Uncategorized
Финска против воведување нови критериуми за земјите кандидати за ЕУ
Финскиот премиер Мати Ванханен денеска го отфрли предлогот на новите земји кандидати за членство во Европската унија да им се воведат дополнителни критериуми.
Финскиот премиер Мати Ванханен денеска го отфрли предлогот на новите земји кандидати за членство во Европската унија да им се воведат дополнителни критериуми.
„Новите критериуми не треба да се воведуваат за земјите кандидати, но императивно е постоечките критериуми да бидат исполнети“, изјави финскиот премиер, чија земја од 1 јули го презема претседавањето со ЕУ.
Ванханен, кој пред Европскиот парламент ја претстави програмата на својата земја во текот на шестмесечното претседавање со Унијата, изјави дека ЕУ и натаму треба да биде една „отворена унија“ и дека европските земји што ќе ги исполнат критериумите за членство треба да станат членки.
„Одлуката за датумот за пристапување на Романија и Бугарија ќе биде донесена во текот на финското претседавање со ЕУ. Преговорите со Хрватска и Турција ќе бидат продолжени врз основа на напредокот што ќе биде постигнат“, истакна финскиот премиер.
Во заклучоците од самитот на ЕУ се наведува дека анализата на Европската комисија за „абсорпциската моќ“ на ЕУ за прием на нови членки мора да го опфати и објаснувањето на тој процес на европските граѓани.
Тоа е нагласено имајќи предвид дека на референдумите за европскиот устав во Холандија и Франција не беше прифатен заедничкиот европски документ, пред се како противење на турскиот влез во ЕУ, но и поради убедувањето дека последното проширување со 10 нови земји членки ги загрозува работните места и животниот стандард на постарите членки на Унијата.
Во заклучоците исто е наведено дека со „влегувањето на нови членки ја потврди историската шанса за придонес кон мирот, безбедноста, стабилноста, демократијата, владеењето на законите, како и развојот и благосостојбата на ЕУ во целост“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дел од Гази Баба без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на ул.Панче Пешов бр.1,3,5и7 ( општина Гази Баба ).
Uncategorized
Германија подготвува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти полицијата
Германија подготвува список на бункери кои би можеле да обезбедат итно засолниште за цивили, соопшти германското МВР.
Ќе се состави дигитална листа на бункери и засолништа за итни случаи за луѓето да можат брзо да ги најдат со помош на апликација за телефон.
Апликацијата е планирана да им овозможи на граѓаните да најдат засолниште за итни случаи на места како што се подземни железнички станици и паркинзи, јавни и приватни згради, објави Гардијан.
Uncategorized
Меркел за Би-Би-Си: Војната ќе почнеше уште порано ако не го блокиравме пристапот на Украина во НАТО во 2008 година
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави за Би-Би-Си дека војната во Украина би започнала порано доколку таа не го блокирала влезот на земјата во НАТО во 2008 година.
Ангела Меркел беше на чело на Германија 16 години, во кои се случи финансиската криза, мигрантската криза од 2015 година и руската инвазија на Украина во 2014 година.
Меркел за време на интервјуто тврдеше дека војната во Украина би започнала порано и веројатно би била полоша доколку Киев го започнал процесот за влез во НАТО во 2008 година.
„Ќе гледавме воен конфликт и порано. Апсолутно ми беше јасно дека претседателот Путин нема мирно да гледа како Украина се приклучува на НАТО. И тогаш Украина како земја сигурно не беше подготвена како што беше во февруари 2022 година“, изјави таа за Би-Би-Си.
Меркел признава дека дипломатските обиди за задржување на руските напади врз Украина не успеале, но инсистира дека тогашната политика била во согласност со европските цели во тоа време.
Покрај тоа, таа ги брани своите одлуки за време на мигрантската криза во 2015 година, што според некои ја направи морален лидер, додека други ја обвинија за зајакнување на екстремната десница.