Свет
Северна Кореја сака да склучи мировен договор со САД
Севернa Кореја во понеделник побара од САД да ги укинат санкциите како услов за продолжување на мултилатералните преговори чија тема е нуклеарното разоружување.
Севернa Кореја во понеделник побара од САД да ги укинат санкциите како услов за продолжување на мултилатералните преговори чија тема е нуклеарното разоружување.
Во соопштението на министерството за надворешни работи од Северна Кореја се вели дека продолжението на преговорите зависи од подобрувањето на односите со САД .
“Неопходно е да се склучи мировен договор со кој би завршила воената состојба, која ги предизвикува непријателските односи’, соопштија од министерството за надворешни работи во Сеул.
Корејската војна која траеше од 1950 до 1953 година заврши со примирје, а мировен договор не беше постигнат./крај/б/бк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Операцијата во Иран наречена „Епски гнев“
Пентагон денеска објави дека американските напади врз Иран се нарекуваат операција „Епски гнев“.
Претходно денеска, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД го напаѓаат Иран и ги наведе причините за таквата одлука.
Израел, исто така, објави дека го напаѓа Иран, а израелскиот министер за одбрана Израел Кац и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, исто така, ги наведоа причините за нивниот потег.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.
Свет
Врховниот лидер на Иран е преместен на безбедно место
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, не е во Техеран и е преместен на безбедна локација, изјави денеска официјален претставник.
Медиумите објавија дека и иранскиот претседател Масуд Пезизкијан е исто така безбеден.
Веста дојде откако Израел соопшти дека започнал превентивен напад врз Иран, а во Техеран беа пријавени експлозии.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац претходно изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги отстрани заканите за безбедноста на земјата и дека е прогласена вонредна состојба низ целата земја.
Израел ја нарече својата воена операција против Иран „Рикот на лавот“, а одлуката за името ја донесе израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Техеран се подготвува за одмазда откако Израел денеска започна напад врз Иран, а одговорот ќе биде „разорен“, изјави ирански официјален претставник.

