Спорт
Барса го чека Реал на врвот
Во саботните мечеви од 11-то коло на шпанската Примера, шампионот Барселона на домашен терен победи во дербито со Виљареал со 3:1, а на свој терен беа успешни и Атлетик Билбао и Ателтико Мадрид
И покрај големиот број лоши судиски процени, се чини дека според големите осцилации во играта во саботата навечер „жолтата подморница“ не можеше да го избегне поразот. Барселона на „Ноу Камп“ заслужено ги освои бодовите и привремено се наоѓа на чело на Ла Лига со 28 бодови, каде го очекува Реал Мадрид кој има 26 бодови и релативно лесно гостување кај Спортинг во Хихон. Виљареал и со поразот останува на третата позиција со 23 бодови но се зголеми нејзината негатива во однос на водечкиот двоец.Барса поведе во 22. минута по брзата акција која започна од Чави кој го проигра Иниеста кој ја сврти во лево кон Давид Виља кој го донесе водството за каталонците. Виљареал која во првото полувреме беше речиси рамноправен противник и сосема го оправда високиот пласман речиси цела деценија наназад, изедначи по само три минути игра. Тоа беше соло акција на Нилмар кој се спушти по левата страна и откако и’ побегна на домашната одбрана биеше во спротивната страна од голот на Виктор Валдез а топката од стативата се одби во мрежата. Во второто полувреме Барса во второто полувреме благодарејќи пред се’ на Андрес Иниеста, Лионел Меси и Чави кои со кусите прецизни проигрувања вршеа постојан притисок врз одбраната на Виљареал. Таквата игра резултираше со два гола на Меси. Првиот го постигна во 58. минута кога неговите соиграчи на околу 25 метри од противничкиот гол изведоа додавање од слободен без да сочекаат да се намести „живиот ѕид“ откако во тандем со Педро измени дури две двојни додавања и мајсторски од пер метри со поткопување на топката во трк од десната страна го префрли голманот Лопез. Во продолжение играчите на Виљареал како се’ уште да беа под импресија од за нив судиската грешка па не може да се концентрираат на играта, иако во неколку наврати изведоа опасни напади кои не резултираа со удари кон голот на Валдез. Конечниот резултат Меси го постави во 83. минута исто така од близина, со што дојде до бројката од 10 првенствени голови во новиот шпански шампионат, два помалку од водечкиот Кристијано Роналдо. Во Билбао Атлетик успеа да забележи минамална победа од 1:0, иако поголемиот дел од мечот против Алмерија го одигра со два играча помалку. Баските поведоа во 10. минута со осмиот првенствен погодок на Фернандо Љоренте, откако во 6. минута неговиот соиграч Микел Сан Хосе не реалаизираше пенал. Алмерија не успеа да дојде барем до бод иако Атлетик од 45. минута играше без Дел Кампо кој заработи два жолти картона и од 69. минута без Ксавиер Кастиљо кој беше директно исклучен.Во Мадрид, помладиот Ателтико убедливо ја совлада Осасуна со 3:0. За домаќините особено е значаен податокот дека голгетерот од последното светско фудбалско првенство во Јужна Африка, Уругваецот Диего Форлан постигна погодок по 12 мечеви во сите категории. Форлан беше прецизен во 26. и 70. минута а во меѓувреме за Атлетико гол во 41. минута гол постигна и Серџо Агуеро.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шампионот падна во Минеаполис – Минесота ја победи Оклахома
Ноќта помеѓу петокот и саботата ни донесе низа интересни натпревари во НБА лигата, а најинтересниот натпревар се одигра Минеаполис. Минесота Тајбервулвс славеа против лидерите во Западната конференција Оклахома Тандер со 112:107, со што ја прекинаа одличната серија на актуелниот бранител на титулата.
Ниту брилијантната игра на Шеј Гилџес-Александер не беше доволна за франшизата на Оклахома триумфално да се врати од Минесота.
Актуелниот МВП го заврши натпреварот со 35 поени. Канаѓанецот немаше доволна од соиграчите, пред се од вториот најдобар играч во тимот, Џејлен Вилијамс кој постигна 17 поени, па затоа е јасно во што лежи клучот за поразот на лидерот на Западот.
Од друга страна, Ентони Едвардс, со дабл-дабл учинок од 26 поени и 12 скока со три асистенции, беше најрасположен кај домаќините, кои и трет пат од почетокот на годината, како домаќини ја победија Оклахома.
Резултати:
Бостон – Мајами 129:116
Њујорк – Филаделфија 107:116
Атланта – Сан Антонио 98:126
Кливленд – Чикаго 125:136
Минесота – Оклахома Сити 112:107
Спорт
(Видео) Ентони Џошуа му ја скрши вилицата на јутјуберот Пол
Шест рунди му беа потребни на британскиот тешкаш Ентони Џошуа да го нокаутира јутјуберот и боксерски почетник Џејк Пол во борба која од самиот почеток беше прогласена за една од најнееднаквите во историјата на боксот.
Пол го помина поголемиот дел од борбата избегнувајќи да влезе во дуел со Џошуа, на крајот потклекна на моќта на двократниот светски шампион.
Џошуа изгледаше сè пофрустрирано додека Пол ја избегнуваше борбата и танцуваше низ рингот. Сепак, британскиот боксер конечно се наметна и го нокаутира јутјуберот двапати во петтата рунда. Пол повторно беше на подот во шестата рунда пред Џошуа да го изведе тврдиот и чист десен удар, му ја скрши вилицата на Пол, што донесе ненадеен крај на надреалната ноќ во центарот Касеја во Мајами. Иако Американецот не успеа да се стане од подот на време, во салата имаше олеснување кога стана и го напушти рингот без помош.
Anthony Joshua finally lands the knockout blow in round 6! #JakeJoshua pic.twitter.com/fLBZKhZW4Y
— Netflix UK & Ireland (@NetflixUK) December 20, 2025
„Не беше ова мое најдобро издание“, рече 36-годишниот Џошуа. „Крајната цел беше да се нокаутира Џејк Пол и да се повреди. Потребно беше малку подолго од очекуваното, но десницата конечно ја пронајде својата дестинација.“
Исходот од мечот беше очекуван, а контроверзниот натпревар повторно ги отвори прашањата за безбедносните ризици создадени од таков јаз во искуството, големината и силата.
За Џошуа, ова беше 29-та победа во 33 професионални настапи, а сега може да се сврти кон вистински предизвици – пред сè, долгонајавуваната пресметка со Тајсон Фјури.
Двајцата боксери од борбата заработија по 92 милиони долари.
Foto: Profimedia
Спорт
(Видео) Болоња преку Интер до финалето на Суперкупот
Актуелниот освојувач на Купот на Италија, Болоња, ќе се бори за трофејот во Суперкупот. Болоња во Ријад го победи Интер по изведувањето пенали со 3.2. Во регуларниот дел натпреварот заврши 1:1.
Интер беше подобар во текот на целиот натпревар, но тоа не успеа да го претвори во победа. Турам му донесе предност на Интер во втората минута. Болоња изедначи од пенал во 35-та минута, преку Орослини.
Во пенал серијата, во херој се претвори голманот на Болоња, Раваља. Тој ги одбрани ударите на Бастони и Бони, а Барела шутираше над голот.
Финалниот натпревар се игра в понеделник од 20 часот. Противник на Болоња ќе и биде актуелниот првак Наполи.

