Спорт
Драган Јаковлевски потпиша за Македонија ЃП

Екс фудбалерот на Цементарница и Работнички, Драган Јаковлевски, потпиша двегодишен договор со екипата на Македонија Ѓорче Петров.
23-годишниот фудбалер по потпишување на договорот, според правилата на ФФМ, за својот нов клуб ќе има право за настап во последните три кола од тековната сезона во Првата фудбалска лига на Македонија.”Задоволен сум од постигнатиот договор. Доаѓам во средина која одлично ја познавам. Голем дел од фудбалерите на Македонија ЃП се мои поранешни колеги, а пресреќен сум и од можноста да соработувам со еден од најдобрите стратези во земјава.” “Верувам дека ќе ја освоиме титулата во домашниот фудбалски шампионат, па потоа се надевам и на успешен настап во квалификациите за Лигата на Шампионите” – изјави Јаковлевски Во моментов, Македонија ЃП е лидер на табелата во најсилното домашно фудбалско натпреварување со 41 бод, а ја следат Ренова со 36 и Милано со 33 освоени бода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Хау: Сакам Исак да биде во Њукасл и следната сезона

Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, изјави дека сака шведскиот репрезентативец Александар Исак (25) да остане во англискиот клуб, објави денес „Скај Спортс“.
Британските медиуми објавија дека Исак не отпатувал со тимот на Њукасл, кој е на предсезонска турнеја во Азија.
Исак неодамна го информираше клубот дека сака да „истражи други опции“ за време на летниот преоден рок. Ливерпул покажа интерес за шведскиот играч, а Њукасл бара отштета од 150 милиони фунти.
„Тој е сè уште наш играч. Има договор со нас. Имаме одредена контрола врз тоа што ќе се случи следно. Би сакал да верувам дека сите опции ни се достапни. Сакам да остане, но тоа не е под моја целосна контрола. Не сме добиле формална понуда за Алекс од ниту еден клуб. Сакам да остане и да го гледаме како игра за нас и следната сезона“, рече Хау.
Исак има договор со Њукасл до 30 јуни 2028 година. Тој е член на Њукасл од 2022 година, а минатата сезона одигра 42 натпревари за англискиот клуб, постигна 27 гола.
Foto/ EPA
Спорт
Бразилски репрезентативец ја засили Рома

Бразилскиот репрезентативец и поранешен член на Фламенго, Винисиус Франко Лима, познат како Весли, стана нов играч на Рома.
Италијанскиот клуб му плати 25 милиони евра на Фламенго, со можност за бонуси што би можеле да им донесат на Бразилците уште пет милиони евра.
Весли му помогна на Фламенго да го освои Копа Либертадорес во 2022 година и беше дел од тимот што стигна до осминафиналето на Светското клупско првенство ова лето.
Се очекуваше тој да го напушти Фламенго откако го привлече вниманието на неколку европски клубови, а клубот од Рио де Жанеиро му даде зелено светло за трансфер откако го потпишаа Емерсон Ројал од Милан.
Дваесет и едногодишниот Весли потпиша петгодишен договор со Рома и ќе го носи дресот со број 43. Весли е 46-от Бразилец во историјата на „Волчицата“.
Ова е трето засилување на Рома ова лето, пред првата сезона под водство на Џан Пјеро Гасперини. Претходно во клубот дојдоа ѕвездата на Ленс, Нил Ел Аџнауи, и напаѓачот на Брајтон, Еван Фергусон.
Фотп/ Принскрин
Спорт
Сандро Тонали пред сензационален трансфер во Серија А

Јувентус сериозно размислува да испрати атрактивна понуда до Њукасл за Сандро Тонали (25), објавија во вторникот италијанските медиуми.
Италијанскиот репрезентативец се пресели од Милан на северот од Англија во 2023 година во трансфер вреден 60 милиони евра.
Иако потпиша петгодишен договор со „страчките“, веќе по две сезони во Премиер лигата, Јувентус планира амбициозно враќање на Тонали во Италија.
Како што пишува „Газета дело Спорт“, „Старата дама“ наводно веќе воспоставила контакт со Њукасл. Јуве би платил 40 милиони евра , во замена за играчот што сака да го продаде, Даглас Луиз (27). Бразилецот не ги исполни очекувањата по трансферот од Астон Вила.
Сите детали за овој потенцијален трансфер ќе бидат појасни во наредните денови, но едно е сигурно: Јувентус е подготвен да направи сериозен чекор со цел да го врати Тонали во Серија А.
Фото/ Принскрин