Свет
Тепачка за плажите од Биљанини извори до Лагадин
Заинтересираните концесионери се главно охриѓани кои веќе вршат по разни канали притисок врз локалната власт да го добијат правото на плажите
ЈАГМА ЗА ОХРИДСКОТО КРАЈБРЕЖЈЕ
Заинтересираните концесионери се главно охриѓани кои веќе вршат по разни канали притисок врз локалната власт да го добијат правото на плажите
Иако Владата на Република Македонија на локалната власт во Охрид се уште не и го има дадено на користење крајбрежјето, до надлежните градски служби пристигнале над 70 барања од фирми и поединци за добивање на плажи под концесија. Надлежните велат дека сите заинтересирани биле од Охрид, а најинтересен за нив е делот на брегот од каналот Билјанини извори, па се до просторот зад населбата Лагадин.
Меѓу оние што барале плажите да им се дадат под концесија се и хотелите "Метропол", "Гранит", "Парк", "Горица", мотелот "Два бисера", но многу поголем е бројот на баратели кои немаат објекти на овој дел од крајбрежјето.
Иако во јавноста се шират гласини дека досега имало околу 120 барања за добивање на плажи под концесија и оти, наводно,биле зацртани само 12 локации, градоначалникот на Охрид Александар Петревски енергично ги демантира и вели: "До овој момент немаме добиено одлука од Владата за користење на охридското крајбрежје, и очекуваме тоа да го стори наредната недела. Поради тоа, се уште нема утврдени локации за плажи, а досега се пристигнати околу 70 барања за концесија и сите се од Охрид. За мене е логично правото да го добијат хотелите пред кои се наоѓаат плажите. Не може тој простор да им се дава на други луѓе што не стопанисуваат со тие објекти. За сето тоа ќе одлучуваме кога Владата ќе ни го даде правото ".
Имало голем притисокот од заинтересираните за плажите врз локалната власт, но градоначалникот Петревски е дециден: "Точно е дека има притисоци, но тие се попусти. Општината има критериуми за ова".
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Вирусот на птичји грип е пронајден во говедско месо во САД
Вирусот на птичји грип е пронајден во говедско месо во САД, но официјални лица изјавија дека месото потекнува од една болна млечна крава и дека не било дозволено да се најде во продавниците во земјата, соопшти американското Министерство за земјоделство.
Надлежните прецизираат дека говедското месо останува погодно за консумирање.
Министерството соопшти дека вирусот бил откриен за време на тестирањето на 96 млечни крави кои биле извадени од производната линија бидејќи федералните инспектори забележале знаци на болеста при рутински прегледи на трупови во погоните за преработка на месо. Птичји грип е пронајден само кај една од овие крави.
Птичјиот грип е пронајден во стадата млечни говеда во девет држави, откриен е во млеко и предизвика уништување на милиони кокошки и мисирки. Сепак, неговото откритие во говедско месо е новост за епидемијата што започна во 2022 година.
Регион
Состојбата на словачкиот премиер Фицо се подобрува
Лекарскиот тим, што се грижи за словачкиот премиер Роберт Фицо, по минатонеделниот атентат денеска потврди дека неговата состојба е субјективно подобрена, соопшти прес-службата на словачката Влада.
Фицо се лекува во болницата „Рузвелт“ во Банска Бистрица.
Тој беше застрелан минатата среда од 71-годишниот писател Јурај Цинтула, кој веднаш беше приведен од полицијата.
Регион
Лоцирани се остатоците од авионот што се урна во близина на Загреб
Лоцирани се остатоците од авионот што се урна попладнево во близина на Загреб. Неофицијално се дознава дека три лица преживеале, додека едно лице починало, јавува 24сата.
„Денеска во 15 часот и 51 минути е добиена дојава за пад на мал спортски авион во шумата јужно од Керестинац. Полициски службеници излегоа на терен, се укажува помош на повредените, местото на настанот е обезбедено“, соопштија од полицијата.
Авион од типот „Цесна“ кој се користел за скокови со падобран, се урна попладнево во близина на Загреб. Според неофицијални информации, во него имало четворица членови на екипажот.
Најверојатно се работи за спортски, тренинг или туристички авион кој се урнал во недалеку од пистата во загрепската населба Јеждовец.