Спорт
Шумахер вежба картинг
Откако на Михаел Шумахер му забранија тестирање на новиот болид на Ферари Ф60, тој вежба возејќи картинг и се подготвува за Големата награда на Европа, што се вози на 23 август
Четириесетгодишниот Шумахер има проблеми со вратот откако го повреди во февруари годинава при пад од мотор и се уште не е сигурно дали лекарите ќе му дозволат да настапи во Валенсија. Сепак, легендарниот Шуми сериозно с еподготвува за 23 август и евентуалното големо враќање. Германецот, когавеќе не му дозволуваат да го тестира новиот Ф60 болид, одлучил да вози картинг во друштво на тест возачот на Ферари, Лук Бадер.“Картингот има многу добар ефект, па одлучив да влезам во картингот на Тони Карт екипата во Лунат и малку да тестирам. За мене, во овој момент нема подобар тренинг: управување со волан на картинг е многу потешко отколку со болид од Формула 1“, пишува Шумахер на неговата официјална страна.“Исто така, беше многу жешко, а таква температура се очекува и во Валенсија“, додава седмократниот првак во Формула 1. Продажбата на влезниците за трката во Валенсија порасна многукратно откако љубителите на Формула еден дознаа дека ќе вози Шумахер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Без победник во Минхен, Реал е поблиску до големото финале
Баерн Минхен и Реал Мадрид одиграа 2:2, во првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите. На „Алијанц арена“ во Минхен, Реал се спаси од пораз во 84.минута, кога Винисиус Жуниор од пенал го изедначи резултатот. Претходно, Бразилецот погоди за Реал во 24.минута, а Баерн во вториот дел, во само четири минути со головите на Сане и Кејн од пенал, направи пресврт.
Натпреварот на „Алијанц Арена“ беше извонреден, онака како што двете екипи сезонава играат во Лигата на шампионите.
На крајот заврши без победник, што пред реваншот на „Сантијаго Бернабеу“ му носи поголема предност на „кралскиот клуб“.
Сепак, Баерн покажа дека не е за отпишување и ќе има што да каже за осум дена во шпанската престолнина.
Спорт
Ферари демне: Наскоро ќе биде официјално – Њуи си заминува од Ред Бул
Еден од најзаслужните за успехот на Ред Бул во Формула 1 шампионатот, главниот инженер на австрискиот тим Адријан Њуи ќе го напушти актуелниот шампион во конкуренција на конструктори.
Како што пренесуваат многу европски медиуми, се е договорено и се очекува Ред Бул да ја потврди оваа вест пред почетокот на Големата награда на Мајами.
Њуи е најуспешниот дизајнер на автомобили во модерната Формула 1 и е член на Ред Бул од неговото основање во 2006 година. Причините за разделбата се наводно незадоволство од улогата што ја има во тимот и несогласување со тимскиот шеф Кристијан Хорнер.
Овој 65-годишник има актуелен договор кој е со важност до крајот на 2025 година, а за тоа досега не се огласил. Исто така, Ферари наводно веќе разговарал со Њуи и му испратил понуда за соработка.
Покрај загубата што би ја претставувало заминувањето на Њуи, тоа исто така потенцијално би го доведе во прашање статусот на трикратниот последователен светски шампион Макс Верстапен, кој е бескомпромисно лојален на Њуи и советникот Хелмут Маркo.
Њуи учествуваше во освојувањето на седум титули за возачи и шест конструктори за Ред Бул.
Во генералниот пласман сега води Верстапен со 110 бодови, а зад него е соиграчот Перез со 85.
Овогодинешниот шампионат во Формула 1 продолжува со Големата награда на Мајами од 3 до 5 мај.
Спорт
Турски милионер го купува Марибор
Турскиот милионер Ацун Иликали наскоро ќе го заврши преземањето на словенечки Марибор.
„Ги почитувам и другите клубови, Мура е успешен клуб, Олимпија е добро познато име во Европа, исто така и Марибор“, изјави тој за Спортклу Словенија“.
„На крајот морате да донесете одлука, баравме и размислувавме два месеци, но сега мислам дека тимот и јас одлучивме дека ова е вистинскиот проект со одлични навивачи, одлични луѓе и голем град. Ми беше многу важно да имам аеродром во близина бидејќи постојано патувам. Мал аеродром да доаѓам и заминувам, а работа да не трпи. Јас сум луд по фудбал и сакам да гледам што повеќе натпревари“.
Ова значи дека Марибор за прв пат во својата историја ќе има странски инвеститор.
Марибор 16 пати беше шампион на Словенија, освои девет Купа и четири словенечки Суперкупа, а три пати играше во групната фаза од Лигата на шампионите. Сезонава не им оди баш најдобро, се само третопласирани зад Целје и Олимпија.
Иликали веќе е сопственик на англиски Хал Сити, а претходно раководеше со холандската Фортуна Ситард и ирскиот Шелбурн.
Сопственик е на ТВ каналите TВ8 и TВ8.5, како и на турската дигитална платформа „Ексен“. Од 2018 до 2021 година тој беше на листата на 500 највлијателни бизнисмени во медиумскиот и забавниот сектор.