Uncategorized
Нови жртви од поплавите во Европа, пожарите во Португалија гаснат
Седум лица загинаа, а четворица се хоспитализирани по синоќешната бура проследена со силен ветер и пороен дожд што го зафати централниот дел на Романија, соопштија денеска локалните власти.
Седум лица загинаа, а четворица се хоспитализирани по синоќешната бура проследена со силен ветер и пороен дожд што го зафати централниот дел на Романија, соопштија денеска локалните власти.
Со новите жртви вкупно 25 лица загинаа за една недела во поплавите во оваа балканска земја.
Спасувачките екипи во Австрија денеска пронајдоа уште едно тело на настрадан граѓанин, со што бројката на загинати во поплавите во оваа земја за последните три дена се искачи на четворица мртви.
Луѓето во повеќе европски држави кои живеат по должината на реките Дунав, Ин и Исар се подготвуваат за бран поплави по обилните дождови кои деновиве непрекинато врнат во подрачјето на Алпите.
Илјадници пожарникари и спасувачи си вреќи песок утврдуваат насипи, а состојбата во досега најзагрозените подрачја во западна Австрија и во централниот дел на Швајцарија, каде загинаа девет лица, полека се смирува.
Во Австрија е издадено предупредување дека реката Дунав кај градот Линц попладнево би можела да се излее, бидејќи веќе го достигна максималното ниво.
Предупредување е издадено и во Горна Австрија каде опасно расте нивото на Дунав и на Ин.
Вонредна состојба поради зголеменото ниво на реката Мура е прогласена во хрватските општини Горичан и Коториба.
Состојбата во централниот дел на Швајцарија полека се смирува, а најсериозна е состојбата во кантонот Берн, каде во делови на главниот град се уште нема струја.
Реката Дунав во Германија се излеа во Ној Улм каде беше евакуирана една болница и дом за стари лица, а во Минхен заради поплавата е загрозена водата за пиење
Падот на температурите им помогна и на португалските пожарникари, кои веќе една недела се обидуваат да стават под контрола десетици пожари.
Пожарникарите ноќеска успеаа да стават под контрола 16 пожари, така што сега неконтролирано горат уште пет пожари што оставаат пустош во централниот дел на земјата, во областите Коимбра и Висеу, како и во северниот дел на земјата, во областа Виана де Кастело. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

