Uncategorized
Повеќето држави на ЕУ не го спречуваат расизмот
Повеќето држави-членки на Европската унија (ЕУ) недоволно добро ги следи случаите на расистички инциденти или дискриминација во областите на вработување, образование или живеење, соопшти денеска Агенцијата на ЕУ за надзор на расизмот.
Повеќето држави-членки на Европската унија (ЕУ) недоволно добро ги следи случаите на расистички инциденти или дискриминација во областите на вработување, образование или живеење, соопшти денеска Агенцијата на ЕУ за надзор на расизмот.
Агенцијата, во Годишниот извештај за 2006 година, лошо ги оценува показателите на расизмот и ксенофобија во европскиот блок, со заклучок дека ЕУ треба “да ги зголеми напорите во борба против расизмот".
Според директорот на Европскиот центар за мониторинг на расизмот и ксенофобија Бети Винклер, на повеќето од 25 држави-членки на ЕУ "им недостасуваат неопходни податоци за да можат да го надгледуваат влијанието на социјалната и економска политика на етничките заедници".
Таа наведува во извештајот дека недостатокот од тие податоци произведува дупки "кои може да резултираат со дискриминација во клучните области што остануваат незабележани".
Извештајот додава дека само Британија и Финска имаат "сеопфатен систем за собирање на податоци" за расистичко насилство, за жртвите и местото каде се случиле инцидентите.
Исто така, се наведува дека во Грција, Шпанија, Италија, Кипар и Малта, воопшто не се достапни официјални податоци за насилството и криминалот на расна основа.
"Последицата е дека нема соодветен одговор на државите на можна дискриминација на некои етнички малцински групи", наведува Винклер.
Агенцијата на ЕУ нагласи дека е неопходно да се има релевантни статистички податоци за искоренување на расизмот и ксенофобијата да биде можно.
Извештајот наведува дека околу осум милиони Роми и натаму се главна цел на дискриминација и напади на расна основа ширум Европа.
Ромите, се оценува, се "посебно ранливи" на политиката на сегрегација, особено во образованието. Европската агенција ги наведува дека Чешка, Словачка и Унгарија, како држави кои дозволуваат одделување на ромските деца од редовниот образовен систем, а што води кон нееднаквост.
Се наведува дека е зголемен бројот на физички и вербални напади на муслиманите, како и продолжување на инцидентите во кои се напаѓаат евреите.
Извештајот укажува и на тоа дека припадниците на етничките малцинства имаат проблем да најдат сместување, а се наведуваат инциденти пријавени во Белгија, каде лица со странски имиња не може да изнајмат стан.
Слични појави се забележани во Данска, Франција, Италија и Финска.
Исто така, агенцијата оценува дека ланските насилства во предградијата на Париз и другите делови на Франција, каде учествуваа главно млади од африканско-арапско потекло, е последица на повеќедецениската дискриминација кон таа популација кога е во прашање живеење и вработување.
Агенцијата ги повика сите земји на ЕУ "во целост да ги применат" антидискриминационите закони, како и да го подобрат системот за собирање на податоци за инцидентите на расна основа.
/Крај/бе/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Стравична несреќа на автопатот Скопје–Куманово: Две возила целосно изгореа по судир, еден тешко повреден
Синоќа на автопатот Скопје – Куманово, пред клучката за обиколницата на главниот град, се случила тешка сообраќајна несреќа во која двете возила што се судриле целосно изгореле.
Според информациите од полицијата, судирот се случил помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот А.В. од селото Бујковци, и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка, со неготински таблички, управувано од Љ.Д. (56) од село Брест, штипско.
По ударот, двете возила се запалиле и целосно изгореле. Во несреќата, возачот на патничкото возило се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.
На местото на несреќата излегла увидна екипа.
Фото: илустрација (depositphotos)
Uncategorized
Бајден: Знаеме кои сме, време е да му го покажеме тоа на светот и на самите себе
Џо Бајден им се придружи на американските претседатели од редовите на Демократската партија во осудата на смртоносната пукотница во Минеаполис. Коментирајќи ја веста дека федералните агенти го убиле 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети, Бајден рече дека чинот претставува „предавство на најосновните вредности на Американците“.
Во изјавата во која се повикува на уставното право на правична постапка, Бајден рече: „Ние не сме земја што пука во своите граѓани на улица. Ние не сме земја што дозволува бруталност врз граѓаните за остварување на нивните уставни права. Ние не сме земја што го гази Четвртиот амандман и толерира тероризирање на нашите соседи“.
„Луѓето од Минесота нè потсетија на сè што значи да се биде Американец, а тие веќе претрпеа премногу под оваа администрација. Насилството и теророт немаат место во САД, особено кога нивната сопствена влада ги таргетира американските граѓани“, додаде тој.
Во малку прикриена критика кон Доналд Трамп, чија администрација се соочува со растечки критики за тактиките за имиграција, Бајден истакна: „Никој не може да го уништи она за што се залага и во што верува Америка, дури ни претседателот, ако ние, целата Америка, се заложиме и проговориме“.
„Знаеме кои сме. Време е да го покажеме тоа на светот. Уште поважно, време е да го покажеме и на самите себе“, истакна тој. Тој повика на „целосни, фер и транспарентни“ истраги за „бесмислените“ убиства на Прети и Рене Гуд.
Изјавата на Бајден следува по осудите што ги упатија претходно Барак Обама и Бил Клинтон. И двајцата ги повикаа Американците да проговорат и предупредија дека основните американски вредности се нападнати по засилената репресија на администрацијата на Трамп против имиграцијата во Минеаполис.
По напуштањето на функцијата, Бајден претежно се држеше подалеку од јавноста. Тој моментално се лекува од рак на простата и е ангажиран во пишување мемоари и развивање на претседателската библиотека.
Неговите изјави доаѓаат во време кога многу демократи се незадоволни од неговата одлука да остане претседателски кандидат на партијата долго време во текот на изборниот циклус во 2024 година, потег што критичарите го оценија како ослабување на моментумот на партијата.
Бајден на крајот ѝ ја отстапи номинацијата на потпретседателката Камала Харис, која Трамп ја победи и освои втор мандат во Белата куќа.
Uncategorized
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.

