Uncategorized
Осама бин Ладен го побара од Буш телото на убиениот ал Заркави
Осама бин Ладен, лидерот на терористичката “Ал Каеда“, преку аудиоснимка му се обрати на американскиот претседател Џорџ Буш, барајќи телото на убиениот Абу Мусаб Ал Заркави да биде вратено во Јордан.
Осама бин Ладен, лидерот на терористичката “Ал Каеда“, преку аудиоснимка му се обрати на американскиот претседател Џорџ Буш, барајќи телото на убиениот Абу Мусаб Ал Заркави да биде вратено во Јордан.
„Сакам да му кажам на Буш, ти си должен да го предадеш телото на неговото семејство и немој да бидеш прекумерно среќен. Нашето знаме не е паднато.“, порача Бин Ладен во 19 минутната снимка, објавена синоќа на еден од интернет сајт на екстремистите, чија автентичност, засега, не е потврдена.
Лидерот на Ал Каеда во пораката вети продолжување на борбата против американските сили и нивните сојузници “насекаде во светот“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дел од Гази Баба без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на ул.Панче Пешов бр.1,3,5и7 ( општина Гази Баба ).
Uncategorized
Германија подготвува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти полицијата
Германија подготвува список на бункери кои би можеле да обезбедат итно засолниште за цивили, соопшти германското МВР.
Ќе се состави дигитална листа на бункери и засолништа за итни случаи за луѓето да можат брзо да ги најдат со помош на апликација за телефон.
Апликацијата е планирана да им овозможи на граѓаните да најдат засолниште за итни случаи на места како што се подземни железнички станици и паркинзи, јавни и приватни згради, објави Гардијан.
Uncategorized
Меркел за Би-Би-Си: Војната ќе почнеше уште порано ако не го блокиравме пристапот на Украина во НАТО во 2008 година
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави за Би-Би-Си дека војната во Украина би започнала порано доколку таа не го блокирала влезот на земјата во НАТО во 2008 година.
Ангела Меркел беше на чело на Германија 16 години, во кои се случи финансиската криза, мигрантската криза од 2015 година и руската инвазија на Украина во 2014 година.
Меркел за време на интервјуто тврдеше дека војната во Украина би започнала порано и веројатно би била полоша доколку Киев го започнал процесот за влез во НАТО во 2008 година.
„Ќе гледавме воен конфликт и порано. Апсолутно ми беше јасно дека претседателот Путин нема мирно да гледа како Украина се приклучува на НАТО. И тогаш Украина како земја сигурно не беше подготвена како што беше во февруари 2022 година“, изјави таа за Би-Би-Си.
Меркел признава дека дипломатските обиди за задржување на руските напади врз Украина не успеале, но инсистира дека тогашната политика била во согласност со европските цели во тоа време.
Покрај тоа, таа ги брани своите одлуки за време на мигрантската криза во 2015 година, што според некои ја направи морален лидер, додека други ја обвинија за зајакнување на екстремната десница.