Uncategorized
Нов удар врз италијанската мафија – 70 уапсени
Уапсени се 70членови на мафијашки клан од Сиракуза, југоисточна Сицилија, во големаоперација на италијанската полиција денеска.
Уапсени се 70членови на мафијашки клан од Сиракуза, југоисточна Сицилија, во големаоперација на италијанската полиција денеска.
Уапсените се од кланот Ботаро-Атанасиои се обвинети за формирање криминална организација, трговија со дрога,рекет и лихварство.
Во полициската операција биле конфискувани 200 килограми наркотици, какои оружје.
„Со денешната операција кланот Ботаро-Атанасио е обезглавен“, изјави заменикот-обвинител на Катанија за борба против организираниот криминал Уго Роси.
Паралелно со ова, италијанската полиција нанесе нов сериозен удар и врзмрежата од соработници на уапсениот пред една недела мафијашки бос СалватореЛо Пиколо.
Во текот на ноќта воПалермо се уапсени десет лица, обвинети дека работат за Ло Пикоро и изнудуваат со мафијашки данок трговци и претприемачи.
Салваторе Ло Пиколо, наследник набосот на Коза Ностра, Бернардо Провенцано, беше уапсен на 5 ноември при операција во која италјанските власти ја обезглавија сицилијанската мафија.
/крај/бгнес/ег
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дел од Гази Баба без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на ул.Панче Пешов бр.1,3,5и7 ( општина Гази Баба ).
Uncategorized
Германија подготвува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти полицијата
Германија подготвува список на бункери кои би можеле да обезбедат итно засолниште за цивили, соопшти германското МВР.
Ќе се состави дигитална листа на бункери и засолништа за итни случаи за луѓето да можат брзо да ги најдат со помош на апликација за телефон.
Апликацијата е планирана да им овозможи на граѓаните да најдат засолниште за итни случаи на места како што се подземни железнички станици и паркинзи, јавни и приватни згради, објави Гардијан.
Uncategorized
Меркел за Би-Би-Си: Војната ќе почнеше уште порано ако не го блокиравме пристапот на Украина во НАТО во 2008 година
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави за Би-Би-Си дека војната во Украина би започнала порано доколку таа не го блокирала влезот на земјата во НАТО во 2008 година.
Ангела Меркел беше на чело на Германија 16 години, во кои се случи финансиската криза, мигрантската криза од 2015 година и руската инвазија на Украина во 2014 година.
Меркел за време на интервјуто тврдеше дека војната во Украина би започнала порано и веројатно би била полоша доколку Киев го започнал процесот за влез во НАТО во 2008 година.
„Ќе гледавме воен конфликт и порано. Апсолутно ми беше јасно дека претседателот Путин нема мирно да гледа како Украина се приклучува на НАТО. И тогаш Украина како земја сигурно не беше подготвена како што беше во февруари 2022 година“, изјави таа за Би-Би-Си.
Меркел признава дека дипломатските обиди за задржување на руските напади врз Украина не успеале, но инсистира дека тогашната политика била во согласност со европските цели во тоа време.
Покрај тоа, таа ги брани своите одлуки за време на мигрантската криза во 2015 година, што според некои ја направи морален лидер, додека други ја обвинија за зајакнување на екстремната десница.