Uncategorized
Завршува пленарното заседание на Движењето на неврзаните
Пленарното заседание од самитот на Движењето на неврзаните што се одржува во Хавана, завршува денеска со усвојување на завршна резолуција.
Пленарното заседание од самитот на Движењето на неврзаните што се одржува во Хавана, завршува денеска со усвојување на завршна резолуција.
Над 40 шефови на држави и влади на земјите во развој, меѓу кои се и Северна Кореја, Иран, Индија, Пакистан, Куба и Венецуела, денеска треба да усвојат документ со кој, меѓу другото, ќе ја поддржат иранската нуклеарна програма и остро ќе ги искритикуваат неодамнешните акции на израелската војска во јужен Либан.
Движењето на неврзаните поврзува 118 земји што сакаат да ја зајакнат организацијата и коишто не се задоволни со работата на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН), каде, според нивните оценки, премногу доминираат Соединетите американски држави (САД).
Земјите, членки на Движењето оценуваат дека ниту ОН не се доволно демократски ориентирани и оти се под силно влијание на Вашингтон.
Учесниците на самитот го осудија и ветото што САД го имаат во Советот за безбедност при ОН.
Куба е избрана за лидер на Движењето во наредните три години, но нејзиниот претседател Фидел Кастро, заради здравствени проблеми, не учествуваше на конференцијата, а седницата ја водеше неговиот брат Раул Кастро.
Генералниот секретар на ОН Кофи Анан, на самитот истакна дека неопходно е спроведување на реформи во Советот за безбедност и зајакнување на Движењето на неврзаните, при што земјите членки треба да ја промовираат демократијата и да ги заштитат човековите права.
Движењето е основано 1961 година во Белград, на иницијатива на тогашните претседатели на СФР Југославија Јосип Броз Тито, на Индија Џавахарлал Нехру и на Египет Гамал Абдел Насер.
Улогата на Движењето најмногу дојде до израз во периодот на блоковската поделба на светот./крај/бе/ам
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Минчев – Жариќ-Ковачевиќ: Зајакнување на билатералната соработка меѓу Република Македонија и Република Србија во јавната администрација
Во рамки на зајакнување на регионалната соработка, Министерот за јавна администрација на Република Македонија, Горан Минчев, оствари билатерална средба со Министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Република Србија, Јелена Жариќ Ковачевиќ, на која разговараа за областите на соработка насочени кон унапредување на системите на јавна администрација во двете земји.
На средбата беа истакнати одличните релации меѓу држави, при што двајцата министри изразија заедничка посветеност за продлабочување на соработката во областа на владеењето и административните реформи.
Во таа насока, заложбите на двете страни кулминираа со договор за потпишување на Меморандум за соработка во перидот кој следи, а кој ќе ја формализира размената на најдобри практики, заеднички иницијативи и споделена експертиза во јавната администрација.
„Потпишувањето на овој меморандум за соработка ќе означи ново поглавје во партнерството меѓу Република Македонија и Република Србија во областа на јавната администрација, едновремено истакнувајќи ја нашата заедничка цел, а тоа е модернизирање на јавна администрација и унапредување и зајакнување на процесите и капацитетите кои произлегуваат од неа.”- истакна министерот Минчев.
Министерката Жариќ Ковачевиќ ја потврди оваа иницијатива, истакнувајќи ја важноста на регионалните партнерства во поттикнувањето на реформите кои ќе ја подобрат испораката на јавните услуги за граѓаните во двете земји.
Двете министерства ќе се заложат преку редовни консултации и состаноци да работат на конкретни процеси кои ќе придонесат за ефективна имплементација на реформите во јавната администрација, а кои ќе бидат дел од Меморандумот за соработка.
Uncategorized
(Видео) Гори дел од касарна, голем пожар во Србија
Во делот од касарната лоциран во близина на болницата ВМА, во Бањица денеска во попладневните часови имало пожар.
View this post on Instagram
Како што се гледа на видеото кое е објавено на социјалната мрежа Инстаграм, во тој дел од градот се шири густ чад.
На терен се 12 пожарникари и четири противпожарни возила.
Uncategorized
Општина Аеродром доделува мали грантови за управување со отпад
Општина Аеродром објавува повик за доделување мали грантови за граѓанските организации на тема „Зајакнување на заедниците за одржливо управување со отпад од пакување“.
Целта на повикот е да се променат навиките на локалното население за селектирање отпад од пакувања во своите домаќинства и да се научат на правилна селекција на отпадот, пред сè, пластика и лименки.
Вкупниот износ на финансиските средства за грантот изнесува 25.000 евра обезбедени преку проектот финансиран од Европската Унија „Clean AirDrom – нула цврст отпад во Општина Аеродром“.
Минималната вкупна сума што може да ја добие една граѓанска организација е 2.500 евра, додека максималниот износ по грант изнесува 5.000 евра во денарска противвредност.
Јавниот повик е отворен за граѓански организации што се формално регистрирани на територијата на Град Скопје најмалку 2 (две) години пред објавата на овој повик.
Предност ќе имаат оние организации што во својата мисија и статут имаат заложби за зајакнување на заедниците за одржливо управување со отпад и кои во својот фокус ги имаат младите.
Проектите може да бидат со времетраење од 3 месеци, односно да се спроведат во периодот од ноември 2024 година до јануари 2025 година.
Предлог-проектите мора да се спроведуваат исклучиво на територијата на Општина Аеродром.
Рокот за поднесување на предлог-проектите е до 16.10.2024 година, најдоцна до 15:00 часот во Архивата на Општина Аеродром (соба број 7 на први кат) или електронски преку е-адресата [email protected]. Подетални информации за повикот може да се добијат на телефонскиот број 075/572-830.
Документацијата за поднесување на предлог-проектите може да се преземе на следниов линк.