Црна хроника
Мајка и четиригодишно дете од Скопје загинаа во сообраќајка кај Градско
Мајка и нејзиното четиригодишно дете од Скопје загинаа во сообраќајна несреќа што се случи во вторникот вечерта во близина на наплатната рампа кај Градско, на автопатот Неготино – Скопје.
Несреќата се случила околу 18.45 часот кога автомобил „мазда 3“ со скопски регистерски таблици удрил во камион „мерцедес“, исто така со скопски ознаки. Камионот бил паркиран откако претходно удрил во друг камион со иста марка. Триесет и четиригодишната Василка С. од Скопје и нејзиното дете загинале на лице место, а таткото кој го возел автомобилот, триесет и тригодишниот Г.С. ја преживеал несреќата. Без повреди поминале и возачите на двата камиона, чии возила биле паркирани на крајната трета лента на автопатот. Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Велес и Демир Капија извршија увид на местото на настанот и ги утврдуваат причините за несреќата.Сообраќајот на автопатот беше блокиран, а возилата се пренасочуваат по стариот пат. Движењето на автомобилите на автопатот се нормализира околу 23.20 часот./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Гостиварец пронашол кинески гранати под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

