Uncategorized
Температурите во Русија до минус 61 Целзиусов степен
Вонредна состојба поради ниските температури што се очекува да зафатат шест региони во Русија во наредните три дена, е објавена денеска.
Вонредна состојба поради ниските температури што се очекува да зафатат шест региони во Русија во наредните три дена, е објавена денеска во Москва.
Метеоролозите најавуваат температури и до минус 61 Целзиусов степен во Магданската област, а слична ќе биде ситуацијата и во околните места, каде се очекува температурите да бидат од минус 51 до минус 56 степени.
Ова е втор студен бран кој ја зафаќа Русија од почетокот на годинава и според метеоролозите, ќе трае до крај на претпоследната недела во февруари.
Во првиот кој заврши пред две недели, во Москва, Санкт Петерсбург, Киев како и во други градови на крајниот Исток, од студ умреа преку 130 лица.
Притоа беа нанесени и големи штети во инфраструктурата, но и во трговските односи, бидејќи Русија поради зголемените енергетски потреби ги намали испораките на природен гас на своите европски коминтенти.
/крај/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дел од Гази Баба без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на ул.Панче Пешов бр.1,3,5и7 ( општина Гази Баба ).
Uncategorized
Германија подготвува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти полицијата
Германија подготвува список на бункери кои би можеле да обезбедат итно засолниште за цивили, соопшти германското МВР.
Ќе се состави дигитална листа на бункери и засолништа за итни случаи за луѓето да можат брзо да ги најдат со помош на апликација за телефон.
Апликацијата е планирана да им овозможи на граѓаните да најдат засолниште за итни случаи на места како што се подземни железнички станици и паркинзи, јавни и приватни згради, објави Гардијан.
Uncategorized
Меркел за Би-Би-Си: Војната ќе почнеше уште порано ако не го блокиравме пристапот на Украина во НАТО во 2008 година
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави за Би-Би-Си дека војната во Украина би започнала порано доколку таа не го блокирала влезот на земјата во НАТО во 2008 година.
Ангела Меркел беше на чело на Германија 16 години, во кои се случи финансиската криза, мигрантската криза од 2015 година и руската инвазија на Украина во 2014 година.
Меркел за време на интервјуто тврдеше дека војната во Украина би започнала порано и веројатно би била полоша доколку Киев го започнал процесот за влез во НАТО во 2008 година.
„Ќе гледавме воен конфликт и порано. Апсолутно ми беше јасно дека претседателот Путин нема мирно да гледа како Украина се приклучува на НАТО. И тогаш Украина како земја сигурно не беше подготвена како што беше во февруари 2022 година“, изјави таа за Би-Би-Си.
Меркел признава дека дипломатските обиди за задржување на руските напади врз Украина не успеале, но инсистира дека тогашната политика била во согласност со европските цели во тоа време.
Покрај тоа, таа ги брани своите одлуки за време на мигрантската криза во 2015 година, што според некои ја направи морален лидер, додека други ја обвинија за зајакнување на екстремната десница.