Uncategorized
Компензации за жртви од испитувањата во Студената војна
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/84ecf311-70b5-4927-b9ad-012708efc02e-4040.jpeg)
Поранешни британски регрути, врз кои биле извршување тестови за хемиски оружја за време на Студената војна, добија компензација од вкупно три милиони фунти и извинување од владата.
Поранешни британски регрути, врз кои биле извршување тестови за хемиски оружја за време на Студената војна, добија компензација од вкупно три милиони фунти и извинување од владата.
Околу 360 поранешни војници, кои се уште се живи, биле објекти на тестирање во воен објект за хемиско оружје во Портон Даун.
Министерството за одбрана соопшти дека секоја од жртвите ќе добие околу осум илјади фунти. Војниците, во 50-те и 60-те години биле подложувани на гас кој влијаел врз нервниот систем, за што тие не биле информирани.
/макфакс/Copyright 2008 makfax.
Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Uncategorized
СДСМ: Ние сме единствената партија во која што членството бира претседател на директни внатрепартиски избори што говори за демократскиот капацитет
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/43.jpg)
Попладнево се одржа седница на Централниот одбор на СДСМ.
На седницата, Централниот одбор оцени дека со погрешните политики на актуелната власт на ВМРО-ДПМНЕ животниот стандард на граѓаните со месеци се влошува, граѓаните имаат се помалку пари додека платите стагнираат.
„Власта покажува голема неспособност, нема одговор за покачувањето на цените, за осум месеци не понуди ниту една успешна економска мерка додека во здравството се случува хаос и недостаток на лекови, образованието уназадува и генерално земјата се движи во погрешна насока. СДСМ останува посветена на борбата за подобар животен стандард. Како одговорна партија СДСМ ќе понуди пакет на законски решенија за заштита и подобрување на животниот стандард на граѓаните. Согласно Статутарните одредби, Централниот одбор донесе Одлука за распишување на директни внатрепартиски избори за избор на Претседател на СДСМ кои ќе се одржат на 16 март 2025 година“, велат од Централниот одбор на СДСМ.
Воедно Централниот одбор избра нов состав на Централна изборна комисија на СДСМ и го усвои Правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор на Претседател на партијата.
„СДСМ е единствената партија во земјата во која што членството бира претседател на директни внатрепартиски избори што говори за демократскиот капацитет и на партијата и на членовите. На оваа седница Централниот одбор го одобри и планот за интензивни теренски активности кои ќе започнат овој месец, на средби со членовите и граѓаните ширум земјата. Паралелно ќе течат и подготовките за локалните избори оваа година“, рекоа оттаму.
Uncategorized
Опљачкана аптека на Бит-пазар
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/Bit-pazar.jpg)
Утрово во СВР Скопје било пријавено дека во текот на ноќта била опљачкана аптека на Бит-пазар. Полицијата направи увид.
„Денеска во 08.15 било пријавено дека во текот на ноќта со употреба на сила и погоден алат било влезено во аптека на подрачјето на Бит Пазар и биле одземени пари од касата. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, извести полицијата.
Uncategorized
„Вреди“: Историска инвестиција за општините, 15 милијарди денари за капитални проекти
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/DSC_7280_1.jpg)
Со големо задоволство го најавуваме почетокот на постапката за објавување на вториот јавен повик за финансирање капитални проекти во нашите општини, со фонд од 15 милијарди денари. Оваа важна инвестиција има за цел значително да го подобри квалитетот на животот на граѓаните преку изградба на училишта, градинки, паркови, како и подобрување на водоводната и канализационата инфраструктура, велат од „коалицијата Вреди“.
Овој чекор според нив, е доказ за посветеноста на Владата на „Вреди“ за правичен развој и за справување со виталните потреби на општините, решавање на предизвиците со кои граѓаните се соочуваат со децении.
Ова, како што додаваат, е најголемата поддршка досега од централната власт за локалната самоуправа и за поправедно и поефикасно владеење на локално ниво.
На првиот јавен повик, појаснуваат од коалицијата, имаше 78 општини со 288 проекти вредни над 73 милиони евра, додека сега со овој втор повик општините ќе имаат можност да добијат уште повеќе инвестиции за нивниот развој.
Коалицијата нагласуваат, ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи кои носат конкретни подобрувања во животот на граѓаните и ги повикува сите општини да аплицираат за придобивки од овој историски фонд.