Спорт
Фановите го избркаа: Венгер

Арсен Венгер преед медиумите во Англија ја наведе најголемата причина според него поради која Адебајор решил да си замине од Арсенал.
“Изгубивме одличен фудбалер и му посакуваме се најдобро. Тој вршеше екстремно добра работа за клубот. Не верувам дека во последната сезона имаше доволна поддршка”.- ијави ВенгерАдебајор и минатото лето се поврзуваше со заминување од Емирати кога за него заинтересиран беше Милан но истиот тогаш потпиша нов договор и остана во Арсенал. А само за потсетување Емануел сега веќе е нов член на Манчестер Сити.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Големо засилување за Црвена звезда – Хандел пристигна на „Маракана“

Португалскиот фудбалер Томаш Хандел е нов играч на Црвена звезда. Преодниот рок во Србија трае до 15 септември, а вечерва на полноќ истекува рокот на УЕФА за пријавување на играчите со кои клубовите ќе настапат во Лига Европа.
Овој 24-годишен дефанзивен играч од редот за врска во Белград дојде од Виторија Гимараеш во трансфер вреден три и пол милиони евра, како што објавија медиумите.
Црвено-белите го потврдија доаѓањето на Португалецот на „Маракана“ со објава на социјалните мрежи („Жога Бонито“).
Според „Трансфермаркт“ вредноста на капитенот на Гимараеш изнесува 13 милиони евра. Во минатото Милан и Порто беа заинтересирани за Хандел, а во преодниот рок тој не сакаше да се пресели во ЦСКА Москва.
Тој имаше договор со португалскиот тим до 2029 година и клаузула за откуп од 50 милиони евра.
Хандел одигра 118 натпревари за Гимараеш и постигна шест гола.
Foto/ FK Crvena zvezda
Спорт
Најлудата приказна на преодниот рок – легендарниот голман излегол на кафе и не се вратил на потпис на договорот

Мексиканецот Гиљермо Очоа (40) во последен момент одлучи да ја одбие понудата на шпанскиот второлигаш Бургос.
На последниот ден од преодниот рок, голманот, кој во својата кариера бранеше на пет светски првенства, со амбиција да го стори тоа по шести пат, пристигна во споменатиот шпански клуб за да го финализира договорот со претставниците на Бургос.
Сè одеше непречено за двете страни сè до моментот кога, според шпанските медиуми, Очоа побарал да се промени една ставка во договорот (не е наведено конкретно која), потоа ја напуштил канцеларијата и заминал на кафе.
И не се вратил. Телефонските повици на претседателот на Бургос биле залудни.
Така, во последен момент, тој остана без клуб во кој имаше план да се бори за местото меѓу стативите и на тој начин да се наметне кај селекторот на „сомбреросите“ за претстојното Светско првенство – што би бил неговиот рекорден шести во кариерата.
Бургос, во меѓувреме, имале подготвен „план Б“ по ненадејното заминување на Очоа. Раководството на клубот реагираше брзо и го ангажираше Хесус Руиз, Каталонец, кој беше слободен на пазарот откако го напушти Расинг Ферол
Foto/ EPA
РЕ-Ново
Фер-плејот почнува дома: „Семеен фудбал за фер-плеј“ ја заврши пилот фазата

Проектот Семеен фудбал за фер-плеј (FFF-P) ја заврши својата пилот-фаза, обединувајќи деца и родители во Србија, Турција и Северна Македонија преку игра, фер-плеј и заеднички вредности.
Во текот на 15 месеци, децата на возраст од 7 до 11 години и нивните родители тренираа, играа пријателски натпревари и учествуваа во активности во заедницата, водејќи се од шесте столбови на фер-плејот: интегритет, толеранција, решавање конфликти, фер третман, почитување и емпатија. Резултатите се охрабрувачки – помалку конфликти на терен, подобра комуникација во семејствата и посилен дух на заедништво во клубовите.
Следната етапа е меѓународен настан и конференција во Србија, каде најуспешните учесници ќе ги споделат своите постигнувања и ќе покажат како спортот може да гради заедници засновани на почит и солидарност.
Проектот, координиран од Српската минифудбал асоцијација во партнерство со Каргенч клуб (Турција) и ФКВС (Северна Македонија), е дел од програмата Erasmus+ Sport и преку тренинзи, семејно учество и едукативни алатки нуди поинклузивна и поздравa спортска култура.
Покрај тренинзите и натпреварите, проектот создаде и креативни едукативни алатки, меѓу кои анимирани кратки филмови и документарен филм, за да се споделат методите и резултатите со училиштата, спортските клубови и заедниците низ цела Европа.