Uncategorized
Дваесет години од „Тајната вечера“ на Александар Станковски во „Галерија 7“
Во среда, 8 јули, со почеток од 21 часот, во „Галерија 7“ во Старата скопска чаршија, ќе се одржи перформансот „Јавна вечера по повод Тајната вечера“ со Александар Станковски, во организација на Фестивалот за современи уметности АКТО_4
„Тајната вечера“ на Станковски на кое учествувале уметниците од групацијата „ЗЕРО“ (формирана во доцните 80-ти во „Галерија 7“), е инспирација за тимот на АКТО и заедно со кураторката Сузана Милевска го организираат перформансот „ХНУ“ (Храна, Наука, Уметност), како најава за овогодинешната тема на АКТО – „Поколенија“. На Станковски и членовите на „ЗЕРО“ во контекст на „Јавна вечера по повод Тајната вечера“ (1990-2009) ќе им се придружат младите современи уметници. По саботниот настан во Музејот на град Скопје, АКТО во „Галерија 7“ продолжува со претставувањето на четвртото издание на фестивалот, што оваа година ќе се одржува од 12 до 16 август во Битола.Наcтаните на фестивалот во Битола ќе се одвиваат на покриви, во напуштени објекти: хотели, стари куќи, згради, автобуската станица, Офицерскиот дом и други локации кои ги поврзуваат различните генерации низ времето.Во овогодинешното издание, АКТО ја воведува акцијата „Берза на уметнички проекти“, каде може да се пријават сите зaинтересирани уметници. На темата „Идеален проект“ сите заитересирани артисти од Република Македонија се охрабруваат да ги испратат скиците на своите дела, со намера истите да бидат презентирани за време на фестивалот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Најмалку 10 лица загинаа во пожар во Шпанија
Најмалку 10 лица загинаа во пожар во дом за стари лица во североисточна Шпанија.
Пожарот избувна рано утринава во домот „Вила Франко де Ебро“, во близина на Сарагоса.
Причината сѐ уште не е позната.
Uncategorized
Филипче: Само за камати за унгарскиот кредит годишно ќе се платат 18 милиони евра
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција во одговор на новинарско прашање, посочи дека каматите за кредитот од Унгарија на годишно ниво ќе изнесуваат околу 18 милиони евра. Филипче порача дека граѓаните ниту се должни ниту имаат некаков бенефит од плаќање на камати за овој кредит. При тоа, Филипче потенцираше дека повлекувањето на парите од унгарскиот кредит, отвора сериозно загрижувачки прашања, односно дека ниту општините се подготвени да ги искористат, ниту пак има развиен механизам како ќе се поделат парите на компаниите, а во меѓувреме граѓаните ќе плаќаат камати.
„Годишно каматите за тој кредит ќе изнесуваат околу 18 милиони евра. Тоа значи дека ние веќе плаќаме камати за кредит којшто е целосно повлечен иако можело да се повлекува на пример по делови, а едноставно не може да искористи. Тоа значи дека кога некој граѓанин ќе купи стан или кола, ќе земе кредит, а станот или колата ќе му дојдат следната година. Тоа нема никаква домаќинска логика. Не знам зошто премиерот и Владата вака недомаќински се однесуваат со ресурсите на државата и со парите на граѓаните. За да се направат проекти, за да се реализираат и за да се стигне до наплата треба сериозен број на месеци, а ние имаме најмалку шест месеци период во којшто граѓаните плаќаат камати без никаква потреба“, рече Филипче.
Во однос на механизмот за поделба на парите кон компаниите, Филипче потенцираше дека Владата и за овој дел нема план и дека очекувано ќе биде комерцијалните банки за своите трошоци да ја зголемат каматната стапка.
„Не станува збор очигледно за така поволен кредит како што Владата сакаше да го рекламира на почетокот. Моите информации се дека има компании коишто се добро рангирани кои од нашите банки земаат кредит со каматна стапка под 3%. Тоа значи дека има многу поповолни кредитни линии за компаниите. Зошто граѓаните да плаќаат камати и да враќаат кредити за развој на некои компании. Каков бенефит ќе имаат граѓаните кога ќе плаќаат кредити за развој на некои комерцијални компании? Зошто не беше премиерот и Владата фер да кажат дека каматата нема да биде само 3,25%, туку дека ќе биде многу повеќе, а сега во овој временски период и значајно повеќе од тоа што реално може да се најдат пари на пазарот и преку комерцијалните банки“, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Uncategorized
Русија изврши напад врз Украина со крстосувачки ракети и беспилотни летала напаѓајќи го Киев
Во текот на ноќта и утринава Русија ја нападна Украина со стратешки бомбардери, крстосувачки ракети од различен тип и наведувани воздушни бомби, а нешто подоцна следуваше и самоубиствен напад со беспилотно летало, соопштија украинските власти.
Според податоците на украинските воздухопловни сили, шест авиони „ту-95 мс“ полетале за Украина, пренесува „Укринформ“.
Одбранбените сили на Украина на „Телеграм“ објавија дека до 10 часот денеска собориле два крстосувачки ракети „Х-101“, кои биле лансирани од областа на Каспиското Море, како и две балистички ракети „Искандер-М/КН-23“ лансирани од Воронежскиот регион во Русија.