Uncategorized
"Avatar" и "The Hangover" наградени со главните награди на „Златен глобус“
Популарните филмски сензации “Avatar” и “The Hangover”, ги подигнаа главните златни глобуси во неделата на церемонијата која пројде во знак на жртвите од неодамнешниот земјотрес на Хаити
Акциската авантура „Аватар“, чии 3-D ефекти ги воодушевија критичарите и фановите и заработи 1.6 билиони долари од кино салите ширум светот, е прогласен за најдобар филм во категоријата драма додека режисерот на филмот, Џејмс Камерон, ја зема наградата за најдобар режисер на годината.„3-D е иднината. Едното нешто кое ‘Аватар’, може да го направи поради својот успех – е да им се даде на другите филмаџии да размислуваат да работат со 3-D,“ изјави Камерон за новинарите.За најдобар актер во истата категорија прогласен е Џеф Бриџис за улогата на кантри пејач во „Crazy heart“, а за најдобра актерка Сандра Булок во „The Blind Side“. “The Hangover”, филмот за момците кои одат на одмор во Лас Вегас и таму ништо не им оди од рака, ја зема наградата за најдобра филмска комедија. Наградата за најдобро постигнување за актер кој глуми во комедија или мјузикл ја зеде Роберт Дауни Џуниор за„Шерлок Холмс“, додека најдобра актерка во истата категорија е Мерил Стрип за „Julie & Julia“. Најдобар странски филм e германскиoт „Бела лента“ на Михаел Ханеке, кој минатиот месец во Бохум е прогласен за најдобар европски филм.Почесната награда „Сесил Б. Де Мил“ за животно дело му е доделена на режисерот Мартин Скорсезе. Но сепак оваа година се чинеше дека холивудските ѕвезди не мислеа многу на наградите поради неодамнешната катастрофа што се случи на Хаити. Неколку од ѕвездите, во своите говори ги споменаа луѓето на Хаити и многу од ѕвездите носеа жолти, сини и црвени ленти како знак на подршка спрема жртвите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

