Uncategorized
Чеченците бараат преговори
Чеченската страна ќе бара преговори со Москва за окончување на долгогодишните судири во таа руска република, пренесуваат агенциите.
Чеченската страна ќе бара преговори со Москва за окончување на долгогодишните судири во таа руска република, пренесуваат агенциите.
“Апсолутно сме убедени дека овој судир не може да биде решен по пат на сила“, изјави денеска политичкиот претставник на чеченските екстремисти и министер за надворешни работи на самопрогласената чеченска влада, Ахмед Закаев.
Тој најави “манифест“ за мир во Чеченија, што планира да го објави оваа неделава, кога во Санкт Петерсбург треба да се одржи самитот на осумте најразвиени индустриски земји – Г8.
Во нацрт манифестот се повикува на “безусловни преговори“ со Русија и се “осудува секој облик на насилство против цивилно население, вклучувајќи и терористички напади“.
Според Закаев, двете страни, порано или подоцна, ќе мораат да се спогодат, “да ги решат политичките прашања и да го окончаат судирот со политички средства“
Таквата опција рускиот претседател Владимир Путин недвосмислено ја отфрли во повеќе наврати, наведувајќи дека не може да се преговара со терористи.
Агенциите наведуваат дека умереното чеченско крило кое се дистанцираше од терористичките напади, предводено од Закаев, со повикот за преговори настојува да ја придобие меѓународната јавност, додека Русија, пак, ги зајакнува дипломатските напори да издејствува екстрадиција на Закаев кој од 2003 година е во азил во Велика Британија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дел од Гази Баба без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на ул.Панче Пешов бр.1,3,5и7 ( општина Гази Баба ).
Uncategorized
Германија подготвува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти полицијата
Германија подготвува список на бункери кои би можеле да обезбедат итно засолниште за цивили, соопшти германското МВР.
Ќе се состави дигитална листа на бункери и засолништа за итни случаи за луѓето да можат брзо да ги најдат со помош на апликација за телефон.
Апликацијата е планирана да им овозможи на граѓаните да најдат засолниште за итни случаи на места како што се подземни железнички станици и паркинзи, јавни и приватни згради, објави Гардијан.
Uncategorized
Меркел за Би-Би-Си: Војната ќе почнеше уште порано ако не го блокиравме пристапот на Украина во НАТО во 2008 година
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави за Би-Би-Си дека војната во Украина би започнала порано доколку таа не го блокирала влезот на земјата во НАТО во 2008 година.
Ангела Меркел беше на чело на Германија 16 години, во кои се случи финансиската криза, мигрантската криза од 2015 година и руската инвазија на Украина во 2014 година.
Меркел за време на интервјуто тврдеше дека војната во Украина би започнала порано и веројатно би била полоша доколку Киев го започнал процесот за влез во НАТО во 2008 година.
„Ќе гледавме воен конфликт и порано. Апсолутно ми беше јасно дека претседателот Путин нема мирно да гледа како Украина се приклучува на НАТО. И тогаш Украина како земја сигурно не беше подготвена како што беше во февруари 2022 година“, изјави таа за Би-Би-Си.
Меркел признава дека дипломатските обиди за задржување на руските напади врз Украина не успеале, но инсистира дека тогашната политика била во согласност со европските цели во тоа време.
Покрај тоа, таа ги брани своите одлуки за време на мигрантската криза во 2015 година, што според некои ја направи морален лидер, додека други ја обвинија за зајакнување на екстремната десница.