Македонија
Групно затворањето на училиштата засега нема
Групно затварање на училиштата поради новиот грип сеуште нема да има но ќе се постапува индивидуално за секое училиште одделно
Групно затварање на училиштата поради новиот грип сеуште нема да има но ќе се постапува индивидуално за секое училиште одделно со што не е исклучено затворање на некои од нив.
Ова во вторник го изјави министерот за здравство Бујар Османи по средбата со директорката на Европскиот центар за контрола на болестите(ЕЦДЦ) и нов директор на Светската здравствена организација за Европа(СЗО), Сузана Јакаб.
Двајцата констатираа дека Македонија останува посветена на предизвикот да се справи со пандемијата на новиот грип и во таа насока ги презема сите мерки што се во согласност со европските стандарди.
Како што знаете во ЕУ веќе не се бројат заразените, туку тешко заболените и смртните случаи. Иако бројките во вашата земја се сеуште мали, неопходно е навремено да се преземат сите мерки за да се запре ширењето на грипот. Македонија има план за справување со пандемски заболувања и истиот е одобрен, препорачан и ажуриран согласно стандардите на ЕУ- рече Јакаб по средбата.
Министерот и новиот директор на СЗО се согласија дека мерките треба да бидат пред се во насока на одржување на лична и јавна хигиена, потоа мерки што се преземаат во болниците, како и во поглед на фармацевтските и антивирусните средства што треба да го спречат ширењето на грипот.
Министерот рече дека доцнењето на вакцините против грипот АХ1Н1 не е по нивна вина, туку поради бавното производство и се очекува првите вакцини да стигнат до крајот на месецов.
Инаку во последните 24 часа се регистрирани 13 нови случаи на заболени од новиот грип.Најмногу -20 се од средното угостителско училиште Лазар Танев од Скопје, а останатите се од повеќе средни и основни училишта во Скопје.
Во средните училишта Раде Јовчевски Корчагин, Васил Главинов, Браќа Миладиновци, Марија Кири Склодовска и Кочо Рацин регистрирани се по еден случај, и во Георги Димитров- два случаи. Случаи на заболени ученици има и во неколку основни училишта- Партение Зографски, Војдан Чернодрински по еден, и Гоце Делчев два случаи.
Вкупниот број на досега регистрирани случаи во Македонија е 107. /крај/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Филипче: СДСМ има решение за 600 евра плата, помалку луксуз – поголеми плати за работниците
Стандардот на работниците практично е срозен изминатите две години. Соочени сме со ситуација во којашто владата на ВМРО и ЗНАМ ништо не направија за да платите имаат континуиран соодветен раст, за да може луѓето да излезат и да врзат крај со крај до крајот на месецот во услови кога цените неконтролирано растат, кога синдикалната кошничка надминува 66.000 денари, само за храна и пијалоци е потребно повеќе од третина, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Според него, барањето на протестот на Сојузот на синдикати за минимална плата е сосема на место, соодветно и се темели на реални потреби на работниците.
„Затоа го поднесовме законот за 600 евра минимална плата. По вторпат го поднесуваме законот, првиот пат беше на крајот на 2024-та година, тогаш власта го одби и тука на површина излегува континуитетот на нашите политики“, рече Филипче.
„Ќе го кажам и нашиот предлог како да се стигне до парите кои што се потребни за да се зголеми минималната плата и со тоа да се обезбеди достоинствен живот на работниците. Значи според законот којшто го поднесовме нашата пресметка затоа се потребни 7,5 милијарди денари, односно 120 милиони евра. Вкупните буџетски расходи за 2026 година се планирани на рекордни 365,5 милијарди денари, што е историски највисоко ниво. А имајќи предвид дека не се прави ништо за доброто на работниците, очигледно е дека огромниот процент од овие пари ќе оди за комоција на власта и ништо друго. И за партизирање на администрацијата, односно вработување со договор на дело на партиски војници кои што секојдневно го гледаме во министерствата. Првата ставка категорија 42 од Буџетот, стоки и каде што се планирани 27,5 милијарди денари. И тука влегуваат патни дневни расходи тука влегуваат договорни услуги, репрезентации, ручеци, нови коли, мебел, комфор за функционерите од власта. Ако се скрати помеѓу 20-30 % од оваа категориј,а се стигнува до сума на пари од 5,5-8 милијарди денари односно 90 до 130 милиони евра. И веќе тука се задоволуваат потребите за зголемување на платите на работниците“, рече Филипче.
Понатаму, додаде тој, имајќи предвид дека со формираа нови министерства, дека тука кабинети се опремуваат се вработуваат повторно по партиски клуч луѓе, имаме категорија 46 – субвенции трансфери, ставка 464 разни трансфери којашто е тешка 22 милијарди денари од кои што со 20-тина проценти да се обезбедат кратење, да се обезбедат дополнителни 75 милиони евра.
„Значи, во само две категории 46 и 42 може да се обезбедат помеѓу 130 или 205 милиони евра, сосема доволна сума на пари. Прво да се зголемат платите на работниците до 600 евра и одам чекор понатаму, да се излезе во пресрет на барањето и потребата на приватните компании да се субвенционираат придонесите за празните осигурувања со цел да и приватните компании ги зголемат платите на работниците без да имаат дополнителен терат во плаќање на придонесите. И тоа е нешто што мислам дека е сосем разумно .Мислам дека и на компаниите им е тоа потребно, без да се загрози нивната ликвидност. Со ова практично сметам дека е јасно дека нема простор за изговори. Ако владата сака тогаш ова кратење може да се направи само во овие две ставки на Буџетот. Нека дадат предлог за ребаланс веднаш ќе го поддржиме во Собранието. Не може да се планира пари само за луксузирање, за патување, а да нема пари за основните потреби на работниците.“, појасни Филипче.
Македонија
62-годишен маж од Тетово починал по компликации од грип, соопшти ИЈЗ
Минатата недела во периодот од 26 јануари до 1 февруари во Македонија е регистриран уште еден случај на починато лице по компликации од грип, соопшти Институтот за јавно здравје во неделниот извештај.
Лицето било хоспитализирано на инфективното одделение во Клиничката болница Тетово. Кај починатото лице било утврдено присуство на коморбидитети и не било вакцинирано со вакцина против сезонски грип. Лабораториски е потврдена Influenza А(H3), соопштија од Институтот.
Инаку во периодот од 26 јануари до 1 февруари во Македонија биле пријавени 1.498 случаи на групни пријави за заболени од грип или 12,3% помалку во споредба со претходната недела , кога биле 1.708. Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со петтата недела од минатата сезона (3.036) е намален за 50,7%.
„Во однос на возраста, 866 лица се на возраст од 15-64 години, 247 се деца на возраст
од 5-14 години, 224 се лица на возраст над 65 години, 161 – деца на возраст од 0-4 години. Највисока инциденца ) се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години.
Заболените лица се пријавени од Скопје – 473, Прилеп – 146, Струмица – 139, Охрид – 99, Битола – 77, Штип – 70, Тетово – 63, Гевгелија – 61, Куманово – 59, Дебар – 43, Велес 36, а во Радовиш, Кичево, Кавадарци, Струга, Гостивар, Ресен, Неготино, Свети Николе, Кратово, Крушево, Виница, Демир Хисар, Пробиштип, Кочани, Македонски Брод, Пехчево, Валандово, бројот на заболени е помал од 30. Во Берово, Делчево и Крива Паланка нема пријавени заболени лица од грип и заболувања слични на грип. Во Охрид, Дебар, Гевгелија се бележи висока активност, средна активност се регистрира во осум центри, во 14 се бележи сезонска активност, додека во три единици се бележи многу ниска активност на вирусот на грип“, според ИЈЗ.
Македонија
Во следните 15 дена платете го данокот на имот за 2022, 2023, 2024 и 2025 година, апелира Ѓорѓиевски кој веќе блокираше 15.000 сметки за неплатен данок од 2021 година
Близу 20 милиони евра по основ данок на имот за изминатите четири години должат на Град Скопје граѓаните и компаниите. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски откога веќе блокираше 15.000 сметки на граѓани и компании за неплатен данок на имот за 2021 година со вкупен износ од 1,3 милиони евра, е решен да ги наплати наталожените ненаплатени даноци и од останатите години па денес повика граѓаните и фирмите во следните 15 дена да си го платат данокот.
„Апелирам до сите граѓани и компании во наредните 15 дена да ги подмират своите обврски по основ данок на имот за периодот 2022-2025 година. Станува збор за 95.562 физички лица и 2.335 правни субјекти кои вкупно му должат на Градот близу 20 милиони евра по овој основ. Тоа се средства кои ни се од клучно значење за инфраструктурата, јавните услуги и подобрување на квалитетот на живот во нашиот град“, рече градоначалникот Ѓорѓиевски со објаснување дека ред мора да има и оти секој денар уплатен во буџетот на Градот значи повеќе проекти и подобар град за сите.
Ѓорѓиевски се пофали дека за само два месеци тој и неговиот тим успеале да намалат повеќе од 40 милиони евра обврски на Градот и јавните претпријатија, паралелно почнале со, како што рече, „најмногу капитални проекти што овој град кога било во историјата ги видел“, а потсети и дека успеале да донесат буџет од 5,2 милијарди денари кој спореден со минатогодишниот буџет е повисок за 12 %.

