Свет
За „Бачило“ да одговараат сите
Да се утврди одговорноста на сите органи вклучени во случајот „Бачило“, а не само на судијката што ја досуди отштетата од 727 илјади евра, побара Врховниот суд
Да се утврди одговорноста на сите органи вклучени во случајот „Бачило“, а не само на судијката што ја досуди отштетата од 727 илјади евра, побара Врховниот суд
Да се утврди одговорноста на сите органи вклучени во случајот „Бачило“, а не само на судијката што ја досуди отштетата од 727 илјади евра, побара Врховниот суд, кој вчера на општа седница расправаше за „Бачило“. Врховниот суд вчера не даде мислење дали треба да биде разрешена судијката Снежана Геровска-Попчевска од Основниот суд 1 во Скопје, бидејќи смета дека прво треба да биде утврдена и одговорноста на Апелацискиот суд, МВР, Јавното обвинителство и на Јавното правобранителство.
Основниот суд 1 вчера добил барање да се повтори постапката за обесштетување на бачилото на Иснифарис Џемаили. Судијката Попчевска треба да ги разгледа новите докази и да одлучи дали ќе закаже рочиште за повторување на процесот.
– Мислењето дали да се разреши судијката ќе го доставиме кога ќе се утврди одговорноста кај другите институции. За Врховниот суд не е спорна нестручноста и несовесноста на судијката во случајов. На тоа веќе укажа Граѓанскиот оддел. Но, укажавме и на неправилности во работата на другите замешани органи, а тоа досега нема завршница. Не треба да одговара само судијката. Прашањето за нејзината одговорност многу брзо ќе се реши, но претходно мора да се утврди одговорноста и на другите – изјави претседателот на Врховниот суд Дане Илиев.
Републичкиот судски совет го чека мислењето на Врховниот суд пред да одлучи дали од Собранието ќе бара да ја разреши Попчевска од судската функција.
Врховниот суд заклучил дека одговорноста на судијата не може да се гледа и оценува независно од одговорноста на другите учесници во постапката. Судот побарал да се утврди одговорноста на потпоручникот од МВР, кој составил службена белешка за штета на бачилото на Иснифарис Џемаили, како и одговорност на судиите од Апелацискиот суд во Скопје, кои ја потврдиле меѓупресудата, врз основа на која подоцна е досудена отштетата од 727 илјади евра.
Побарана е и одговорност од Јавното правобранителство, задолжено да ги штити интересите на државата, но и Јавното обвинителство, кое требало да поднесе барање за заштита на законитоста пред Врховниот суд.
„Врховниот суд ја истакнува одговорноста на другите органи-учесници во постапката, задолжени за законско работење, и ја поддржува севкупната борба против корупцијата и криминалот и отчетноста на сите органи и службени лица“, соопшти вчера Судот. Тој најави дека ќе ја продолжи работата по прашањето за одговорноста во работењето на судијата и очекува дека посочените институции ќе го утврдат делот на нивната одговорност.
(И.К.И.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Штрајк во Италија: сообраќајот и работата на училиштата нарушени
Национален штрајк на најголемиот синдикат во Италија, организиран во знак на протест против буџетот на премиерката Џорџа Мелони за 2026 година, денес собра десетици илјади луѓе на улиците, со што се наруши сообраќајот на возовите, училиштата и другите јавни услуги низ целата земја.
Синдикатот CGIL проценува дека околу 61 процент од сите вработени во јавниот и приватниот сектор се приклучиле на штрајкот, додека повеќе од 500.000 луѓе учествувале на протестни собири во поголемите италијански градови.
CGIL има околу пет милиони членови, од кои половина се пензионери. „Поголемиот дел од работниците што ја водат оваа земја не се согласуваат и не го прифаќаат буџетот на оваа влада. Денес е појасно од кога било дека ни требаат промени“, изјави шефот на CGIL, Маурицио Ландини, на митинг во Фиренца.
CGIL, заедно со другите синдикати, го критикуваше планираното зголемување на трошоците за одбрана и повика на повеќе инвестиции во здравството и образованието, како и мерки за зголемување на платите и пензиите.
Владата вели дека буџетот, кој е добро прифатен од финансиските пазари и агенциите за рејтинг, ги зајакнува јавните финансии на Италија, а воедно ги намалува даноците за лицата со средни приходи. Италија во последните месеци доживеа низа штрајкови и протести низ целата земја против економските политики на владата и поддршката за Израел.
Фото: депозитфотос
Свет
Песков: Москва инсистира на мир
Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денес изјави дека Москва инсистира на мир, а не на прекин на огнот, и ја отфрли идејата на украинскиот претседател Володимир Зеленски за одржување референдум за територијалното прашање.
„Ако идејата е да се создаде изговор за барање прекин на огнот, пауза на фронтот, тогаш природно тоа нема да функционира. Бидејќи сакаме да работиме на мир, а не на прекин на огнот“, рече Песков, пренесува РИА Новости.
Портпаролот на Кремљ истакна дека прекинот на огнот би бил „измама и трик“ и дека мирот во Украина мора да има „сигурни гаранции“.
Во четвртокот, Зеленски ја објави можноста за одржување национален референдум за територијални прашања.
Москва постојано нагласуваше дека регионите што станаа дел од Русија станаа составен дел од неа и дека ова е „неоспорен и непобитен факт“, потсетуваат медиумите.
Минатата недела, рускиот претседател Владимир Путин го прими во Кремљ специјалниот пратеник на американскиот претседател Стивен Виткоф и зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер, со кого разговараше околу пет часа за суштината на мировната иницијатива на САД, но сè уште не е постигнат компромис, според руската агенција.
Рускиот лидер подоцна изјави дека Вашингтон ги поделил 27-те точки од оригиналниот план во четири насоки и предложил тие да се дискутираат одделно.
Тој објасни дека ги разгледал речиси сите од нив и дека има прашања со кои Москва не се согласува.
Зеленски отпатува во Велика Британија во понеделникот, каде што разговараше за американскиот предлог со европските лидери. Според украинските медиуми, по состанокот тој повторно одби да направи какви било отстапки по прашањето за територијата, пренесува Танјуг.
Фото: депозитфотос
Свет
Турски товарен брод погоден во ракетен напад врз Одеса
Турски товарен брод беше оштетен денес во ракетен напад во пристаништето Одеса, објави компанијата „Ченк Денизчилик“, објавија турските медиуми.
Според извештаите, во случајот нема повредени, а по нападот, на бродот избувнал пожар.
Брод што превезувал камиони од турскиот град Карасу до Одеса бил погоден во пристаништето Чорноморск кратко по пристанувањето.
Противпожарни екипи, како и екипажот на бродот, учествуваат во гаснењето на пожарот, според написите.
Фото: депозитфотос

