Uncategorized
Транспарентност – Слаба примена на Конвенцијата против корупција
Третина од земјите членки во Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) преземале значајни мерки за примена на Конвенцијата против подмитувања на странски функционери.
Само третина држави членки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) ја применуваат на Конвенцијата против подмитувања на странски функционери.
Ова синоќа го соопшти организацијата „Транспаренси интернешнл“ (ТИ), додавајќи дека останатите две третини од вкупно 31 контролирана потписничка на договорот, не направиле ништо или сосема малку или ништо за спроведување на Конвенцијата од нејзиното стапување на сила во 1999 година.
ТИ во извештајот за борба против корупција за 2006 година ги наведува Канада, Италија, Јапонија, Холандија и Велика Британија како пет значајни држави во меѓународната трговија, каде неприменувањето на Конвенцијата предизвикува најголема загриженост.
„Владите мораат да продолжат со примената за Конвенцијата да има кредибилитет, а за тоа потребно е да се покаже политичка подготвеност, со цел да се преземат енергични мерки против компаниите кои подмитуваат за да добијат работа во странство “, се наведува во извештајот.
Дванаесет од 31 држава преземале значајни мерки за примена на Конвенцијата, за разлика од минатата година кога имало осум од вкупно 24 држави.
Бројот на кривични пријави за корупција спореден со минатата година е зголемен во САД и Франција, додека бројот е намален во Белгија, Бугарија, Данска, Германија, Унгарија, Кореја, Норвешка, Шпанија, Шведска и Швајцарија.
Повеќето од мултинационалните компании имаат седишта во земјите потписнички на ОЕЦД, при што поефективната примена на Конвенцијата би придонела во борбата во меѓународната корупција.
„ Напорите на развиените земји за заострување на антикорупцискиот режим ќе бидат поткопани, доколку мултинационалните компании продолжат со неказнето подмитување. Штетата од корупција во развиените земји е непроценлива, а меѓународното подмитување единствено ја зацврстува “, изјави претставникот на ТИ, Акере Муна.
Тој наведува дека „ владите на ОЕЦД тоа добро го знаат“ и сакаат во сиромашните држави да воведат построги антикорупциски критериуми.
„ Но, како извозници и инвеститори, тие го поткопуваат развојот, кога на своите компании им дозволуваат да ги поткупуваат главните претставници на сиромашните земји. Нема двојни стандарди“, изјави Муна.
ОЕЦД треба да воспостави силна и комплетна програма на мониторингот до 2007 година, бидејќи како што наведуваат претставници на ТИ, потребен е поголем притисок врз владите со цел да ја применуваат Конвенцијата.
Според ТИ, земјите членки на ОЕЦД, ќе мораат да се приспособат на сè посложената и транснационална природа на корупцијата.
Извештајот се однесува на 31 од 36 земји потписнички и е заснован врз информациите на ОЕЦД од нивните експерти во секоја од земјите.
Ова е втор извештај од овој тип. Првиот беше изнесен во 2005 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дуа Липа ужива во Бразил и објавува фотографии од плажата и градот
Дуа Липа објави фотографии од Бразил за време на паузите од нејзината „Radical Optimism“ турнеја.
За Инстаграм позираше на плажа, на jet-ski и во градот, носејќи минијатурно виолетово бикини, црн и бел фустан. Фотографите претходно ја снимија и на базен на поткровје во луксузен хотел во Рио де Жанеиро, во црно-жолто бикини.
View this post on Instagram
Uncategorized
Европол разби група платеници ангажирани за киднапирање водач на албанска мрежа за трговија со дрога
Европол вчера поддржа голема операција предводена од Германија, насочена кон група платеници ангажирани од криминална мрежа за киднапирање на водачот на соперничка банда за трговија со дрога.
Агенциите за спроведување на законот од Данска, Франција, Латвија и од Обединетото Кралство учествуваа во операцијата.
Координираната акција се фокусира на латвиски државјани, од кои некои беа активни во Француската легија на странци.
„Овие високообучени лица беа опремени со професионална опрема и дејствуваа во име на организирана криминална група. Ним им беше доверено киднапирањето на водачот на албанската мрежа за трговија со дрога, кој е осомничен за оркестрирање на кражбата на неколку тони канабис во вредност од милиони евра“, се вели во соопштението на Европол.
На денот на акцијата четири лица беа уапсени во Данска, Франција, Латвија и во Обединетото Кралство, а две во Германија.
„Европол одигра клучна улога со олеснување на размената на информации, обезбедување оперативна координација и обезбедување аналитичка поддршка. На денот на акцијата Европол распореди експерти во Ница за да ги олесни размената на информации во реално време и вкрстената проверка на оперативните информации во базите на податоци на Европол обезбедувајќи директни траги до истражителите на терен“, соопшти Европол.
Европол додава дека оваа операција е поврзана со феноменот насилство како услуга, во кој сторителите ги нудат своите услуги за извршување насилни дела во име на други криминални организации. Во овој конкретен случај високообучени експерти се ангажирани од организирани криминални групи за извршување насилни дела. Овој начин на дејствување се открива сè повеќе во разни операции поврзани со сериозен и организиран криминал.
Неколку осомничени во овој случај се поранешни војници на Француската легија на странци. Европол наведува дека ова претставува алармантен тренд што произлегува од војната во Украина.
„Борбено обучените поранешни војници, кои се враќаат од фронтот, би можеле да ги користат своите вештини за организиран криминал претставувајќи потенцијална закана. Како што војната во Украина продолжува и потенцијално се интензивира по нејзиното завршување, Европа би можела да се соочи со зголемен број на овие високообучени лица вклучени во криминални активности“, соопшти Европол.
Uncategorized
Тони Китановски, Баба Сисоко и диџеј Гоце САФ со албум снимен на три континенти
Концертна промоција на албумот „Afro Gitano“: Албум снимен на три континенти што нуди музичко патување без граници. Тони Китановски, Баба Сисоко и диџеј Гоце САФ сабота, 8 ноември, PUBLIC ROOM (во рамки на Skopje Design Week)
Во сабота, на 8 ноември, во Јавна соба, како дел од програмата на Skopje Design Week, македонската публика ќе има ретка можност да ја доживее концертната промоција на албумот „Afro Gitano“ ,заеднички проект на Тони Китановски, легендарниот Баба Сисоко од Мали и диџеј Гоце САФ.
Овој необичен спој на африкански ритми, балканска душа и урбан електронски грув претставува автентично музичко патување што ги руши границите меѓу жанровите и континентите. Китановски вели дека „Afro Gitano е музика што се движи како реката, како луѓето, како слободата“.
Албумот, снимен во време на пандемијата на три континенти и во шест земји, ја носи енергијата на спонтаноста и заедништвото. „Едноставно ќе пролета идеја што ни се чини добра, и тројцата се нафрламе на неа како мала глутница“, раскажува Китановски, откривајќи ја суштината на нивната уметничка хемија.
Африка, Балканот и урбаната сцена во едно
За Баба Сисоко, кого Китановски го опишува како „музичар од највисок ранг и гриот кој со музиката придонесува за мирот на земјата“, оваа соработка претставува спој на духовноста на западноафриканската традиција и џез-импровизацијата.
Во проектот се вклучува и диџеј Гоце САФ, кој со својата хип-хоп енергија внесува современа урбана димензија: „Џезот и хип-хопот се од иста мајка,“ вели Китановски, додавајќи дека триото создава „компактна единица во која секој ја задржува својата музичка суштина, а заедно пловиме беспрекорно.“


Музика што ја почитува традицијата и ја прегрнува слободата
Во „Afro Gitano“, Китановски ја продолжува својата долгогодишна мисија – да создава музика што е истовремено прастара и современа, длабоко вкоренета и бескрајно слободна. „Музиката е секогаш онолку добра колку што е блиска до коренот,“ вели тој, нагласувајќи дека искреноста кон себеси е единствениот пат до автентичност.
Албумот го издава лондонска издавачка куќа, а како што посочува Китановски, „само оригиналноста може да ја отвори портата кон светот.“
Настан што обединува музика, уметност и дизајн
Настапот е дел од Skopje Design Week – платформа што ги поврзува различните уметнички дисциплини. „Музиката е дизајн од невидливи треперења во воздухот и со тоа природно се вклопува во настанот,“ додава Китановски.
Публиката може да очекува концерт исполнет со ритам, импровизација и слобода. „Сакам да си поминат убаво, да се изнаиграат без да им биде гајле за другите околу нив, и секој да си пее различна песна од нашиот репертоар на пат за дома – само тогаш ќе знам дека албумот е навистина добар,“ вели Китановски.

