Uncategorized
Погребан Борис Елцин
Првиот претседател на Русија Борис Николаевич Елцин е погребан денеска на гробиштата Новодевичје во Москва.
Првиот претседател на Русија Борис Николаевич Елцин е погребан денеска на гробиштата Новодевичје во Москва.
Од претседателот се простија неговата сопруга Наина, на која и беше предадено руското знаме што го прекриваше ковчегот, а потоа и роднините.
Елцин, кој почина од срцева слабост на 77 години, беше погребан со звуците на руската химна и со трикратен истрел од артилериски оружја.
Пред погребот, илјадници лица го испратија телото на Елцин по московските улици, откако претходно, во црквата Христос Спасителот, која тој ја возобнови откако дојде на функција, беше извршено опело
.
Покрај руските политичари, предводени од претседателот Владимир Путин, Елцин на своето последно патување го испратија и бројни сегашни и поранешни политичари од светот.
Европската комисија на погребот ја претставуваше еврокомесарот за надворешни работи Бенита Фереро-Валднер. На траорната церемонија учествуваа поранешните американски претседатели Бил Клинтон и Џорџ Буш – постариот. Делегацијата на Германија ја предводеше претседателот Хорст Келер. Велика Британија ја претставуваше принцот Ендрју, Франција, министерот за надворешни работи Филип Дуст-Блази, Шпанија- претседателот на Уставниот суд Марија Емилија Касас, Италија – екс-премиерот Џулио Андреоти. На погребната церемонија присуствуваа и поранешните претседатели на Финска, Мауно Коивисто, на Бугарија Жељу Желев и на Полска Лех Валенса.
Од државите на Заедницата на независни држави и Балтикот присуствуваа – претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбаев, претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, претседателот на Ерменија Роберт Кочарјан, премиерот на Украина, Виктор Јанукович и екс претседателот Леонид Кучма, премиерот на Таџикистан, Акил Акилов, сегашниот и бившиот претседател на Литванија Валдас Адамкус и Алгирдас Бразаускас, како и претседателот на Естонија Томас Хендрик Илвес./крај/б/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
„Вреди“: Историска инвестиција за општините, 15 милијарди денари за капитални проекти
Со големо задоволство го најавуваме почетокот на постапката за објавување на вториот јавен повик за финансирање капитални проекти во нашите општини, со фонд од 15 милијарди денари. Оваа важна инвестиција има за цел значително да го подобри квалитетот на животот на граѓаните преку изградба на училишта, градинки, паркови, како и подобрување на водоводната и канализационата инфраструктура, велат од „коалицијата Вреди“.
Овој чекор според нив, е доказ за посветеноста на Владата на „Вреди“ за правичен развој и за справување со виталните потреби на општините, решавање на предизвиците со кои граѓаните се соочуваат со децении.
Ова, како што додаваат, е најголемата поддршка досега од централната власт за локалната самоуправа и за поправедно и поефикасно владеење на локално ниво.
На првиот јавен повик, појаснуваат од коалицијата, имаше 78 општини со 288 проекти вредни над 73 милиони евра, додека сега со овој втор повик општините ќе имаат можност да добијат уште повеќе инвестиции за нивниот развој.
Коалицијата нагласуваат, ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи кои носат конкретни подобрувања во животот на граѓаните и ги повикува сите општини да аплицираат за придобивки од овој историски фонд.
Uncategorized
Дел од Ѓорче Петров и Чаир без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
-Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од објекти во круг на поранешен стопански објект на „Велурфлок“ во населба Хром(општина Ѓорче Перов);
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Алберт Станиќ, ул. Азем Хајдари, ул.Прохор Пчински (општина Чаир);
Uncategorized
Девојка избоде три лица во Софија, психијатриските клиники одбиваат да ја примат
Дваесет и двегодишна жена денеска избоде тројца мажи во парк во Софија, а еден од нив е во тешка состојба, јавија бугарските медиуми.
Девојката наводно е уапсена во меѓувреме.
Очевидци тврдат дека девојка со голем нож нападнала тројца минувачи во парк, пренесува бугарскиот портал „Новини“ додавајќи дека насекаде имало многу крв.
Наводно, мајката ѝ рекла на полицијата дека ќерка ѝ одбива да ги зема лековите што ѝ биле препишани и дека нејзината состојба нагло се влошила последните денови.
„БНТ њуз“ пренесува дека сите психијатриски клиники во моментот одбиваат да ја примат 22-годишната девојка поради недостиг на простор.