Контакт

Црна хроника

Унгарец со компјутерска измама од Македонец украл 17.400 евра

Објавено пред

Единица за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, до надлежното ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против унгарскиот државјанин, 43-годишниот К.М. од Будимпешта, поради постоење основи на сомнение дека во текот на ноември годинава, со цел противправно да се стекне со имотна корист од околу 17.400 евра, сторил две кривични дела „измама“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

dobivaj vesti na viber

Имено, К.М. во текот на ноември годинава неовластено навлегол во компјутерскиот систем, на тој начин што пресретнал електронска комуникација во врска со набавка на вештачко ѓубриво на две правни лица (едно од Република Македонија, едно од Грција).

Откако правните лица се договориле за набавката на вештачко губриво (плаќањето во износ од 17.376 евра да биде по профактура), пријавениот следејќи ја комуникацијата помеѓу двете правни лица на 10-ти минатиот месец, од неговата електронска пошта скоро идентична со електронската пошта на правното лице од Грција, претставувајќи се во нивно име, испратил порака до правното лице од Скопје во која ги известил дека паричните средства треба да ги уплатат на друга банкарска сметка, затоа што претходната банкарска сметка е блокирана, притоа давајќи им банкарска сметка од банка, со седиште во Будимпешта-Унгарија.

Правното лице од Скопје два дена по добиеното известување, ја извршило уплатата на посочената банкарска сметка. По дознавањето за кривично правните настани, од страна на  Единица за економски и компјутерски криминал превземени се мерки и активности при што е утврдено дека, пријавениот за комуникација со оштетеното правно лице од Скопје, користел сервер и ИП адреса од САД и електронска пошта, која се разликува од оригиналната електронска пошта на правното лице од Грција, единствено во крајните букви на меилот и наместо „.gr“ е впишано „.cc”. 

Понатаму, во соработка со Секторот за меѓународна полициска соработка и со  Управата за финансиско разузнавање во Министерството за финансии на РМ, извршени се проверки и превземени мерки, со цел да се спречи исплата на паричните средства бидејќи истите се предмет  на кривично дело. Испратено било барање до надлежните служби во Унгарија и уплатените парични средства на банкарската сметка во Унгарија, се замрзнати и вратени на трансакциска сметка на  правното лице од Скопје./крај/мф/бс

 

Црна хроника

Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Објавено пред

Од

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.

dobivaj vesti na viber

Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Објавено пред

Од

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

фото: илустрација

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Објавено пред

Од

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.

dobivaj vesti na viber

Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Пукање во Ѓорче Петров, жител пријавил дека му е скршен прозорецот од дневната соба, а во куќата нашол две зрна од оружје

Доцна синоќа во 03:00 часот во СВР Скопје, М.Ј.(39) од Скопје пријавил дека околу 02:50 часот, додека бил во неговиот...

Македонија3 часа

Се гледаме во вториот круг, рече Шукова и повика недела да биде празник на демократијата и на слободата на одлучување

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, ја заокружи кампањата за првиот изборен круг со повик до граѓаните...

Македонија3 часа

Секој изгубен ден во политички престрелки е изгубена можност за Скопје, в недела масовно да излеземе, повика Ѓорѓиевски

На последниот ден од изборната кампања за првиот круг на локалните избори, кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО- ДПМНЕ,...

Македонија4 часа

Андоновски: Македонија добива современ и сеопфатен план за дигитален развој

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска ја претстави новата Национална стратегија за информатичко-комуникациски технологии – „СМАРТ/МК 2030“, со што,...

Свет5 часа

Нема моќно оружје за Украина: Трамп ја менува приказната по разговорите со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ќе го угости украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа, но има сè повеќе знаци...

Македонија5 часа

(Фото) Министерот за здравство се вакцинира против грип: Апелирам граѓаните навреме да се заштитат

Министерот за здравство Азир Алиу денеска го посети одделението за епидемиологија во Гостивар, каде и тој прими вакцина против сезонскиот...

Европа8 часа

(Видео) Русија: Нападнавме украински аеродром, каде што беа стационирани авиони на НАТО

Руските сили извршија напад врз воениот аеродром во Криви Рих, каде што наводно биле стационирани авиони на НАТО, објави руската...

Свет8 часа

Зеленски реагира на најавениот самит Трамп – Путин: тој денес пристигнува во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп денес е домаќин на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон за да разговараат за иднината на...

Европа8 часа

(Видео) Трамп: Го прашав Путин дали би имал ништо против ако им дадам неколку илјади „томахавки“ на Украинците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека за време на разговорот со рускиот претседател Владимир Путин ја споменал можноста Украина...

Регион8 часа

Пицула ја критикува ЕУ за пофалбите што ги дава на Србија: „Наместо тоа, барајте вистински реформи“

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, изјави дека претставниците на ЕУ треба да се воздржат од прекумерно фалење...

Свет9 часа

Дописник на Би-би-си: Заборавете на „томахавките“, состанокот Трамп – Путин е ладен туш за Украинците

Доналд Трамп повторно се обидува да ги комбинира дипломатијата и политиката на моќ – овој пат помеѓу Москва и Киев....

Македонија9 часа

Шукова: Време е за резултати, уреден Бутел, нови паркови, подобар превоз и вода за сите

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, вчера одржа митинг во Бутел, каде пред жителите порача дека...

Свет20 часа

Трамп по телефонскиот разговор: Ќе се сретнам со Путин во Будимпешта

Американскиот претседател Доналд Трамп денес разговараше по телефон со рускиот претседател Владимир Путин, еден ден пред најавената средба со украинскиот...

Македонија23 часа

МВР со детали: Поткопан е темелот на куќата на Владо Малески, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава

Се огласи полицијата по случајот со уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна....

Македонија1 ден

Очекувам победа во првиот круг, не за да добијам политичка круна, туку за да не се пролонгираат сегашната голгота и хаосот, рече Ѓорѓиевски

Кадидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, е убеден во победа, а вели дека искрено очекува тоа да...

Македонија1 ден

Поради сериозен дефект, МРТВ не емитува три дневника: се проверува дали е намерен упад во системот

Македонската радио-телевизија информира дека поради сериозен технички проблем, вчера не беше во можност да ги емитува телевизиските дневници во 17,...

Македонија1 ден

Родителите на жртвите од „Пулс“: Привремено се прекинуваат блокадите, маршевите продолжуваат секоја сабота

Семејствата на трагично починатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани информираа дека по добивањето на датумот за почеток...

Македонија1 ден

Прекин на испораката на гас за ЈСП, можни се отстапувања од возниот ред

ЈСП информира дека до утре ќе има прекин на испораката на гас и поради тоа е можно да има прекин...

Македонија1 ден

На 35 вакцинални пункта во државата денеска почна вакцинацијата против сезонскиот грип, досега пријавени 43.000 граѓани

Министерството за здравство информира дека денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, која се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ...

Македонија1 ден

Судењето за пожарот во „Пулс“ почнува на 19 ноември

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, почнува на 19 ноември во судницата во...