманово: Две возила целосно изгореа по судир, еден тешко повреден
Синоќа на автопатот Скопје – Куманово, пред клучката за обиколницата на главниот град, се случила тешка сообраќајна несреќа во која двете возила што се судриле целосно изгореле.
Според информациите од полицијата, судирот се случил помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот А.В. од селото Бујковци, и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка, со неготински таблички, управувано од Љ.Д. (56) од село Брест, штипско.
По ударот, двете возила се запалиле и целосно изгореле. Во несреќата, возачот на патничкото возило се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.
На местото на несреќата излегла увидна екипа.
Фото: илустрација (depositphotos)
Uncategorized
Бајден: Знаеме кои сме, време е да му го покажеме тоа на светот и на самите себе
Џо Бајден им се придружи на американските претседатели од редовите на Демократската партија во осудата на смртоносната пукотница во Минеаполис. Коментирајќи ја веста дека федералните агенти го убиле 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети, Бајден рече дека чинот претставува „предавство на најосновните вредности на Американците“.
Во изјавата во која се повикува на уставното право на правична постапка, Бајден рече: „Ние не сме земја што пука во своите граѓани на улица. Ние не сме земја што дозволува бруталност врз граѓаните за остварување на нивните уставни права. Ние не сме земја што го гази Четвртиот амандман и толерира тероризирање на нашите соседи“.
„Луѓето од Минесота нè потсетија на сè што значи да се биде Американец, а тие веќе претрпеа премногу под оваа администрација. Насилството и теророт немаат место во САД, особено кога нивната сопствена влада ги таргетира американските граѓани“, додаде тој.
Во малку прикриена критика кон Доналд Трамп, чија администрација се соочува со растечки критики за тактиките за имиграција, Бајден истакна: „Никој не може да го уништи она за што се залага и во што верува Америка, дури ни претседателот, ако ние, целата Америка, се заложиме и проговориме“.
„Знаеме кои сме. Време е да го покажеме тоа на светот. Уште поважно, време е да го покажеме и на самите себе“, истакна тој. Тој повика на „целосни, фер и транспарентни“ истраги за „бесмислените“ убиства на Прети и Рене Гуд.
Изјавата на Бајден следува по осудите што ги упатија претходно Барак Обама и Бил Клинтон. И двајцата ги повикаа Американците да проговорат и предупредија дека основните американски вредности се нападнати по засилената репресија на администрацијата на Трамп против имиграцијата во Минеаполис.
По напуштањето на функцијата, Бајден претежно се држеше подалеку од јавноста. Тој моментално се лекува од рак на простата и е ангажиран во пишување мемоари и развивање на претседателската библиотека.
Неговите изјави доаѓаат во време кога многу демократи се незадоволни од неговата одлука да остане претседателски кандидат на партијата долго време во текот на изборниот циклус во 2024 година, потег што критичарите го оценија како ослабување на моментумот на партијата.
Бајден на крајот ѝ ја отстапи номинацијата на потпретседателката Камала Харис, која Трамп ја победи и освои втор мандат во Белата куќа.
Uncategorized
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.

