Uncategorized
Германско момче испратено во Сибир поради насилно однесување
Шеснаесет годишномомче е испратено во Сибир, каде што треба да го подобри своето насилнооднесување, потврдија властите на германската сојузна покраина Хесен.
Шеснаесет годишномомче е испратено во Сибир, каде што треба да го подобри своето насилнооднесување, потврдија властите на германската сојузна покраина Хесен.
Момчето покажувало голема наклонетосткон насилство во својот дом, на училиште и во домот за детска психијатрија.Тинејџерот неколку пати им нанел тешки повреди на воспитувачите и на својатамајка.
Според одлуката на Канцеларијата задеца и млади во Хесен, момчето заедно со воспитувач поминува девет месеци воедно сибирско место.
Селото во кое што живеат немаинтернет, телевизија и телефон. Момчето само мора да набавува дрва за огрев ивода за пиење.
Канцеларијата за деца и млади гиотфрли тврдењата на германските медиуми дека станува збор за казна.
Оттаму објаснуваат дека престојот намомчето во Сибир претставува последна можност и оти поминување некое време восредина каде нема „предизвици“ претставува посебна педагошка мерка.
Последниот период во Германија севоди жестока расправа за намалувањето на криминалот кај младите.
Либералната јавност се противи напредлогот даден од конзервативните политичари за снижување на староснатаграница за одредување казна затвор, како и толкувањето дека главна причина зарастот на криминалот кај младите е зголемениот број на млади мигранти.
/крај/бе/ам
Copyright 200
8
makfax
.Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина иливо делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дел од Гази Баба без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на ул.Панче Пешов бр.1,3,5и7 ( општина Гази Баба ).
Uncategorized
Германија подготвува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти полицијата
Германија подготвува список на бункери кои би можеле да обезбедат итно засолниште за цивили, соопшти германското МВР.
Ќе се состави дигитална листа на бункери и засолништа за итни случаи за луѓето да можат брзо да ги најдат со помош на апликација за телефон.
Апликацијата е планирана да им овозможи на граѓаните да најдат засолниште за итни случаи на места како што се подземни железнички станици и паркинзи, јавни и приватни згради, објави Гардијан.
Uncategorized
Меркел за Би-Би-Си: Војната ќе почнеше уште порано ако не го блокиравме пристапот на Украина во НАТО во 2008 година
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави за Би-Би-Си дека војната во Украина би започнала порано доколку таа не го блокирала влезот на земјата во НАТО во 2008 година.
Ангела Меркел беше на чело на Германија 16 години, во кои се случи финансиската криза, мигрантската криза од 2015 година и руската инвазија на Украина во 2014 година.
Меркел за време на интервјуто тврдеше дека војната во Украина би започнала порано и веројатно би била полоша доколку Киев го започнал процесот за влез во НАТО во 2008 година.
„Ќе гледавме воен конфликт и порано. Апсолутно ми беше јасно дека претседателот Путин нема мирно да гледа како Украина се приклучува на НАТО. И тогаш Украина како земја сигурно не беше подготвена како што беше во февруари 2022 година“, изјави таа за Би-Би-Си.
Меркел признава дека дипломатските обиди за задржување на руските напади врз Украина не успеале, но инсистира дека тогашната политика била во согласност со европските цели во тоа време.
Покрај тоа, таа ги брани своите одлуки за време на мигрантската криза во 2015 година, што според некои ја направи морален лидер, додека други ја обвинија за зајакнување на екстремната десница.