Uncategorized
Половина од светското население во 2008 година ќе живее во градовите
Над 3,3 милијарди жители во светот, во средината на идната година ќе живее во градовите.
Над 3,3 милијарди жители во светот, во средината на идната година ќе живее во градовите.
Ова се наведува во најновиот извештај за растот на светското население за 2007 година на Фондот за население на Обединетите нации (ОН), што денеска беше претставен во Лондон.
ОН ги повикуваат власти од целиот свет да изнајдат решение за евентуалните опасности што ги носи пренатрупувањето на градовите.
„До 2030 година во градовите ќе живеат скоро пет милијарди жители“, се наведува во извештајот.
„Во 2008 година, половина од светското население ќе живее во урбана средина, а ние за тоа не сме подготвени“, смета извршниот директор на фондот на ОН, Тораја Ахмед Обаид.
Таа истакна дека „без планирано ширење на градовите, на градското население во светот му се заканува беда, ограничени можности за младите и верски екстремизам“. Според неа, со таков тренд најтешко ќе се справат државите во развој.
„Градовите, сиромашните луѓе ги гледаат како товар, но таквите луѓе би требало да се сметаат за придобивка на градовите. Вложувањето во нив преку изградба на станови, вложување во нивното образование, би значело раст на економската сила, која што може да работи и да создаде понатамошен раст на градовите“, смета Обаид.
/крај/хи/ам
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
„Вреди“: Историска инвестиција за општините, 15 милијарди денари за капитални проекти
Со големо задоволство го најавуваме почетокот на постапката за објавување на вториот јавен повик за финансирање капитални проекти во нашите општини, со фонд од 15 милијарди денари. Оваа важна инвестиција има за цел значително да го подобри квалитетот на животот на граѓаните преку изградба на училишта, градинки, паркови, како и подобрување на водоводната и канализационата инфраструктура, велат од „коалицијата Вреди“.
Овој чекор според нив, е доказ за посветеноста на Владата на „Вреди“ за правичен развој и за справување со виталните потреби на општините, решавање на предизвиците со кои граѓаните се соочуваат со децении.
Ова, како што додаваат, е најголемата поддршка досега од централната власт за локалната самоуправа и за поправедно и поефикасно владеење на локално ниво.
На првиот јавен повик, појаснуваат од коалицијата, имаше 78 општини со 288 проекти вредни над 73 милиони евра, додека сега со овој втор повик општините ќе имаат можност да добијат уште повеќе инвестиции за нивниот развој.
Коалицијата нагласуваат, ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи кои носат конкретни подобрувања во животот на граѓаните и ги повикува сите општини да аплицираат за придобивки од овој историски фонд.
Uncategorized
Дел од Ѓорче Петров и Чаир без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
-Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од објекти во круг на поранешен стопански објект на „Велурфлок“ во населба Хром(општина Ѓорче Перов);
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Алберт Станиќ, ул. Азем Хајдари, ул.Прохор Пчински (општина Чаир);
Uncategorized
Девојка избоде три лица во Софија, психијатриските клиники одбиваат да ја примат
Дваесет и двегодишна жена денеска избоде тројца мажи во парк во Софија, а еден од нив е во тешка состојба, јавија бугарските медиуми.
Девојката наводно е уапсена во меѓувреме.
Очевидци тврдат дека девојка со голем нож нападнала тројца минувачи во парк, пренесува бугарскиот портал „Новини“ додавајќи дека насекаде имало многу крв.
Наводно, мајката ѝ рекла на полицијата дека ќерка ѝ одбива да ги зема лековите што ѝ биле препишани и дека нејзината состојба нагло се влошила последните денови.
„БНТ њуз“ пренесува дека сите психијатриски клиники во моментот одбиваат да ја примат 22-годишната девојка поради недостиг на простор.