Uncategorized
Синот на Ариел поднесе оставка во Парламентот
Омри Шарон, син на израелскиот премиер Ариел Шарон, поднесе оставка на пратеничкото место во Парламентот поради аферата на тајно финансирање на изборната кампањата на својот татко.
Омри Шарон, син на израелскиот премиер Ариел Шарон, поднесе оставка на пратеничкото место во Парламентот поради аферата на тајно финансирање на изборната кампањата на својот татко.
Омри Шарон, кон средината на ноември, лани, ја призна вината за “лажно сведочење“ и кривоклетство поради тајно финансирање на изборната кампања на својот татко.
Фирмата Анек Рисрч, под контрола на Омри Шарон, ја финансирала изборната кампања со речиси еден и пол милион долари во 1999 година, со посредство на странска фирма, и му овозможи на Ариел Шарон да дојде на чело на Ликуд на внатрепартиските избори.
Шарон постариот, потоа, стана кандидат за премиер, па премиер во 2001 година.
Според израелскиот закон, Ариел Шарон може да добие максимално 200 илјади долари за изборната кампања. Тој, сепак, не беше обвинет за аферата, пред се, поради “недостаток на докази“.
На Омри Шарон му се заканува затвор поради обвинението, а неговиот татко Ариел ќе се натпреварува на изборите како претседател на нова партија Кадим, што тој ја формираше и која според анкетите, важи за изборен фаворит.
/Крај/хи/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дел од Гази Баба без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на ул.Панче Пешов бр.1,3,5и7 ( општина Гази Баба ).
Uncategorized
Германија подготвува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти полицијата
Германија подготвува список на бункери кои би можеле да обезбедат итно засолниште за цивили, соопшти германското МВР.
Ќе се состави дигитална листа на бункери и засолништа за итни случаи за луѓето да можат брзо да ги најдат со помош на апликација за телефон.
Апликацијата е планирана да им овозможи на граѓаните да најдат засолниште за итни случаи на места како што се подземни железнички станици и паркинзи, јавни и приватни згради, објави Гардијан.
Uncategorized
Меркел за Би-Би-Си: Војната ќе почнеше уште порано ако не го блокиравме пристапот на Украина во НАТО во 2008 година
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави за Би-Би-Си дека војната во Украина би започнала порано доколку таа не го блокирала влезот на земјата во НАТО во 2008 година.
Ангела Меркел беше на чело на Германија 16 години, во кои се случи финансиската криза, мигрантската криза од 2015 година и руската инвазија на Украина во 2014 година.
Меркел за време на интервјуто тврдеше дека војната во Украина би започнала порано и веројатно би била полоша доколку Киев го започнал процесот за влез во НАТО во 2008 година.
„Ќе гледавме воен конфликт и порано. Апсолутно ми беше јасно дека претседателот Путин нема мирно да гледа како Украина се приклучува на НАТО. И тогаш Украина како земја сигурно не беше подготвена како што беше во февруари 2022 година“, изјави таа за Би-Би-Си.
Меркел признава дека дипломатските обиди за задржување на руските напади врз Украина не успеале, но инсистира дека тогашната политика била во согласност со европските цели во тоа време.
Покрај тоа, таа ги брани своите одлуки за време на мигрантската криза во 2015 година, што според некои ја направи морален лидер, додека други ја обвинија за зајакнување на екстремната десница.