Uncategorized
Биографија на Борис Елцин
Првиот претседател на Русија Борис Елцин денеска ненадејно почина во 77.година, соопшти Кремљ.
Првиот претседател на Русија Борис Елцин денеска ненадејно почина во 77.година, соопшти Кремљ.
Елцин беше на местото претседател од 1991 година до 31.декември 1999 година кога поднесе оставка и на местото вршител на должноста претседател го именуваше сегашниот шеф на држава Владимир Путин.
Борис Елцин е роден на 1.февруари 1931 година во селото Бутка, кај Јектерингбург, бивш Свердловск, на Урал. Завршил политехнички институт во Свердловск, каде ја започна и партиската кариера.
По преселување во Москва, дојде на чело на одделението за изградба на Централниот комитет КПСС, стана секретар на ЦК, а потоа во 1985 година и прв секретар на Московското градско партиско одделение.
За тоа време, брзо стана популарен не само меѓу Московјаните, туку и ширум Русија. Во 1987 година тој беше сменет од партиските функции, а се врати во високата политика дури во март, 1989 година, кога беше избран за народен депутат на СССР.
Во 1990 година, за прв пат беше избран за претседател на Врховниот совет на РСФСР. Истата година истапи од партијата, а во јуни 1991 година, на општите избори е избран за прв претседател на Руската федерација.
Во август 1991 година, во време на обид за државен преврат, Елцин застана на чело на демократските сили, а во септември го потпиша указот за забрана на Комунистичката партија.
Во тој период, во светот, неговото име се поврзуваше со преминот на државата во пазарен демократски систем.
Во декември 1991 година, Елцин, заедно со лидерите на Украина и на Белорусија, потпиша спогодба за создавање заедница на независни држави, што доведе до распад на Советскиот сојуз.
Во септември 1993 година го потпиша указот за распуштање на Сојузот на народни пратеници и Врховниот совет на Русија, и за одржување на изборот за нов орган на власта – федерално собрание, што доведе до нови судири во општеството, меѓу комунистите и демократите.
Со Елцин е поврзана и војната во Чеченија бидејќи по неговиот указ, во 1994 година беше упатена федералната војска во таа република.
Во јули 1996 година, Елцин повторно беше избран за руски претседател, добивајќи речиси 54 проценти од гласовите на бирачите.
Во ноември истата година, по неколку срцеви удари, му беше извршена операција на срце, но од јануари 1999 година, боледуваше од опасни здравствени кризи речиси секој месец.
Неочекувано, на 31.декември 1999 година, објави во телевизиско обраќање до нацијата, дека поднесува оставка на местото претседател и го именуваше тогашниот премиер Владимир Путин за вршител на должноста.
Автор е на книгите “Исповед на дадена тема”, “Записи на претседателот” и “Претседателски маратон”. Оженет беше, со две ќерки, шест внуци и две правнучиња.
/крај/бе/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Стравична несреќа на автопатот Скопје–Куманово: Две возила целосно изгореа по судир, еден тешко повреден
Синоќа на автопатот Скопје – Куманово, пред клучката за обиколницата на главниот град, се случила тешка сообраќајна несреќа во која двете возила што се судриле целосно изгореле.
Според информациите од полицијата, судирот се случил помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот А.В. од селото Бујковци, и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка, со неготински таблички, управувано од Љ.Д. (56) од село Брест, штипско.
По ударот, двете возила се запалиле и целосно изгореле. Во несреќата, возачот на патничкото возило се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.
На местото на несреќата излегла увидна екипа.
Фото: илустрација (depositphotos)
Uncategorized
Бајден: Знаеме кои сме, време е да му го покажеме тоа на светот и на самите себе
Џо Бајден им се придружи на американските претседатели од редовите на Демократската партија во осудата на смртоносната пукотница во Минеаполис. Коментирајќи ја веста дека федералните агенти го убиле 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети, Бајден рече дека чинот претставува „предавство на најосновните вредности на Американците“.
Во изјавата во која се повикува на уставното право на правична постапка, Бајден рече: „Ние не сме земја што пука во своите граѓани на улица. Ние не сме земја што дозволува бруталност врз граѓаните за остварување на нивните уставни права. Ние не сме земја што го гази Четвртиот амандман и толерира тероризирање на нашите соседи“.
„Луѓето од Минесота нè потсетија на сè што значи да се биде Американец, а тие веќе претрпеа премногу под оваа администрација. Насилството и теророт немаат место во САД, особено кога нивната сопствена влада ги таргетира американските граѓани“, додаде тој.
Во малку прикриена критика кон Доналд Трамп, чија администрација се соочува со растечки критики за тактиките за имиграција, Бајден истакна: „Никој не може да го уништи она за што се залага и во што верува Америка, дури ни претседателот, ако ние, целата Америка, се заложиме и проговориме“.
„Знаеме кои сме. Време е да го покажеме тоа на светот. Уште поважно, време е да го покажеме и на самите себе“, истакна тој. Тој повика на „целосни, фер и транспарентни“ истраги за „бесмислените“ убиства на Прети и Рене Гуд.
Изјавата на Бајден следува по осудите што ги упатија претходно Барак Обама и Бил Клинтон. И двајцата ги повикаа Американците да проговорат и предупредија дека основните американски вредности се нападнати по засилената репресија на администрацијата на Трамп против имиграцијата во Минеаполис.
По напуштањето на функцијата, Бајден претежно се држеше подалеку од јавноста. Тој моментално се лекува од рак на простата и е ангажиран во пишување мемоари и развивање на претседателската библиотека.
Неговите изјави доаѓаат во време кога многу демократи се незадоволни од неговата одлука да остане претседателски кандидат на партијата долго време во текот на изборниот циклус во 2024 година, потег што критичарите го оценија како ослабување на моментумот на партијата.
Бајден на крајот ѝ ја отстапи номинацијата на потпретседателката Камала Харис, која Трамп ја победи и освои втор мандат во Белата куќа.
Uncategorized
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.

