Uncategorized
Ворен Бафет најбогат човек на светот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/04f564c3-e7e9-4626-8ba1-f71195293abb.jpeg)
Најбогат човек на светот со имот вреден 62 милијарди долари, според новата листа на магазинот Форбс е инвеститорот Ворен Бафет (77).
Најбогат човек на светот со имот вреден 62 милијарди долари, според новата листа на магазинот Форбс е инвеститорот Ворен Бафет.
Првите десет најбогати на светот заедно имаат 426 милијарди долари, а меѓу нив има дури четворица Индијци.
Бафет се устоличи на местото најбогат човек на светот благодарение на растежот на вредноста на акциите на неговата компанија Беркшир Хатавеј за 10 милијарди во однос на минатата година.
Сопственикот на компјутерскиот гигант Мајкрософт Бил Гејтс, по 13 години на врвот на листата на Форбс, падна на трето место со имот од 58 милијарди долари, зад телекомуникацискиот магнат од Мексико Карлос Слим Хелу, кој има 60 милијарди долари.
Индиецот Лакшми Митал-кралот на челикот е на четврто место со имот од 45 милијарди долари.
На петото и на шестото место се неговите сонародници скараните браќа Мукеш Амбани (петрохемија) со 43 милијарди и Анил Амбани (телекомуникации, енергетика) со имот од 42 милијарди долари.
Првиот Европјанин меѓу најбогатите, сопственикот на компанијата за мебел Икеа, швеѓанецот Ингвар Кампрад со имот од 31 милијарда долари е на седмо место.
Зад него со имот од 30 милијарди долари е индиецот КП Синг, кој се занимава со недвижности.
Кралот на алуминиумот русинот Олег Дерипаска е деветти со 28 милијарди долари, а десетти е германецот Карл Албрехт, сопственик на малопродажниот ланец Алди со богатство од 27 милијарди долари. (крај)хи/м
Copyright 2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Uncategorized
Сузбиен меѓународен канал за шверц на дрога во вредност од 707 илјади евра, требало да заврши во Турција
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/1-10.jpg)
Запленети 188 килограми и 636 грама наркотична дрога марихуана во заедничка акција на Царинската управа и Бирото за јавна безбедност. Со акцијата е спречен меѓународен канал за шверц на дрога. Две лица се лишени од слобода и против нив е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Ова го истакнаа директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, во изјава за медиумите на граничниот премин Богородица.
„Царинската управа влезе во трага и спречи меѓународен канал за шверц на дрога. Во заедничка акција со Бирото за јавна безбедност на граничниот премин Богородица запленети се 188 килограми и 636 грама наркотична дрога марихуана, која требало да заврши во Турција.
Случајот го следиме подолго време, што на крајот успешно резултира со откривање на криминалната мрежа, која требало да оперира во неколку држави“, истакна Николовски.
Сторителите на кривичното дело, двајца возачи, едниот од Тетово, а другиот од Кумановско, на 8 февруари влегуваат на Блаце со камион и на 9 февруари едниот од нив го презема камионот и од место меѓу Куманово и Паланка оди кон Богородица. На Богородица е извршена детаљна контрола на камионот, при што помеѓу компресирана рециклирана хартија во четири бали е пронајдена дрогата. Проценетата вредност на дрогата, информира Николовски, на црниот пазар изнесува 707 илјади евра.
Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, порача дека криминалното мочуриште во државата повеќе нема да го има.
„Заедничката акција, која траеше неколку дена, покажува дека заеднички можеме во интерес на граѓаните. Криминалното мочуриште што го имаме во државата повеќе нема да го има. Ова не е место за нив. Заеднички координирано со Царинската управа координирано работиме во неколку области. Мора да бидеме координирани. Заедно покажуваме дека можеме да работиме силно и успешно за заеднички успеси и превенција на криминалот. Нема место за криминал. Македонија мора да биде на ниво на напредните држави. Системот и законите мора да владеат. Ги сузбиваме криминалот и корупцијата на сите нивоа“, истакна директорот Јанев.
Случајот, како што беше истакнато од страна на директорите, е резултат на зајакнатата соработка и добро координирани акции на царинските и полициските службеници.
Uncategorized
Опљачкана аптека на Бит-пазар
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/Bit-pazar.jpg)
Утрово во СВР Скопје било пријавено дека во текот на ноќта била опљачкана аптека на Бит-пазар. Полицијата направи увид.
„Денеска во 08.15 било пријавено дека во текот на ноќта со употреба на сила и погоден алат било влезено во аптека на подрачјето на Бит Пазар и биле одземени пари од касата. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, извести полицијата.
Uncategorized
„Вреди“: Историска инвестиција за општините, 15 милијарди денари за капитални проекти
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/DSC_7280_1.jpg)
Со големо задоволство го најавуваме почетокот на постапката за објавување на вториот јавен повик за финансирање капитални проекти во нашите општини, со фонд од 15 милијарди денари. Оваа важна инвестиција има за цел значително да го подобри квалитетот на животот на граѓаните преку изградба на училишта, градинки, паркови, како и подобрување на водоводната и канализационата инфраструктура, велат од „коалицијата Вреди“.
Овој чекор според нив, е доказ за посветеноста на Владата на „Вреди“ за правичен развој и за справување со виталните потреби на општините, решавање на предизвиците со кои граѓаните се соочуваат со децении.
Ова, како што додаваат, е најголемата поддршка досега од централната власт за локалната самоуправа и за поправедно и поефикасно владеење на локално ниво.
На првиот јавен повик, појаснуваат од коалицијата, имаше 78 општини со 288 проекти вредни над 73 милиони евра, додека сега со овој втор повик општините ќе имаат можност да добијат уште повеќе инвестиции за нивниот развој.
Коалицијата нагласуваат, ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи кои носат конкретни подобрувања во животот на граѓаните и ги повикува сите општини да аплицираат за придобивки од овој историски фонд.