Свет
На демонстрациите во Техеран нападнати опозициските лидери
На протестите што иранската влада ги организираше во поддршка на Палестинците, поддржувачите на режимот на Ахмадинеџад ји напднаа челниците на опозицјата Мирхосеин Мусави и поранешниот претседател Мухамед Хатами
Државната новинска агенција пренесла дека Мирхосеин Мусави кој на јунските претседателски избори ја предводеше опозицијата, кој попладнето му се придружил на собирот, би дочекан од поддржувачите на режимот на претседателот Махмуд Ахмадинеџад со мовиците „Смрт за лицемерот Мусави“. Некои се качиле на неговото возило и ударале по него, шприсилувајќи го да го напушти собирот, јави IRNA.Интернетската страница на поранешниот иранснки претседатели Мухамад Хатами објави и дека неговите следбеници биле нападнати од режимлиите но интервенирала полицијата при што уапсила опозиционери. Друга од интернетските страници кои се единствените медиуми на иранската опозција објави дека бил нападнат и самиот Хатами „Група конзервативци гонападна Хатами, нему му беше бутнат турбанот и сакаа да го тепаат. Во тоа ги спречија неговите поддржувачи, а потоа интервенираше полицијата за спреќување протести“, стои нa Parlemennews.ir.AFP пренесува дека десетина илјади поддржувачи на иранската опозоција барале ослободување на политичкит езатвореници. Прорежимските припадници, во цивилки биле на мототи и со метални палки кружеле околу демонстрантите, а некои од нив биле уапсени. Надвор од Техеран, припадниците на исламската милиција Басиџ ги нападнале демоснтрантите во северниот град Табриз каде што полицијата се вмешала но повторно уапсила опозиционери, а од таков судир имало и во градот Исфахан, пренесe Mowjcamp.com.Ова беа први гоелми денонстрации против Ахадинезџад по 9-ти јули, откао по речиси целомесечните протести загинаа најмалку 17 лица а стотици беа приведени и упасени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Не сакал да го остави синот“: Татко и син со инвалидитет меѓу жртвите од пожарот во Лос Анџелес
Најмалку 10 лица загинаа во пожарите во Лос Анџелес, а се стравува дека бројот на жртвите ќе се зголеми откако истражителите ќе успеат безбедно да пристапат до населбите.
Татко и син, двајцата со инвалидитет, загинаа во пожар во Алтадена, објави Вашингтон пост.
Хаџим Вајт, жителка на Арканзас, рече дека последен пат комуницирала со нејзиниот татко, Ентони Мичел, во средата наутро.
„Тој рече: „Душо, само да знаеш, има пожар и ќе мора да се евакуираме“. Потоа рече: „Морам да одам, има пожар во дворот“, раскажа Вајт.
In a heartbreaking incident linked to the ongoing wildfires in Southern California, a great-grandfather and his son tragically lost their lives while attempting to escape the flames.
The victims, 67-year-old Anthony Mitchell, a retired salesman and amputee, and his son Justin,… pic.twitter.com/dnsqXbgWul
— Dhruv (@dhruv2038) January 10, 2025
Мичел (67), пензиониран продавач кое се потпираше на инвалидска количка, живееше во Алтадена со неговиот син Џастин, млад човек во раните 20-ти години, кој боледуваше од церебрална парализа.
Вајт добила вест дека ниту нејзиниот татко ниту Џастин не успеале да се спасат од пламенот.
Властите го информирале семејството дека Мичел бил пронајден покрај креветот на неговиот син, што го навело семејството да верува дека тој се обидувал да го спаси Џастин.
„Тој не сакал да го остави синот. Не по секоја цена. Многу е тешко. Тоа беше како тон цигли да ми паднаа на градите“, рече Вајт.
Вајт го опишала нејзиниот татко како дарежлив човек кој ги обожавал своите четири деца, 11 внуци и 10 правнуци.
Свет
Шпигел: Шолц го блокираше испраќањето оружје во Украина во вредност од три милијарди евра
Германскиот канцелар, Олаф Шолц, го блокира планот за испраќање на пакет оружје од 3 милијарди евра во Украина, пишува „Дер Шпигел“.
Планот, откриен од Шпигел, го претставија министерката за надворешни работи Аналена Баербок од Зелените и министерот за одбрана Борис Писториус од Социјалдемократската партија на Шолц. Двајцата се обидоа да и снабдат на Украина клучни системи за оружје, вклучително и три дополнителни батерии за воздушна одбрана Ирис-Т, 10 хаубици и повеќе артилериска муниција.
Според извештајот, подготовката на пакетот помош започна веднаш по падот на коалициската влада во ноември, а Баербок и Писториус имаа намера да обезбедат парламентарно одобрение за финансирањето пред предвремените избори во февруари.
Нивните министерства го оправдаа барањето со наведување на влошената воена ситуација во Украина, засилена со сомнежите за континуираната американска поддршка по изборната победа на Доналд Трамп. Баербок и Писториус го поставија предлогот како клучен доказ за непоколебливата поддршка на Германија.
И покрај нивните напори, Шолц се спротивставил на планот, пишува „Шпигел“. Актуелниот канцелар, наводно, тврди дека постојните распределби на воена помош – 4 милијарди евра за 2025 година, заедно со средствата од заемот од 50 милијарди американски долари од Г7 финансиран од замрзнати руски средства – се доволни. Тој изрази загриженост за преземањето на големи финансиски обврски од страна на новата влада по изборите.
Важна улога играат и политичките пресметки. Гласините велат дека лидерот на СПД стравува дека ќе изгуби гласови со испраќање дополнително оружје среде изборна кампања.
Свет
Данската влада размислува за зголемување на военото присуство на Гренланд
Данската влада предложи купување на два нови брода за истражување на Арктикот и зголемување на бројот на патроли со санки за кучиња за да го зајакне своето воено присуство на Гренланд.
Покрај тоа, владата предложи надградба на аеродромот во Кангерлусуак, поранешна американска воена база во западен Гренланд, за да можат таму да бидат распоредени борбени авиони Ф35, пренесува Ројтерс.
Данска веќе одвои 400 милиони долари за зајакнување на активностите за надзор и разузнавање во Арктикот и северните делови на Атлантскиот Океан со помош на дронови со долг дострел.
Претходно оваа недела, новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека САД сакаат да ја преземат контролата врз територијата на Гренланд, која е дел од Данска.
Гренландскиот премиер Муте Егеде, кој се залага за нејзина независност, рече дека Гренланд мора да остане обединет, а истовремено ги повика Гренландците да не паничат.
Данска има ограничени воени капацитети на Гренланд, кои во моментов вклучуваат четири бродови, авион за набљудување и 12 патроли со санки од кучиња.
Традицијата на користење на санки за кучиња на Гренланд датира од Втората светска војна, кога патролата беше специјализирана единица на Кралската данска морнарица.