Uncategorized
Израел ги обвини Иран и Сирија за ескалација на насилството
Израел ги обвини Иран и Сирија дека се одговорни за ескалација на насилството во Либан, тврдејќи дека Хезболах сака да ги префрли двајцата израелски војници во Иран, што властите во Техеран го демантираа.
Израел ги обвини Иран и Сирија дека се одговорни за ескалација на насилството во Либан.
Притоа се тврди дека Хезболах сака да ги префрли двајцата израелски војници во Иран, што властите во Техеран го демантираа.
“Хезболах не би можел да делува во Либан без јасна поддршка на Сирија“, изјави портпарол на израелското Министерство за надворешни работи, истакнувајќи дека либанските герилци се “рака на џихадскиот режим во Техеран“.
Израел, затоа, ги смета Хамас, Хезболах, Сирија и Иран, за “главни елементи на терористичката оска и омраза што претставува закана не само за Израел, туку и за целиот свет“.
Истиот извор наведува дека Хезболах настојува двајцата израелски војници што синоќа ги зароби, да ги префрли во Иран.
“Имаме прецизни информации според кои Хезболах има план за префрлање на киднапираните војници во Иран“, рече тој.
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Хамид Реза Асефи “категорично ги демантираше“ тврдењата на Израел за префрлање во земјата на двајцата израелски војници.
“Израел се затвори во кризата што сам ја создаде, и зборува бесмислици“, изјави Асефи за странските новински агенции.
/Крај/бе/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и во Струмица
Намалена видливост поради магла од 50 до 100 м има во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица, соопштуваат од АМСМ.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, посочуваат од АМСМ.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.