Контакт

Uncategorized

Дарвин сега-изложба посветена на еволуцијата

Објавено пред

Дарвин сега е изложба која го опишува животот и делото на Чарлс Дарвин, за чија теорија на еволуцијата сеуште постојат многу контроверзи

dobivaj vesti na viber

Изложбата Дарвин сега е органзирана од Британскиот совет во соработка со Природнонаучниот музеј на македонија. Оваа изложба се состои од 16 банери кои имаат информативен, едукативен и уметнички карактер, а го опишуваат животот и делото на британскиот природонаучник Чарлс Дарвин и неговото епохално дело. Оваа година се навршуваат 200 години од раѓањето на дарвин и 150 години од објавувањето на неговото најпознато дело Потекло на видовите по пат на природна селекција. Неговата тероија има контроверзи и денес поради поинаквите погледи за настанокот од светот, поинакви од ставот на официјланата Црква, но и некои други научни теории. Станува збор за глобална иницијатива Дарвин сега, која оваа изложба ја презентира во 30 земји во светот, а покрај изложбата, вклучува и меѓународна научна конференција, меѓународен студентски самит, научни дискусии, фестивали и интернет ресурси за учење и истражување. Глобалната програма на Британскиот совет за прослава на делото наДарвин вклучува луѓе од целиот свет и дава можност за истражување на идеите на еволуционата теорија на непристрасен и отворен начин. Изложбата во Скопје ќе биде отворена од утре, 28 април, во просториите на Природнонаучниот музеј на Македонија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized

(Видео) Моќен ракетен систем „Искандер“ уништен во Русија, објавија Украинците

Објавено пред

Украинското Министерство за одбрана објави дека моќен руски ракетен систем „Искандер“ е уништен во Русија.

dobivaj vesti na viber

„Украинските војници уништија руски ракетни системи ‘Искандер’. Еден руски ракетен фрлач експлодира, а два други веројатно се оштетени. Резултатите од нападот сè уште се утврдуваат“, објави украинското Министерство за одбрана.

Според повеќе извори, системот се наоѓал во регионот Брјанск во Русија и бил во активна служба. Се верува дека бил користен за таргетирање на Киев.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Судот ги поништи царините на Трамп, ги прогласи за незаконски

Објавено пред

Федералниот суд на Соединетите Американски Држави ги блокираше многу високите царини што претседателот Доналд Трамп ги воведе на странски земји, пресудувајќи дека тој ги пречекорил своите овластувања.

dobivaj vesti na viber

Пресудата, донесена од страна на судии на Американскиот суд за меѓународна трговија, ги запре сеопфатните царини од 10 проценти што Трамп ги воведе на „речиси секој трговски партнер на САД“, а десетици земји беа загрозени со повисоки царини, пишува „NBC News“. Судот, исто така, блокираше посебен сет царини што ги воведе администрацијата на Трамп врз Кина, Мексико и Канада, во кои како причина за зголемувањето се наведоа трговијата со дрога и нелегалната имиграција.

Администрацијата на Трамп ги оправда царините со повикување на Законот за овластување за меѓународна економска вонредна состојба од 1977 година, или IEEPA, кој му дава на претседателот овластување да го регулира увозот за време на одредени вонредни состојби.

Сепак, судот вчера го отфрли толкувањето на законот од страна на владата и рече дека би било неуставно кој било закон донесен од Конгресот да му даде на претседателот целокупно овластување да одредува царини.

„Судот не донесува одлука за мудроста или можната ефикасност на употребата на царини од страна на претседателот. Оваа употреба е недозволива не затоа што е неразумна или неефикасна, туку затоа што (федералниот закон) не го дозволува тоа“, наведе тричлениот судски совет во одлуката, пренесува Танјуг.

Судот рече дека царините за Кина, Канада и Мексико не се легални затоа што „не се справуваат со заканите идентификувани во тие наредби“. Тројцата судии кои ја напишаа пресудата беа номинирани за судскиот совет од поранешниот претседател Роналд Реган, поранешниот претседател Барак Обама и Трамп во неговиот прв мандат. Администрацијата на Трамп во судските документи посочи дека ќе поднесе жалба на пресудата до Федералниот апелационен суд.

Портпаролот на Белата куќа, Куш Десаи, одговори на пресудата, бранејќи го образложението за царините, велејќи дека трговскиот дефицит на САД со други земји „создаде национална вонредна состојба што ги десеткуваше американските заедници“. Тој тврди дека царините се неопходни за да се поттикне производството во САД и да се стави крај на она што тој го смета за неправедни трговски практики.

Со воведувањето на царините на почетокот на април, Трамп го нарече трговскиот дефицит „национална вонредна состојба“, што ја оправда неговата царина од 10 проценти за целиот увоз, со повисоки стапки за земјите со кои САД имаат најголем трговски дефицит, особено Кина.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Предлог-закон за формирање инспекторат за грбот, знамето и за химната

Објавено пред

На денешната собраниска прес-конференција портпаролот и пратеник на политичката партија Левица, Амар Мециновиќ, го најави законот за инспекторат за државни инсигнии, со кој, како што рече, се гарантира почитувањето на грбот, знамето и на химната на Република Македонија, како и на симболите на етничките заедници.

dobivaj vesti na viber

„Веќе 27 години постои Закон за употреба на државното знаме и грб, но овој закон нема орган што го спроведува. Исто така, постои и Закон за знамињата на заедниците и тој закон пропишува глоби, но нема институција што ги изрекува тие глоби. Практично, имаме мртво слово на хартија“, рече Мециновиќ на собраниската прес-конференција.

Како главен мотив за донесување на овој закон од партијата ги наведуваат честото непочитување на државните инсигнии и провокациите што предизвикуваат меѓуетничка нетрпеливост и тензии, а државата останува со врзани раце, без можност да изрече казна за непочитување на постојните закони или сквернавање на државните инсигнии.

Од партијата соопштија дека со овој предлог-закон инспекторатот за инсигнии ќе биде сместен во рамките на Министерството за правда, а ќе има право да врши надзор како на институциите така и на правните и на физички лица.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

Америка до Русија: Веднаш престанете со нападите врз украинските градови

Руските напади врз украинските градови мора веднаш да престанат, изјави денес портпаролот на американскиот Стејт департмент, осудувајќи го еден од...

Свет4 часа

Трамп: Грета е чудна и бесна; Грета: Искрено, на светот му требаат повеќе бесни жени

Шведската активистка Грета Тунберг му возврати на американскиот претседател Доналд Трамп откако тој ја опиша како „чудна“ и „бесна“ поради...

Европа6 часа

(Видео) Убиецот оставил писмо пред масакрот во училиштето во Грац: расте бројот на жртвите

Масовниот убиец Артур А. (21) кој денес уби девет лица со пиштол и пушка во училиште во Грац, потоа изврши...

Свет6 часа

Трамп: Демонстрантите низ САД ќе се соочат со иста или поголема сила отколку во Лос Анџелес

Претседателот на САД, Доналд Трамп, им рече на новинарите во Овалната соба дека ако протестите против имиграциските политики продолжат во...

Европа7 часа

ЕУ подготвува нов удар врз Путин, објавени се деталите

Европската комисија (ЕК) денес предложи 18-ти пакет санкции против Русија, главно насочени кон руските приходи од енергија и банкарскиот сектор....

Македонија7 часа

Сергеј Попов ги матираше СДММ, извади документ од кој се гледа како лажат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Се е пријавено дечки, затоа вчера ви рековме два пати да размислите пред да излезете на прес. Ама толку слушате,...

Европа8 часа

Зеленски за масакрот во Австрија: Длабоко сме потресени

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го коментираше денешното пукање во училиште во Грац, во кое беа убиени 10 лица, од кои...

Македонија9 часа

(Видео) „УМС фатени во лага – законот за пиротехника е прекрешен, а Тошковски молчи“, велат од СДММ

„Откако ја предизвикаа згрозеноста кај младите со срамната журка со пиротехника додека Македонија тагува за изгубените млади животи во Кочани,...

Топ9 часа

(Фото) Кривична против 29-годишен скопјанец: нелегално поседувал автоматска пушка и друго оружје и муниција, а ја истепал и сопругата

СВР Скопје – Единицата за насилен криминал поднесе кривична пријава по брза постапка против А.Р.(29) од Скопје поради постоење основи...

Македонија10 часа

Пониква станува рехабилитациски центар за повредените од пожарот во Кочани

Повредените од пожарот во Кочани ќе бидат испратени на рехабилитација во Пониква. На денешната седница на Владата и официјално се...

Топ12 часа

(Видео) Кузеска: Власта ги покачи платите на функционерите за 200 евра

Срамно и дрско – народoт едвај преживува, а власта ги покачува само платите на функционерите, обвини Богданка Кузеска, портпаролка на...

Свет12 часа

(Видео) Објавени снимки од училиштето во Грац: се слушаат истрели, седум ученици убиени

Најмалку девет жртви во пукањето во училиштето во австрискиот град Грац. Потврдени се девет смртни случаи – вклучувајќи го и сторителот....

Македонија13 часа

Студентите ќе добијат по 250 евра за набавка на електронски уреди од септември, најави Мицкоски

Премиерот, Христијан Мицкоски денес изјави дека Владата планира ученички стипендии за наредната година, а во однос на новинарското прашање за...

Македонија13 часа

Тошковски најави поголема набавка на униформи за полицијата од онаа за специјалците: Спорната набавка е законска, но немаше доволно критериуми во тендерот

На нов тендер Министерството за внатрешни работи ќе бара униформи за 6.000 полицајци, најави денес министерот за внатрешни работи Панче...

Македонија14 часа

Стојанче Ангелов ќе зема повисока плата: Владата одобрила покачување

По измената на коефициентот за пресметка на плата, одлука објавена во Службен весник, се зголемува и платата на директорот на...

Македонија15 часа

Во „Пониква“ не можеш ниту на одмор да одиш, а не пак да третираш сериозни медицински состојби: Филипче од Кочани со критики до власта

Претседателот на СДСМ Венко Филипче од Кочани, со критики до актуелната власт за како што рече, неспособноста да се справи...

Македонија15 часа

Изготвил лажни одобренија за градење, трошел повеќе од дозволеното за репрезентација и ненаменски трошел пари предвидени за гориво, кривична за градоначалникот на Росоман

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против С.Н во својство на Градоначалник на Општина...

Македонија16 часа

Оваа учебна година направивме многу, обезбедивме учебници, ги зголемивме платите на наставниците и тие ќе продoлжат да растат: Јаневска за крајот на учебната година

На основците и средношколците што денес ја завршуваат учебната година им честитам на напорната работа и заслужениот успех. Пред вас...

Македонија16 часа

Власта системски го отстранува албанскиот јазик од јавната сфера, велат од ДУИ

Уставниот суд е во завршна фаза на подготовки за укинување на Законот за употреба на јазиците, истакнуваат од ДУИ. Од...

Македонија16 часа

Ниту повредените, ниту семејствата на починатите не се сами, Кочани е наш приоритет, велат од Владата

Трагедијата во Кочани во која животот во загубија 62 млади лица е од невидени размери, велат од Владата и додаваат...