Uncategorized
Шест лица од екс Југославија планирале напад врз воена база во САД
Шест лица од поранешна Југославија се уапсени во САД под сомнение дека подготвувале вооружен напад врз Форт Дикс, воена база во американската држава Њу Џерси.
Шест лица од поранешна Југославија се уапсени во САД под сомнение дека подготвувале вооружен напад врз Форт Дикс, воена база во американската држава Њу Џерси.
Според првичните информации објавени на Си-Ен-Ен, ФБИ и Државната полиција на Њу Џерси кај уапсените пронашле аудио и видео снимки на подготовките за нападот, чија цел требало да бидат американските војници што таму ги изведуваат вежбите.
Телевизијата Си-Би-Ес јавува дека апсењата се случиле синоќа, а шестмината потенцијални напаѓачи се „родум од поранешна Југославија“.
Напаѓачите, според полициски извори, се опишани како „домашна ќелија“ која нема врска со Ал Каеда. Полицијата ги уапсила откако се обиделе да набават автоматски пушки АК-47 кај еден од локалните трговци со оружјето. Трговецот ја информирал ФБИ за целата работа, па напаѓачите се фатени при лажната купопродажба.
Весникот „ Gloucester Couty Times“ тврди дека шестмината уапсени се Албанци од поранешна Југославија, но етничката припадност на уапсените ќе се знае по вечерашната прес конференција, закажана за 20:30 часот по македонско време.
Базата Форт Дикс денеска се користи како објект на американската војска. Во 1999 година служеше како прифатилиште за албанските бегалци од Косово.
/крај/цнн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дуа Липа ужива во Бразил и објавува фотографии од плажата и градот
Дуа Липа објави фотографии од Бразил за време на паузите од нејзината „Radical Optimism“ турнеја.
За Инстаграм позираше на плажа, на jet-ski и во градот, носејќи минијатурно виолетово бикини, црн и бел фустан. Фотографите претходно ја снимија и на базен на поткровје во луксузен хотел во Рио де Жанеиро, во црно-жолто бикини.
View this post on Instagram
Uncategorized
Европол разби група платеници ангажирани за киднапирање водач на албанска мрежа за трговија со дрога
Европол вчера поддржа голема операција предводена од Германија, насочена кон група платеници ангажирани од криминална мрежа за киднапирање на водачот на соперничка банда за трговија со дрога.
Агенциите за спроведување на законот од Данска, Франција, Латвија и од Обединетото Кралство учествуваа во операцијата.
Координираната акција се фокусира на латвиски државјани, од кои некои беа активни во Француската легија на странци.
„Овие високообучени лица беа опремени со професионална опрема и дејствуваа во име на организирана криминална група. Ним им беше доверено киднапирањето на водачот на албанската мрежа за трговија со дрога, кој е осомничен за оркестрирање на кражбата на неколку тони канабис во вредност од милиони евра“, се вели во соопштението на Европол.
На денот на акцијата четири лица беа уапсени во Данска, Франција, Латвија и во Обединетото Кралство, а две во Германија.
„Европол одигра клучна улога со олеснување на размената на информации, обезбедување оперативна координација и обезбедување аналитичка поддршка. На денот на акцијата Европол распореди експерти во Ница за да ги олесни размената на информации во реално време и вкрстената проверка на оперативните информации во базите на податоци на Европол обезбедувајќи директни траги до истражителите на терен“, соопшти Европол.
Европол додава дека оваа операција е поврзана со феноменот насилство како услуга, во кој сторителите ги нудат своите услуги за извршување насилни дела во име на други криминални организации. Во овој конкретен случај високообучени експерти се ангажирани од организирани криминални групи за извршување насилни дела. Овој начин на дејствување се открива сè повеќе во разни операции поврзани со сериозен и организиран криминал.
Неколку осомничени во овој случај се поранешни војници на Француската легија на странци. Европол наведува дека ова претставува алармантен тренд што произлегува од војната во Украина.
„Борбено обучените поранешни војници, кои се враќаат од фронтот, би можеле да ги користат своите вештини за организиран криминал претставувајќи потенцијална закана. Како што војната во Украина продолжува и потенцијално се интензивира по нејзиното завршување, Европа би можела да се соочи со зголемен број на овие високообучени лица вклучени во криминални активности“, соопшти Европол.
Uncategorized
Тони Китановски, Баба Сисоко и диџеј Гоце САФ со албум снимен на три континенти
Концертна промоција на албумот „Afro Gitano“: Албум снимен на три континенти што нуди музичко патување без граници. Тони Китановски, Баба Сисоко и диџеј Гоце САФ сабота, 8 ноември, PUBLIC ROOM (во рамки на Skopje Design Week)
Во сабота, на 8 ноември, во Јавна соба, како дел од програмата на Skopje Design Week, македонската публика ќе има ретка можност да ја доживее концертната промоција на албумот „Afro Gitano“ ,заеднички проект на Тони Китановски, легендарниот Баба Сисоко од Мали и диџеј Гоце САФ.
Овој необичен спој на африкански ритми, балканска душа и урбан електронски грув претставува автентично музичко патување што ги руши границите меѓу жанровите и континентите. Китановски вели дека „Afro Gitano е музика што се движи како реката, како луѓето, како слободата“.
Албумот, снимен во време на пандемијата на три континенти и во шест земји, ја носи енергијата на спонтаноста и заедништвото. „Едноставно ќе пролета идеја што ни се чини добра, и тројцата се нафрламе на неа како мала глутница“, раскажува Китановски, откривајќи ја суштината на нивната уметничка хемија.
Африка, Балканот и урбаната сцена во едно
За Баба Сисоко, кого Китановски го опишува како „музичар од највисок ранг и гриот кој со музиката придонесува за мирот на земјата“, оваа соработка претставува спој на духовноста на западноафриканската традиција и џез-импровизацијата.
Во проектот се вклучува и диџеј Гоце САФ, кој со својата хип-хоп енергија внесува современа урбана димензија: „Џезот и хип-хопот се од иста мајка,“ вели Китановски, додавајќи дека триото создава „компактна единица во која секој ја задржува својата музичка суштина, а заедно пловиме беспрекорно.“


Музика што ја почитува традицијата и ја прегрнува слободата
Во „Afro Gitano“, Китановски ја продолжува својата долгогодишна мисија – да создава музика што е истовремено прастара и современа, длабоко вкоренета и бескрајно слободна. „Музиката е секогаш онолку добра колку што е блиска до коренот,“ вели тој, нагласувајќи дека искреноста кон себеси е единствениот пат до автентичност.
Албумот го издава лондонска издавачка куќа, а како што посочува Китановски, „само оригиналноста може да ја отвори портата кон светот.“
Настан што обединува музика, уметност и дизајн
Настапот е дел од Skopje Design Week – платформа што ги поврзува различните уметнички дисциплини. „Музиката е дизајн од невидливи треперења во воздухот и со тоа природно се вклопува во настанот,“ додава Китановски.
Публиката може да очекува концерт исполнет со ритам, импровизација и слобода. „Сакам да си поминат убаво, да се изнаиграат без да им биде гајле за другите околу нив, и секој да си пее различна песна од нашиот репертоар на пат за дома – само тогаш ќе знам дека албумот е навистина добар,“ вели Китановски.

