Uncategorized
Ирска на референдум за судбината на Лисабонската декларација
Ирска во четврток на референдум ќе одлучува за судбината на Лисабонскатадекларација.
Ирска во четврток на референдум ќе одлучува за судбината на Лисабонскатадекларација.
Ирска е единствена членка на ЕУ,која ја декларацијата ќе решава на референдум, а во случај на негативен исходсе заканува не само политичка криза во Ирска, туку и целосна парализа наЕвропската унија.
Лисабонската декларација треба наунијата да и донесе нова институционална рамка, која ќе ја направи поефикасна ипоспособна за натамошно ширење и за преземање на водечка улога во светот.
Институционалната реформа на унијатае неопходна и мора да се случи сега, нагласуваат европските лидери, додавајќидека Брисел нема „план бе“ во случај на ирското одбивање на декларацијата.
Лисабонската декларација досега ератификувана во 15 од 27-те земји членки и треба да стапи во сила на почетокотна 2009-та година, доволно долго за подготовка на изборите во Европскиотпарламент.
Темелна реформа на ЕУ беше планиранапред повеќе години, но падна во вода по нејзиното отфрлување на референдумитево Франција и Холандија во 2005 година. Тоа доведе речиси до парализа на ЕУ идо тешки преговори од кои произлезе Лисабонската декларација.
И покрај енергичната кампања заратификација на Лисабонската декларација, што ја водеа сегашниот и поранешниотпремиер Брајан Ковен и Берти Ахерн, исходот од референдумот во Ирска енеизвесен.
Според анкетите за ратификација бигласале од 35 до 42 насто од Ирците, а против Лисабонската декларација се 30 до39 проценти.
Главен аргумент на противниците наЛисабонската декларација е дека Ирска ќе мора да го зголеми данокот на доход зафирмите, кој сега изнесува 12,5 насто и е една од главните причини заекономскиот успех на земјата, која по приемот во унијата од претежно неразвиенаи земјоделска израсна во модерна и технолошки напредна држава.
Ирска веќе еднаш, во 2001 година, нареферендум го отфрли Договорот од Ница, а одлуката беше променета неколкумесеци подоцна на друг референдум.
Доколку пропадне ратификацијата наЛисабонската декларација автоматски во сила останува договорот од Ница, којсега кога ЕУ има 27 членки, се смета за неефикасен и застарен. (крај)ста/мп
Copyright 2008
makfax
. Сите права се задржани. Текстовне смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Дуа Липа ужива во Бразил и објавува фотографии од плажата и градот
Дуа Липа објави фотографии од Бразил за време на паузите од нејзината „Radical Optimism“ турнеја.
За Инстаграм позираше на плажа, на jet-ski и во градот, носејќи минијатурно виолетово бикини, црн и бел фустан. Фотографите претходно ја снимија и на базен на поткровје во луксузен хотел во Рио де Жанеиро, во црно-жолто бикини.
View this post on Instagram
Uncategorized
(Фото) Редно беше да ја видиме во проѕирен фустан: тело како ова не заслужува ништо помалку
Актерката Кејт Хадсон, која ја обожававме во романтичните комедии, сè уште нè остава без здив со својата природна убавина и совршен изглед, а честопати се чини дека не остарела ниту еден ден.
Таа е сигурно една од холивудските ѕвезди кои стареат грациозно, а благодарение на редовните тренинзи и внимателно избраната исхрана што ја практикува со години, Кејт Хадсон е меѓу дамите кои со најголема самодоверба знаат како да носат проѕирен фустан – и сигурно заслужуваат да се појават во него.
Кејт позираше во Берлин со Хју Џекмен на премиерата на нивниот нов филм „Song Sung Blue“, а за оваа пригода нè почасти со неочекуван, но исклучително впечатлив и елегантен фустан.

Таа носеше елегантен син, проѕирен фустан со длабоко деколте, зад кој стои потписот на познатата дизајнерка Вера Ванг. Фустанот има големо деколте напред, долги пуфкасти ракави и набори, но и отворен грб, а всушност е целосно направен од тил.
Под фустанот, Кејт носеше црн спортски градник и свиленкасти шорцеви, покажувајќи дека не е една од оние колешки кои „дозволуваат“ премногу да се открие.

Зачудувачката актерка ја врза косата во пунџа, носеше впечатливи обетки и шминка во природни тонови за овој свечен изглед.
фото: принтскрин
Uncategorized
Европол разби група платеници ангажирани за киднапирање водач на албанска мрежа за трговија со дрога
Европол вчера поддржа голема операција предводена од Германија, насочена кон група платеници ангажирани од криминална мрежа за киднапирање на водачот на соперничка банда за трговија со дрога.
Агенциите за спроведување на законот од Данска, Франција, Латвија и од Обединетото Кралство учествуваа во операцијата.
Координираната акција се фокусира на латвиски државјани, од кои некои беа активни во Француската легија на странци.
„Овие високообучени лица беа опремени со професионална опрема и дејствуваа во име на организирана криминална група. Ним им беше доверено киднапирањето на водачот на албанската мрежа за трговија со дрога, кој е осомничен за оркестрирање на кражбата на неколку тони канабис во вредност од милиони евра“, се вели во соопштението на Европол.
На денот на акцијата четири лица беа уапсени во Данска, Франција, Латвија и во Обединетото Кралство, а две во Германија.
„Европол одигра клучна улога со олеснување на размената на информации, обезбедување оперативна координација и обезбедување аналитичка поддршка. На денот на акцијата Европол распореди експерти во Ница за да ги олесни размената на информации во реално време и вкрстената проверка на оперативните информации во базите на податоци на Европол обезбедувајќи директни траги до истражителите на терен“, соопшти Европол.
Европол додава дека оваа операција е поврзана со феноменот насилство како услуга, во кој сторителите ги нудат своите услуги за извршување насилни дела во име на други криминални организации. Во овој конкретен случај високообучени експерти се ангажирани од организирани криминални групи за извршување насилни дела. Овој начин на дејствување се открива сè повеќе во разни операции поврзани со сериозен и организиран криминал.
Неколку осомничени во овој случај се поранешни војници на Француската легија на странци. Европол наведува дека ова претставува алармантен тренд што произлегува од војната во Украина.
„Борбено обучените поранешни војници, кои се враќаат од фронтот, би можеле да ги користат своите вештини за организиран криминал претставувајќи потенцијална закана. Како што војната во Украина продолжува и потенцијално се интензивира по нејзиното завршување, Европа би можела да се соочи со зголемен број на овие високообучени лица вклучени во криминални активности“, соопшти Европол.

