Uncategorized
Дарко Марковиќ добитник на наградата за афирмација на македонскиот стрип
Човекот што секојдневно ги засмејува граѓаните со своите карикатури преку кои ја отсликува дневно-политичката атмосфера во земјава, годинава ја доби наградата за афирмација на македонскиот стрип, на Осмиот меѓународен стрип салон во Велес
Дијана Иванова, од Велес
Дарко Марковиќ и неговиот Пецко се урбани херои на Македонија кои се борат против глупоста и неправдата.„Благодарам на вниманието и наградата, за оваа пионерска работа која трае со години и децении. Се надевам дека стрипот ќе добие достоен простор во нашите весници, бидејќи така ќе добие поголема популарност”, рече Дарко Марковиќ.На осмиот салон на стрип што викендов се одржа во ликовниот салон во Велес беа објавени и добитниците на на наградите од меѓународниот стрип конкурс на кој учествуваа 122 автори од 32 земји во светот. Организаторите се повеќе од задоволни.„Целта ни е да направиме мост на Балканот па и пошироко. Мостот го градиме скоро осум години, а стрип центарот е отворен 15 години. Во него континуирано работат дваесетина млади стрип уметници. Задоволни сме од соработката што ја имаме со уметниците од Македонија но и со оние од странство”, рече Ване Трајков. Првата награда од 200 евра ја освоија Џеф Дајер текст и Владимир Кузманов цртеж од САД, втората им припадна на турците Ергун Гундуз цртеж и Мурат Михциоглу текст и третата награда им припадна на полско -руската авторска двојка Бартож Тибор за текст и Дру Каленко цртеж.Меѓународниот стрип салон годинава се одржува финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество, Норвешката амбасада и Министерството за култура. На салонот се претставени и грчки автори, со нивна изложба на стрип дела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

