Uncategorized
Снежно невреме беснее над западна Европа
Обилни снежни врнежи денеска целосно ја парализираа западна Европа, јавуваат европските медиуми.
Обилни снежни врнежи денеска целосно ја парализираа западна Европа, јавуваат европските медиуми.
Поради снежните врнежи отежнато е движењето на возилата по патиштата, има проблеми во редот на летање, а делумно е во прекин и снабдувањето со електрична енергија.
Снежното невреме најмногу ги погоди Франција, Белгија, Германија и Велика Британија.
Во Франција, северниот дел на земјата и главниот град Париз се под снежна покривка. Поради невремето авионите слетуваат и полетуваат со задоцнување, а има и откажани летови. Медиумите јавуваат за проблеми и во патниот сообраќај, блокирани автомобили и камиони.
Слична е состојбата и во Белгија, каде што снегот непрекинато паѓа од синоќа. Брисел е под снежна покривка дебела 10 сантиметри, а поради невремето има многу сообраќајни несреќи и верижни судири. Патиштата се блокирани и поради паднати дрвја на коловозите, кои под тешкиот снег попуштиле.
И во Германија медиумите јавуваат за силни снежни врнежи и проблеми во сообраќајот предизвикани од лошото време. Утринава аеродромот во Дизелдорф бил затворен четири часа, а многу патишта се блокирани поради паднати дрвја. Метеоролозите предвидуваат дека снежните врнежи над западна Европа ќе продолжат и утре.
Во Велика Британија состојбата постепено се нормализира по синоќешниот обилен снег. Во Шкотска денеска воз излета од шините, но несреќата помина само со неколкумина повредени. /крај/бг/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

