Uncategorized
Секоја четврта зграда во Рим е сопственост на Ватикан
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/1480d0a1-5070-46fb-bee4-7defccba47ea.jpeg)
Ватикан поседува 20 отсто од недвижниот имот во Италија, во Рим овој процент достигнува 25, што значи дека една од секоја четири згради е сопственост на католичките епархии, религиозни конгрегации и организации на Ватикан.
Ватикан поседува 20 отсто од недвижниот имот во Италија, во Рим овој процент достигнува 25, што значи дека една од секоја четири згради е сопственост на католичките епархии, религиозни конгрегации и организации на Ватикан.
Ова го покажува истражувањето на неделникот „Мондо“. Само Propaganda Fide, што е нешто како министерство за надворешни работи на Ватикан и ја координира дејноста на разните мисии во светот, поседува недвижен имот во вредност од 8-9 милијарди евра.
Во последните две години Ватикан започна да тргува со имотот, продавајќи згради за 50 милиона евра. Во 2006 г. во Рим били регистрирани 8 илјади дарувања на недвижен имот за Католичката црква, а во провинцијата Рим тие достигнале 3200. Ова е двојно повеќе од тие во Милано.
Re Spa е најголемиот и важен посредник во областа на недвижниот имот, кој работи со Ватикан и само од таа дејност реализира профит од 30 милиона евро годишно.
Банката на Ватикан IOR управува со богатство од 6 милијарди евра, тврди „Мондо“.
Ватикан е активен и во областа на туризмот. Над 200 илјади легла во различни туристички објекти се под контрола на религиозни асоцијации. Претпоставениот профит во таа област е 4,5 милијарди евра. Во Италија има вкупно 2000 манастира и опатии. Само во Рим Католичката црква дава на користење на туристите 5000 легла во религиозни објекти. Религиозниот туризам во Рим носи 150 милиони евра годишно на Ватикан./крај/бгнес/ил /
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Uncategorized
„Вреди“: Историска инвестиција за општините, 15 милијарди денари за капитални проекти
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/DSC_7280_1.jpg)
Со големо задоволство го најавуваме почетокот на постапката за објавување на вториот јавен повик за финансирање капитални проекти во нашите општини, со фонд од 15 милијарди денари. Оваа важна инвестиција има за цел значително да го подобри квалитетот на животот на граѓаните преку изградба на училишта, градинки, паркови, како и подобрување на водоводната и канализационата инфраструктура, велат од „коалицијата Вреди“.
Овој чекор според нив, е доказ за посветеноста на Владата на „Вреди“ за правичен развој и за справување со виталните потреби на општините, решавање на предизвиците со кои граѓаните се соочуваат со децении.
Ова, како што додаваат, е најголемата поддршка досега од централната власт за локалната самоуправа и за поправедно и поефикасно владеење на локално ниво.
На првиот јавен повик, појаснуваат од коалицијата, имаше 78 општини со 288 проекти вредни над 73 милиони евра, додека сега со овој втор повик општините ќе имаат можност да добијат уште повеќе инвестиции за нивниот развој.
Коалицијата нагласуваат, ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи кои носат конкретни подобрувања во животот на граѓаните и ги повикува сите општини да аплицираат за придобивки од овој историски фонд.
Uncategorized
Дел од Ѓорче Петров и Чаир без струја
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/07/DSC_4799.jpg)
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
-Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од објекти во круг на поранешен стопански објект на „Велурфлок“ во населба Хром(општина Ѓорче Перов);
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Алберт Станиќ, ул. Азем Хајдари, ул.Прохор Пчински (општина Чаир);
Uncategorized
Девојка избоде три лица во Софија, психијатриските клиники одбиваат да ја примат
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/05/bugarija-policija.jpg)
Дваесет и двегодишна жена денеска избоде тројца мажи во парк во Софија, а еден од нив е во тешка состојба, јавија бугарските медиуми.
Девојката наводно е уапсена во меѓувреме.
Очевидци тврдат дека девојка со голем нож нападнала тројца минувачи во парк, пренесува бугарскиот портал „Новини“ додавајќи дека насекаде имало многу крв.
Наводно, мајката ѝ рекла на полицијата дека ќерка ѝ одбива да ги зема лековите што ѝ биле препишани и дека нејзината состојба нагло се влошила последните денови.
„БНТ њуз“ пренесува дека сите психијатриски клиники во моментот одбиваат да ја примат 22-годишната девојка поради недостиг на простор.