Свет
Зошто има повеќе жртви на Хаити отколку во Чиле?
Иако земјотресот во Чиле беше 500 пати посилен од оној на Хаити, на Хаити бројот на жртвите беше 300 пати поголем, за што најмногу е „одговорен“ специјалниот систем на изградба.
Иако земјотресот во Чиле беше 500 пати посилен од оној на Хаити, на Хаити бројот на жртвите беше 300 пати поголем, за што најмногу е „одговорен“ специјалниот систем на изградба.
Повеќе од 700 жртви во земјотресот во Чиле изгледаат како ситница во споредба со 220.000 загинати на Хаити. Најверојатно причината за ова е фактот дека Чиле е многу побогата земја од Хаити, па и квалитетот на самите градби во таа земја е далеку подобaр, пренесе BBC.
Освен тоа, Чилеанците имале и претходни искуства со земјотреси и биле подобро подготвени. Според BBC, тие точно знаат кои места се најдобри за засолниште додека трае земјотресот.
Исто така постои и големата разлика кога во прашање е епицентарот на земјотресот. Во Чиле епицентарот е регистриран 34 км под земја и бил 115 км оддалечен од најблискиот најголем град (Консепсион). За разлика од него, епицентарот на земјотресот на Хаити бил само 13 км под земја и веднаш до престолнината на Порт-о-Пренс, пишува BBC.
Она што се смета пресудно за помала штета е и нивниот специјален систем за изградба кој започнале да го применуваат по разорниот земјотрес од 1960 година. Во Чиле тогаш пронашле начин како зградите да ги направат стабилни и отпорни во случај на земјотрес. Зградите од тогаш се градени така што имаат специјални бетонски столбови, кои се засилени со челични конструкции. Кога доаѓа до земјотрес, столбовите можат да издржат скоро до самиот крај, додека челичната конструкција останува недопрена, при што зградата останува исправена и тешко се руши.
„За жал, земјотресот како овој од 8.8 степени по Рихтеровата скала е некоја граница до која овие методи можат да помогнат,“ изјави за BBC професорот Тејлор од Универзитетот од Бристол./крај/ббц/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Вештачката интелигенција помешала чипс со оружје, тешко вооружена полиција опколи ученик во САД
Систем за детекција на оружје базиран на вештачка интелигенција инсталиран во средно училиште во округот Балтимор погрешно идентификувал кеса со чипс како пиштол и ја известил полицијата, која потоа интервенирала со пиштол врз 16-годишен ученик. Таки Ален седел пред средното училиште Кенвуд по фудбалскиот тренинг јадејќи грицки кога се случил инцидентот, објавија американските медиуми.
Само дваесет минути подоцна, тој бил опкружен од осум полициски автомобили и неколку тешко вооружени полицајци. „На почетокот не знаев каде одат сè додека не почнаа да одат кон мене со оружје и да викаат: „’Легни на земја’, и бев во шок“, рече Ален.
„Ме натераа да клекнам, ги ставија рацете зад грб и ми ставија лисици. Ме претресоа и сфатија дека немам ништо“, додаде тој. „Само држев кеса Доритос со двете раце и еден прст испружен, а тие рекоа дека изгледа како пиштол“, објасни ученикот.
Овој инцидент ги истакнува очигледните недостатоци на сегашните системи за детекција на оружје што се имплементираат во училиштата низ САД. Таквиот софтвер, покрај генерирањето лажни позитиви, се покажа дека не е во состојба да спречи вистински трагедии, како што е смртоносната пукотница во средното училиште Антиох во Нешвил претходно оваа година.
Јавните училишта во округот Балтимор воведоа технологија од компанијата „Омнилерт“ со седиште во Вирџинија минатата година. Системот анализира снимки од 7.000 училишни камери и ја предупредува полицијата за потенцијално оружје во реално време.
„Бидејќи сликата многу личеше на пиштол, таа беше потврдена и проследена до безбедносниот тим на јавните училишта во округот Балтимор во рок од неколку секунди за нивна евалуација и одлука“, изјави портпаролот на „Омнилерт“, Блејк Мичел, за The Baltimore Banner.
„Дури и сега кога ја гледаме, со целосно знаење дека не е пиштол, сепак им изгледа како пиштол на повеќето луѓе“, призна тој.
Компанијата го нарече инцидентот „лажно позитивен“, но тврдеше дека системот „работел како што е предвидено: да се даде приоритет на безбедноста и свеста преку брза човечка верификација“.
Таки Ален, кој се плашел за својот живот во времето на интервенцијата, изјави за „Фокс“ дека никогаш не добил извинување од училиштето.
„Само ми кажаа дека тоа е протоколот“, рече тој. „Очекував барем некој да разговара со мене за тоа“.
Ова искуство оставило трага врз младиот ученик.
„Веќе не ми се излегува“, призна тој.
„Ако јадам уште една кесичка чипс или пијам нешто, чувствувам дека тоа ќе се случи повторно“. Семејството на Ален бара одговорност и поголем надзор врз употребата на таква технологија.
„Немаше закана што би оправдала осум пиштоли насочени кон 16-годишник“, рече неговиот дедо, Ламонт Дејвис.
Свет
Решение за војната е можно многу брзо, со три услови, рече специјалниот претставник на Кремљ во Вашингтон
Решение за војната во Украина може да се најде прилично брзо ако се решат три клучни прашања за Русија, изјави Кирил Дмитриев, специјален претставник на Кремљ и извршен директор на Рускиот фонд за директни инвестиции.
Дмитриев моментално е во посета на САД.
Дмитриев изјави за Фокс њуз: „САД, Украина и Русија разбираат какво може да биде решението и се надеваме дека ќе се постигне во разумен временски рок“. Кога еден новинар го праша да појасни за какво решение зборува, Дмитриев спомена три елементи.
„Доста сум фокусиран на економијата и инвестициите и целокупните односи со САД и обезбедувањето дијалог, но мислам дека има само неколку елементи. Еден од нив се безбедносните гаранции за Украина, а Русија е отворена за безбедносни гаранции за Украина.
Дефинитивно постои територијално прашање, каде што има руско население, руско население кое беше нападнато од украинските сили дури и пред почетокот на конфликтот.
А потоа тука е целото прашање за неутралноста на Украина, што е важно за безбедноста на Русија. Значи, всушност, нема толку многу прашања на маса, и во основа, со разбирање како тие можат да се решат дипломатски, решение всушност може да се најде доста брзо.“
Дмитриев, исто така, ја искористи можноста да го пофали американскиот претседател Доналд Трамп, истакнувајќи го напредокот постигнат во решавањето на конфликтот за време на неговиот мандат.
„Претседателот Трамп избегна ескалација во Трета светска војна“, рече претставникот на Кремљ додавајќи дека првиот човек на САД ја разбира руската позиција.
Во интервју за „Си-ен-ен“, Дмитриев додаде дека средбата меѓу Трамп и рускиот лидер Владимир Путин ќе се одржи, но веројатно подоцна.
„Мислам дека средбата е одложена – нашите дипломати мора добро да ја подготват“, рече тој.
„Одличен потег на претседателот Володимир Зеленски е што тој веќе признава дека станува збор за фронтовските линии“, рече Дмитриев. „Знаете, неговиот претходен став беше дека Русија треба целосно да си замине, па всушност мислам дека сме доста блиску до дипломатско решение што може да се постигне“.
Дмитриев вчера пристигна во Соединетите Држави на официјални разговори. Неговото пристигнување следеше по воведувањето санкции врз рускиот нафтен сектор и откажувањето на самитот меѓу Трамп и Путин што требаше да се одржи во Унгарија. Дмитриев тврди дека Русија, САД и Украина се блиску до дипломатско решение што би ја завршило војната.
Регион
Хрватска со најголем пораст на цените на пицата во Европа
Во последната година Хрватска бележи најголем раст на цените на пицата меѓу европските држави, покажуваат податоците на Евростат, пренесе „24сата.хр“.
Според анализата, во август 2024 година пицата била поскапа за 7,2 проценти во однос на истиот месец лани. Зад Хрватска се наоѓа Летонија со раст од 6,6%, а потоа следуваат Грција, Романија и Унгарија со поскапување меѓу 5 и 5,3%.
Тоа се правда со зголемените цени на брашното, сирењето, месото, зеленчукот и енергенсите. Сепак, спротивно, во Луксембург, Данска и Ирска цените на пицата дури се намалиле – од 1,8 до 2,9 проценти.
Во познатата пулска пицерија „Ин Форно“, сопственикот Морено Марини изјавил дека не ги зголемиле цените, бидејќи голем дел од квалитетните состојки ги набавуваат директно од Италија, каде што се поевтини и до 40 проценти.
„Користиме само најдобро брашно и вистинска моцарела. Сакам подобар квалитет и фер цена за гостите“, изјавил Марини за 24сата, додавајќи дека и покрај растот на трошоците, ќе се обиде да ги задржи сегашните цени.

