Uncategorized
Осум мртви од саломонела во Германија

Осум луѓе умреле
во германскиот град Фулда, откако кон крајот на април во ова место изби
епидемија на саломонела, јавуваат германските медиуми.
Осум луѓе умреле
во германскиот град Фулда, откако кон крајот на април во ова место изби
епидемија на саломонела, јавуваат германските медиуми.
До сега оболеле
260 луѓе, а станува збор за пациенти на една болница и станари на старечки дом
во Фулда.
Според
германските медиуми, епидемијата „се преселила“ и во соседната покраина
Тирингија, каде што заболеле двајца граѓани што биле пациенти во болницата во
Фулда, како и едно момче кое таму било на пракса.
За две лица кои умреле
по избивањето на епидемијата недвосмислено како причина за смртта е наведена
заразата со саломонела.
Државното
обвинителство отвори истрага поради убиство од немарност во два случаја и
нанесување на телесни повреди од немарност во повеќе од 260 случаи.
Според вчерашните
наоди на здравствените власти во Германија, епидемијата ја предизвикал десерт
со шлаг што во кантината го јаделе вработените во болницата.
Заразата подоцна
брзо се раширила меѓу пациентите во болницата кои спорната храна воопшто не ја
јаделе, а потоа и меѓу луѓето во старечкиот дом.
Салмонелозите
спаѓаат во болести чие појавување во Германија мора да се пријави кај
здравствените власти. Бројот на луѓето во Германија што годишно ќе се зарази со
еден од 120-те вида саломонела, опаднал од 200.000 во 1990 година на околу
52.000 во 2006 година.
/крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Џиновската кукла на Ким Кардашјан на Тајмс сквер предизвика бурни реакции: „Таму шетаат деца“

Ким Кардашјан предизвика бурни реакции со новата кампања, која ја промовира СКИМС – нејзината линија костими за капење и долна облека.
Таа постави џиновска кукла на надувување во сино бикини на Тајмс сквер во Њујорк.
Постаавката е долга 18 метри, а поради нереалните пропорции на куклата, 44-годишната реална ѕвезда доби многу критики.
„Нереално прикажување на женското тело“, „Има деца што се шетаат, не е во ред“, „Што е со луѓето што го одобрија ова?“, „Го сакам СКИМС, но ова е страшно“, „Нарушување на јавно место“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.
Новата колекција на костими за капење СКИМС се одликува со смели животински принтови и женствени силуети, со леопард и тигарски дезени во нежни нијанси на шампањ.
Uncategorized
Средба Мисајловски – Салај Бобровници во рамките на унгарско-македонскиот владин самит: Ние не сме само набљудувачи на сегашноста, туку архитекти на подобра и посигурна иднина

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска оствари билатерална средба со својот унгарски колега Кристоф Салај Бобровницки во рамки на кој денеска се одржува во Будимшешта, Република Унгарија.
Уште еден значаен чекор кон побезбедна, посигурна и просперитетна иднина, за граѓаните на двете држави, за регионот и Европа, беше констатирано од страна на двајцата соговорници на денешната средба.
Мисајловски во оваа прилика додаде дека е потребно да се искористи секоја можна соработка која ќе придонесе не само проширување и продлабочување на односите меѓу двете земји туку на развој на државите.
„Еден од најважните критериуми за развој е зачувување на мирот, безбедноста и стабилноста. Токму затоа е потребно заеднички да продолжиме да вложуваме во јакнењето на регионалната безбедност, како би можеле поефикасно да се справиме со предизвиците со кои се соочуваме“, истакна министерот Мисајловски и додаде дека е особено горд што одбранбената соработка со Унгарија се интензивира особено по потпишувањето на Планот за билатерална соработка меѓу двете земји.
„Ние не сме само набљудувачи на сегашноста, туку архитекти на подобра и посигурна иднина. Активностите кои се опфатени со Планот се доказ за сериозната посветеност меѓу двете министерства и армии и за нас е од особена важност е можноста за размена на искуства и знаења кои двете земји ги нудат во насока на зајакнување на човековите капацитети“, потенцира Мисајловски.
Унгарскиот министер Салај Бобровницки на оваа средба кажа дека се отвораат нови можности во процесот на набавки и развој во делот на одбранбената индустрија преку договор Влада со Влада, можноста за набавки на воена опрема од страна на унгарски производители, како и за интензивирање на соработка во процесот на обука и вежби за припадниците на специјалните сили и армиите воопшто.
За време на состанокот се разговараше и за Меморандумот за разбирање меѓу двете институции, кој е во завршна фаза на усогласување, а кој ќе биде дополнителен импулс градењето на меѓусебната соработка.
Uncategorized
Лавров: Европа го поткопува решението на конфликтот во Украина

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека само Западот и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ги попречуваат мировните преговори.
За време на посетата на Доха, тој рече дека претседателот на Русија, Владимир Путин, многупати одговарал на лажните обвинувања за преговорите и дека најдобрата помош за оние кои искрено сакаат да го решат овој конфликт е да разберат зошто настанал овој конфликт.
„Европа отворено се обидува да го поткопа решението на конфликтот во Украина. Ова е менталитетот „или-или“ што владее во Европа во последно време“, рече Лавров, пренесува „Раша тудеј“.
Според него, Русија смета дека е невозможно да се согласи на договори кои би вклучиле и повторно вооружување на Украина.
„Она што остана од Украина мора да се ослободи од расистичките закони“, рече Лавров и додаде дека Европа со своите постапки покажала дека не сака никаков мир, бидејќи „нејзиниот штитеник не ги исполнил сите задачи што му ги дала“.
На прашањето дали е вистина дека Москва се согласила да користи 300 милијарди долари замрзнати средства за обнова на Украина, под услов некои од нив да бидат наменети за потребите на новите руски региони, Лавров посочи дека не се зборува за „имот украден од Европејците“ и дека е сигурен дека ова прашање ќе биде решено наскоро, како што истакна и шефот на американскиот Стејт департмент, Рубио.
Тој додаде дека средба на руски и американски претставници на која ќе се разговара за работата на амбасадите ќе се одржи на 27 февруари во Истанбул.
Истовремено, тој отфрли секакви опции за распоредување европски мировни сили во Украина, наведувајќи дека Русија воопшто не го разгледува тоа, пренесува РИА Новости.
Лавров на прес-конференцијата во Катар посочи дека оваа идеја, која, како што рече, ја наметнуваат Европејците, „односно Франција и Велика Британија“, има за цел натамошна ескалација на конфликтот и сузбивање на обидите за прекин на конфликтот.
„Макрон во Вашингтон зборуваше за потребата од итен прекин на огнот, за воведување на овие мировни сили, а потоа, наводно, ќе зборуваме за териториите, за судбините на луѓето, за другите принципи на решавање. Ова е измама. Не можете да одите до договор чија цел е да се постигне една единствена цел, да се напумпа Украина со оружје“, рече Лавров.
„Облогот на Западот за воено решение е безнадежен“, рече тој.
Зборувајќи за потенцијалното искористување на руските замрзнати средства, тој рече дека Москва ќе има одговор на тоа.
„Прашањето за рускиот имот на Запад нема да исчезне од агендата на преговорите во Украина“, рече Лавров, нагласувајќи дека имотот првенствено е украден од Европејците.
Лавров пристигна во Доха на средба со катарскиот емир Тамим бин Хамад ал Тани, пренесува Танјуг.