Европа
Украина „згрозена“ од изјавата на Бан за Русија

Владата во Киев е згрозена од изјавата на генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун за клучната улога којашто Русија може да ја игра во запирањето на судирите и не верува дека тој има веќе каков и да е морален авторитет, изјави во четвртокот вечерта украинскиот амбасадор во светската организација.
Текстот од говорот на Бан Ки-мун, на кој реагираше украинскиот амбасадор беше споделен о службата за односи со јавноста на ОН, а по неколку часа беше испратена исправена верзија во којашто се наведува „Русија, како земја коосновач на ОН и постојана членка на Советот за безбедност, игра многу важна улога, и ја навистина сериозно сметам на лидерството на Руската Федерација“, се вели во соопштението.
Украинскиот претставник Володимир Јелченко за новинарите изјави дека Украина подоцна ќе испрати протесна нота.
По повод отворањето на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург (СПИЕФ), Бан истакна дека Русија има „пресудна улог во завршувањето на судирите во Украина и во Сирија, заштитата на човековите права и контролата на ширењето на оружјето за масовно уништување“.
„Таквата изјава силно не згрози“, изјави украинскиот амбасадор. Оцени дека Бан со тоа „го загуби секое морално право да посредува“ во судирот во источна Украина.
Додаде дека „не разбира како ОН може да ја фали улогата на Русија“. Според него, Москва е „главниот виновник за агресијата на Украина и натаму го поткрепува тој судир“.
Притоа наведе наводно повреди на човековите права на Крим, и оти таму „го развива својот нуклеарен потенцијал“.
Црноморскиот полуостров со мнозинско руско и русофоно население кое по превратот во Киев кога на власт дојдоа прозападните сили, на референдум си ја поврати автономијата укината во 1990-те со осамостојувањето на Украина од поранешниот Советски сојуз и се присоедини на Руската Федерација. Киев, САД и ЕУ тоа го сметаат за руска анексија на украинска територија.
Украинскиот постојан претставник во ОН рече дека со Бан Ки-мун ќе разговара по неговото враќање од актуелната турнеја по Европа.
Портпаролот на ОН, Стефан Дужарик, ја отфрли оваа критика од Киев. „Нема да ја менуваме изјавата. Ги повикуваме сите во целост да ја прочитаат изјавата“ на Бан, порача./крај/мф/сн
Извор: AFP/РИА Новости
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин