Uncategorized
Нов биланс: 160 загинати во земјотресот во Пакистан
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/920ffbe9-8ed2-4481-80c9-6eba9f8c485c.jpeg)
Спасувачките екипи досега ги извлекле телата на 160 луѓе кои загинаа во силниот земјотрес што денеска го погоди југозападен Пакистан, соопштија пакистанските власти.
Спасувачките екипи досега ги извлекле телата на 160 луѓе кои загинаа во силниот земјотрес што денеска го погоди југозападен Пакистан, соопштија пакистанските власти.
Првично беше јавено за стотина загинати, но властите стравуваат дека бројот на жртвите би можел да порасне, затоа што многу луѓе за затрупани под урнатините на куќите изградени од земја.
Голем број луѓе се повредени, а околу 1.500 куќи се уништени во лизгањето на земјиштето.
Локалните власти настојуваат да згрижат околу 12 илјади жители, кои останале без своите домови.
Епицентарот на земјотресот, со јачина од 6,5 степени е регистриран во долината Зиарат, една од најпопуларните туристички дестинации во провинцијата Белуџистан, а по главниот удар, се регистрирани уште 18 послаби потреси во истата област. Во областа Зиарат живеат околу 50 илјади луѓе.
Војската испратила хеликоптери и медицински тим во погодената област, а свои тимови испратил и Меѓународниот комитет на Црвениот крст.
Американскиот центар за геолошки истражувања соопшти дека епицентарот на земјотресот со јачина од 6,4 степени по Рихтер бил на 50 километри источно од Кета, главен град на Белуџистан.
/крај/бе/амп
Copyright
2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Uncategorized
Средба на претседателот Африм Гаши со италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/gashi-silvestri2.jpg)
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денеска оствари средба со Андреа Силвестри, амбасадор на Италијанската Репубика во РС Македонија.
Амбасадорот Силвестри му го честиташе изборот на Гаши за претседател на Собранието, како претседател избран со забележителен број гласови, посакувајќи му успешна работа и подвлекувајќи го демократскиот механизам на самиот избор. Притоа, му врачи честитка од претседателот на Италијанскиот сенат, Игнацио ла Русa, со желби за успех во натамошната работа.
Претседателот Гаши го запозна амбасадорот со тековните активности на законодавниот дом, претстојното формирање на комисиите и другите работни тела, и очекувањето за брзо формирање на новата Влада. Истакна дека како одговорен претседател ќе остане отворен за соработка со сите политички партии претставени во Собранието, бидејќи сите треба да работат за доброто на граѓаните и државата во целина. Во контекст на билатералната соработка меѓу двете земји, претседателот истакна дека високо ја вреднува соработката со пријателска Италија, земја силен поддржувач на РС Македонија на евроинтеграцискиот пат.
Амбасадорот Силвестри го информираше претседателот за постојните релации на планот на меѓупарламентарната соработка и изрази надеж дека успешната соработка ќе продолжи и во иднина по формирањето на пратеничката група во Собранието за соработка со Италијанскиот парламент. Беше споменато и неодамнешното одблежување на 30 години од воспоставените дипломатски односи меѓу Италија и Република Северна Македонија, при што амбасадорот му подари примерок од Публикацијата отпечатена по овој повод.
Двајцата соговорници разменија мислења за идната законодавна агенда, фокусот кон евроинтеграцијата на земјата и улогата на Собранието во тој процес, задржувањето на конструктивен и пријателски однос со сите соседи и градење на мостови на соработка со земјите од целот регион.
Uncategorized
Се обиделе да ограбат црква, па го нападнале клисарот: уапсени разбојници во Радовиш
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/05/црква.jpg)
Вчера во 13.30 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ги лишиле од слобода С.Р.(37) од Република Хрватска и А.К.(37) од Радовиш.
Тие се сомничат дека околу 07.30 часот од црква во Радовиш се обиделе да одземат пари, а откако биле забележани од клисарот во црквата, А.К. физички го нападнала, а С.Р. му се заканил со остар предмет, по што го напуштиле местото.
Во службен разговор во Полициската станица Радовиш тие го признале делото, по што биле задржани. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Uncategorized
Мицкоски на средба со австрискиот амбасадор Памер: Идната влада ќе работи на уште позасилена соработка на економско поле помеѓу двете држави
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/05/thumbnail_Slika-1.jpg)
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски денеска оствари средба со австрискиот амбасадор Мартин Памер.
Мицкоски му се заблагодари на Памер за поддршката што Македонија ја добива од Австрија на патот на евроинтеграциите.
Одличните односи помеѓу Македонија и Австрија на економско поле ќе бидат дополнително унапредувани и поттикнувано во наредниот период, истакна Мицкоски.
Воедно, беше потенциран и планот за борбата против корупцијата и криминалот, кои ќе бидат високо на агендата на идната влада.