Uncategorized
Нов биланс-33 мртви во рудникот во Доњетск
Најмалку 33рудари загинаа денеска во експлозија во рудник во Доњетск, во источна Украина,соопшти денеска Министерството за вонредни состојби, не исклучувајќи можностбројот на жртвите да биде поголем.
Најмалку 33рудари загинаа денеска во експлозија во рудник во Доњетск, во источна Украина,соопшти денеска Министерството за вонредни состојби, не исклучувајќи можностбројот на жртвите да биде поголем.
„Пронајдени се 33тела во рударското окно, а судбината на уште 77 рудари е непозната“, изјавиИгор Крол, портпарол на Министерството за вонредни состојби.
Според локалниотфункционер за заштита при работа Микола Малејев, огнот што избувнал поексплозијата уште беснее низ ходниците на рудникот.
Во делот во којдошло до експлозијата работел 31 рудар, додека вкупно во рудникот во моментотна инцидентот имало 457 рудари. До сега на површина се извлечени 356 рудари,додека евакуацијата на останатите е во тек.
До експлозијата,за која не се знаат причините, дошло рано утрината во рудникот Засијадко, еденод најголемите во земјата.
/крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дел од Гази Баба без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на ул.Панче Пешов бр.1,3,5и7 ( општина Гази Баба ).
Uncategorized
Германија подготвува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти полицијата
Германија подготвува список на бункери кои би можеле да обезбедат итно засолниште за цивили, соопшти германското МВР.
Ќе се состави дигитална листа на бункери и засолништа за итни случаи за луѓето да можат брзо да ги најдат со помош на апликација за телефон.
Апликацијата е планирана да им овозможи на граѓаните да најдат засолниште за итни случаи на места како што се подземни железнички станици и паркинзи, јавни и приватни згради, објави Гардијан.
Uncategorized
Меркел за Би-Би-Си: Војната ќе почнеше уште порано ако не го блокиравме пристапот на Украина во НАТО во 2008 година
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави за Би-Би-Си дека војната во Украина би започнала порано доколку таа не го блокирала влезот на земјата во НАТО во 2008 година.
Ангела Меркел беше на чело на Германија 16 години, во кои се случи финансиската криза, мигрантската криза од 2015 година и руската инвазија на Украина во 2014 година.
Меркел за време на интервјуто тврдеше дека војната во Украина би започнала порано и веројатно би била полоша доколку Киев го започнал процесот за влез во НАТО во 2008 година.
„Ќе гледавме воен конфликт и порано. Апсолутно ми беше јасно дека претседателот Путин нема мирно да гледа како Украина се приклучува на НАТО. И тогаш Украина како земја сигурно не беше подготвена како што беше во февруари 2022 година“, изјави таа за Би-Би-Си.
Меркел признава дека дипломатските обиди за задржување на руските напади врз Украина не успеале, но инсистира дека тогашната политика била во согласност со европските цели во тоа време.
Покрај тоа, таа ги брани своите одлуки за време на мигрантската криза во 2015 година, што според некои ја направи морален лидер, додека други ја обвинија за зајакнување на екстремната десница.