Uncategorized
СЗО бара контрола на млекото пред забрана за увоз
Светскатаздравствена организација (СЗО) побара денеска од националните агенции законтрола на храната да ги тестираат кинеските млечни производи, пред да воведатзабрана за увоз на овие производи.
Светскатаздравствена организација (СЗО) побара денеска од националните агенции законтрола на храната да ги тестираат кинеските млечни производи, пред да воведатзабрана за увоз на овие производи.
Брзата реакција на владите ширум светот беше поради тоа што четири бебињапочинаа во Кина, а неколку десетици илјади заболеа поради млекото во кое ималомеламин.
Повеќе од десет држави во Азија, Африка и Европа го забранија увозот накинеските млечни производи, додека некои од нив ги вратија производите во Кинастравувајќи дека отровното млеко би можело да “влезе“ на нивните пазари.
Портпаролот на СЗО Сари Сетиоги изјави дека е подобро националните служби,најпрвин, да ги испитаат производите што се увезуваат од Кина пред да решат даги забранат.
/крај/бе/ис
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати илиемитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Гаши на средба со амбасадорот на Австралија: Разговарано за билатералните односи меѓу двете земји
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, се сретна со Даниел Џозеф Емери, амбасадор на Австралија за Република Северна Македонија (со седиште во Белград, Република Србија).
На средбата се разговараше за билатералните односи меѓу двете земји, а Гаши го запозна амбасадорот и со чекорите на Северна Македонија во насока на остварување на своите стратешки цели за што во континуитет имаме поддршка од нашите пријателски земји, меѓу кои и Австралија.
Гаши нагласи дека Северна Македонија и Австралија, иако се просторно многу далечни, всушност негуваат мошне блиски и пријателски односи и споделуваат слични вредности, особено во поглед на светскиот мир и демократијата.
Беше посочено дека наредната година се заокружуваат 30 години од воспоставувањето на билатералните односи меѓу двете земји. Тоа, како што беше заклучено, претставува дополнителен поттик за понатамошно продлабочување на соработката и во делот на економијата и инвестициите, особено ако се има предвид дека голем број граѓани по потекло од земјава живеат и работат во Австралија.
Соговорниците ја оценија како позитивна и продуктивна комуникацијата на ниво на парламенти и преку пратеничките групи за соработка, а во однос на мултилатералната соработка беше посебно истакнато партнерството во рамките на НАТО и членството во Обединетите нации.
Uncategorized
Таравари: Објавен тендер за компресорите во хируршките сали, кои не работат
Во моментот се работи и на изнаоѓање решение за дигитализација во здравството, како и за унапредување на дигиталната инфраструктура.
Uncategorized
Заев и Ципрас му врачија на награда на Нимиц: „Ни порача да го чуваме и целосно да го имплементираме Преспанскиот договор“
Експремиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас му ја врачија Наградата за мир Преспа на поранешниот медијатор Метју Нимиц, најавувајќи дека традиционално оваа награда ќе се доделува секоја година на денот кога се одбележува Преспанскиот договор.
„Нимиц имаше трпение повеќе од две децении од својот живот да посвети на барање решение за спорот за името. Со неговата поддршка и посветеност изградивме меѓусебна соработка и дојдовме до решение не само за името, туку отворивме порта за соработка за двете земји за подобра иднина на нашите народи, но и за иднината на регионот. Му благодарам на амбасадорот Метју Нимиц кој ни помогна да стигнеме до решение кое денес е модел за решавање многу спорови“, напиша Заев на социјалните мрежи.
Нимиц им порачал да го чуваат и негуваат Преспанскиот договор и целосно да го имплементираат.
Во Атина се одржа Меѓународна конференција за мир и одржлив развој, по повод шестгодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор.