Свет
Утре светот го добива седуммилијардитиот жител
Утре светот ќе го одбележи раѓањето на седуммилијардитиот жител на планетата земја.
Утре светот ќе го одбележи раѓањето на седуммилијардитиот жител на планетата земја.
Обединетите Нации по тој повод соопштија дека бројот на население на земјината топка до 2100 година ќе порасне на 10 милијарди жители, а можеби и до 15 милијарди доколку стапката на наталитет за малку ги надмине очекувањата.
Фондот на ОН за население (УНФПА) во извештај предупреди дека демографскиот притисок преставува голем предизвик за намалувањето на сиромаштијата и заштитата на животната средина.
Пред 2.000 години бројот на население изнесувал 300 милиони луѓе, додека околу 1800 година тој број изнесувал една милијарда. Втората милијарда е забележана во 1927 година, додека третата 32 години подоцна, во 1959 година. Четири милијарди жители земјата имала во 1974 година, а во 1987 тој број веќе изнесувал пет милијарди. Шестмилијардитиот жител е регистриран во 1999 година.
Секоја година земјата добива околу 80 милиони нови жители, што е еднакво на населението во Германија, Виетнам или Етиопија. Лицата под 25-годишна возраст опфаќаат 43 отсто од светската популација.
Главна причина за демографскиот раст во последните децении се смета т.н. “бејби бум“ од 50-те и 60-те години на минатиот век, што подоцна доведе до ново зголемување на популацијата откако родените во тоа време добија свое поколение.
Од друга страна, просперитетот, квалитетното образование и достапноста на контрацептивни средства ја намалија стапката на наталитет ја намалија до таа мерка што некои богати земји имаат проблем со намалување на бројот на жители. /крај/блиц/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Унгарија ќе увезува американски гас: „Ова е ново златно доба на соработка со САД“
Унгарија денес објави дека потпишала петгодишен договор за снабдување со гас со американската енергетска компанија „Шеврон“.
Новиот договор, потпишан од „Шеврон“ и унгарската јавна енергетска компанија „МВМ“, предвидува испорака на 400 милиони кубни метри течен природен гас годишно во текот на следните пет години, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, на заедничка прес-конференција со заменик-секретарот за енергетика на САД, Џејмс Денли.
Сијарто го поздрави новото „златно доба“ на соработка меѓу двете земји, пишуваат медиумите во регионот.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан минатиот месец на средбата со рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе продолжи да увезува руски фосилни горива, и покрај планот на ЕУ да го забрани увозот на руски гас до крајот на 2027 година.
Фото: депозитфотос
Регион
ГП Евзони блокиран поради протестот на грчките земјоделци
Денеска во 18:00 часот поради протестот на грчките земјоделци, ГП Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез во Р. Грција, соопшти АМСМ.
Од таму додаваат дека граничниот премин за излез од Грција работи само за тешки моторни возила.
Свет
Mакрон најави зголемување на казните за корисниците на дрога
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денес во Марсеј објави дека казната за употреба на канабис или кокаин ќе се зголеми од 200 на 500 евра.
Со оваа мерка, рече тој, сака да ги погоди паричниците на оние што купуваат дрога и на тој начин ги хранат мрежите за дрога, објавува телевизијата BFM.
За време на разговорот со читателите на весникот „Прованс“, Макрон го изрази своето незадоволство од младите жртви на дрога и луѓето што одат да набават дрога „како за забава“.
Тој нагласи дека секое лице што користи дрога мора да разбере дека придонесува за уништување на градовите и населбите.
Казната за корисниците на дрога беше воведена во 2020 година за да се олесни работата на судовите и да се префрли фокусот на борбата кон криминалните мрежи.
Оваа мерка се однесува на лица со максимум 10 грама кокаин или 100 грама канабис.
Претседателот на Франција, исто така, најави адаптација на борбата против мрежите за дрога, вклучително и следење на дилерите на социјалните мрежи, кои станаа нови места за трговија.
Тој повика на промена на европските правила за да се овозможи онлајн дилерите да бидат гонети, а мрежите да бидат повикани на одговорност.
„Нема да попуштиме, мора немилосрдно да притискаме“, рече Макрон, потврдувајќи дека целта е да се нападнат „шефовите на нарко мрежите“, вклучително и оние што работат од странство.
Макрон, исто така, ги истакна новите затвори со висок степен на безбедност со „апсолутно невидени нивоа на надзор“ и призна дека дилерите ќе продолжат да реагираат и да заплашуваат како што борбата се интензивира, пренесува Танјуг.
Фото: депозитфотос

