Uncategorized
„Генофониа“ – промотивен концерт во Куршумли ан
Во рамки на „Скопско лето 2009“ вечерва во Куршумли ан, со почеток од 21 часот, ќе се одржи промотивниот концерт на ЦД-то на групата „NAV“, со Вања Лазарова и група авангардни креативци, насловен „Генофониа“
Групата „NAV“ има неколку цврсти идеали: Модерно да ја озвучи Македонија. Да ја стори звучно препознатлива, на начин како што тоа го сторил Мануел де Фаља за Шпанија, Чајковски за Русија, „Битлси“ за Англија… Да биде наполно оригинална… Звукот на „NAV“ да извира од најблагородните слоеви на македонската милениумска звучна традиција, и да биде во совршен континуитет со класичното, индивидуално остварено од македонски автори…Творбите на групата да зрачат со квалитети на една совршена, модерна, заокружена класичност. „Генофониа” е сведоштво за една блескаво остварена етапа во таквиот отворен пат на спојот на македонскиот автентичен модерен звук, со универзалното и вечното. Сите творби на ЦД-то се оригинални и авторски, создадени од членовите на групата.Во „NAV“ членуваат:Вања Лазарова – Димитровска, жива музичка легенда, чиј глас извира од искон и носи сензибилитетен распон за сите времиња. Личност која во длабините на мелосот на својата земја има моќ да броди како никоја друга дарба. Со неверојатно чувство за музичко совршенство. Секое нејзино исполнение добива облик на класичност. Душко Димитровски, автор на книгата „За наша музика”, 60 години жив носител на идејата за оригинална, модерна, препознатлива македонска звучност. Долгогодишен уредник на циклуси на радио емисии на македонското радио кои расветлувале најразлични музички феномени како: македонската класична народна музика, современата македонска музика, Св. Јован Кукузел, Бетовен, „Пинк Флојд“, „Битлси“… Духовен спиритус мовенс во се‘ оригинално и значајно во македонскиот современ звук (на пр. „Анастасија“). Во неговото компонирање и создавање мелодии се чувствува универзално знаење, а нова и оригинална музичка мисла. Дејан Ацески, член на Оркестар „Пеце Атанасовски“, исклучителен познавач на македонската мелосна традиција, но во исто време, длабоко внедрен во современата модерна светска музичка култура. Инструменталист со неограничена инвенција и македонски сензибилитет во обликувањето на идеите. Со откровенски сенс за насетување на нови можности на звукот и храброст да се впушти и во најизненадувачки трагања по тој пат. Ристо Солунчев, уметнички раководител на Оркестар „Пеце Атанасовски“, истражувач на сите музички форми кои се јавиле на тлото на Македонија во текот на историјата. Бил еден од основачите на веќе култната хип хоп група „Чиста околина“. Високо надарен пејач и совршен владетел на повеќе најсублимни македонски традиционални инструменти, но вклучувајќи го и екстремно модерниот ењи. Со неограничен изблик на идеи од најблагороден мелосен ков и смисла за совршено обликување на делата. Ивица Јанкуловски, млад музичар со широко познавање на патиштата на модерниот звук. Тон мајстор на повеќе македонски бендови. Истражувач на модерната музичка продукција. Во соработката со „NAV“ се покажува како отворен за трагање во тајните на новата македонска звучност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

