Uncategorized
Италијанецот што се сретна со Литвиненко позитивен на полониум 210
Италијанскиот професор Марио Скарамела, кој контактираше со рускиот шпион Александар Литвиненко, е позитивен на радиоактивниот полониум 210.
Италијанскиот професор Марио Скарамела, кој контактираше со рускиот шпион Александар Литвиненко, е позитивен на радиоактивниот полониум 210.
Радиоактивниот отров Скарамела најверојатно го проголтал, а експертите тврдат дека физичките симптомите што се пронајдени кај него, веројатно ќе имаат големо влијание врз неговото здравје, објави Би Би Си.
Италијанскиот професор во моментов се наоѓа во Велика Британија, поради истрагата поврзана со смртта на Литвиненко, што ја спроведува локалната полиција
Траги од полониум, освен кај Скарамела, се пронајдени и во канцеларијата на соработникот на Литвиненко, Борис Березовски.
Березовски е милијардер со британско државјанство, кого Русија го бара поради проневери
Скарамела во завчерашната изјава за Скотланд Јард рече дека Литвиненко му кажал за време на средбата на 1 ноември во Лондон, дека шверцувал радиоактивен материјал за сметка на поранешните негови шефови во федералната служба за безбедност(ФСБ).
Претходно, руските медиуми ги поврзуваа смртта на Литвиненко и на убиената руска новинарка Ана Политковскаја, наведувајќи дека и двајцата биле блиски со Березовски и алудирајќи, дека единствен што би имал полза од нивното убиство, би бил токму Березовски.
„Тајмс“ денеска објави дека Скотланд Јард истовремено повел истрага околу евентуална врска на труењето на Литвиненко со она на поранешниот руски премиер Егор Гајдар, но, подоцна во текот на денот, британската амбасада во Москва соопшти дека засега се отфрла поврзаност на двата случаи.
Во лондонската Кралска болница, во меѓувреме, започна обдукцијата на телото на Литвиненко, кој почина на 24 ноември под неразјаснети околности.
Дури по смртта, британските власти соопштија дека се сомневаат оти причина било труење со радиоактивниот изотоп полониум 210, по што започна претрага по траги од радиоактивност од широки размери.
Вчера министерот за внатрешни работи на Британија изјави дека биле пронајдени 12 локации каде има радиоактивни траги, меѓу кои, ресторанот каде ручале Литвиненко и Скарамела, домот на Литвиненко, домот на Березовски, па дури и два авиона на Бритиш ервејз/крај/ббц/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Стравична несреќа на автопатот Скопје–Куманово: Две возила целосно изгореа по судир, еден тешко повреден
Синоќа на автопатот Скопје – Куманово, пред клучката за обиколницата на главниот град, се случила тешка сообраќајна несреќа во која двете возила што се судриле целосно изгореле.
Според информациите од полицијата, судирот се случил помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот А.В. од селото Бујковци, и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка, со неготински таблички, управувано од Љ.Д. (56) од село Брест, штипско.
По ударот, двете возила се запалиле и целосно изгореле. Во несреќата, возачот на патничкото возило се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.
На местото на несреќата излегла увидна екипа.
Фото: илустрација (depositphotos)
Uncategorized
Бајден: Знаеме кои сме, време е да му го покажеме тоа на светот и на самите себе
Џо Бајден им се придружи на американските претседатели од редовите на Демократската партија во осудата на смртоносната пукотница во Минеаполис. Коментирајќи ја веста дека федералните агенти го убиле 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети, Бајден рече дека чинот претставува „предавство на најосновните вредности на Американците“.
Во изјавата во која се повикува на уставното право на правична постапка, Бајден рече: „Ние не сме земја што пука во своите граѓани на улица. Ние не сме земја што дозволува бруталност врз граѓаните за остварување на нивните уставни права. Ние не сме земја што го гази Четвртиот амандман и толерира тероризирање на нашите соседи“.
„Луѓето од Минесота нè потсетија на сè што значи да се биде Американец, а тие веќе претрпеа премногу под оваа администрација. Насилството и теророт немаат место во САД, особено кога нивната сопствена влада ги таргетира американските граѓани“, додаде тој.
Во малку прикриена критика кон Доналд Трамп, чија администрација се соочува со растечки критики за тактиките за имиграција, Бајден истакна: „Никој не може да го уништи она за што се залага и во што верува Америка, дури ни претседателот, ако ние, целата Америка, се заложиме и проговориме“.
„Знаеме кои сме. Време е да го покажеме тоа на светот. Уште поважно, време е да го покажеме и на самите себе“, истакна тој. Тој повика на „целосни, фер и транспарентни“ истраги за „бесмислените“ убиства на Прети и Рене Гуд.
Изјавата на Бајден следува по осудите што ги упатија претходно Барак Обама и Бил Клинтон. И двајцата ги повикаа Американците да проговорат и предупредија дека основните американски вредности се нападнати по засилената репресија на администрацијата на Трамп против имиграцијата во Минеаполис.
По напуштањето на функцијата, Бајден претежно се држеше подалеку од јавноста. Тој моментално се лекува од рак на простата и е ангажиран во пишување мемоари и развивање на претседателската библиотека.
Неговите изјави доаѓаат во време кога многу демократи се незадоволни од неговата одлука да остане претседателски кандидат на партијата долго време во текот на изборниот циклус во 2024 година, потег што критичарите го оценија како ослабување на моментумот на партијата.
Бајден на крајот ѝ ја отстапи номинацијата на потпретседателката Камала Харис, која Трамп ја победи и освои втор мандат во Белата куќа.
Uncategorized
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.

