Uncategorized
Остар пад на акциите во САД
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/d03fb2fd-38e5-4d95-ad36-fe1b6aeb235f-1.jpeg)
Американските акции на вчерашното тргување забележаа остар пад, поттикнат пред се од најавите на Централната банка дека нема наскоро да ја намали главната камата.
Американските акции на вчерашното тргување забележаа остар пад, поттикнат пред се од најавите на Централната банка дека нема наскоро да ја намали главната камата.
Кон ова треба да се додаде стравувањето од инфлацијата и растот на цената на нафтата, како и препораките на аналитичарите да не вложуваат во двете најголеми американски банки „Сitigroup“ и „Bank of America“.
Индустрискиот индекс Dow Jones оствари пад од 362,14 бодови, или 2,6 отсто, завршувајќи го тргувањето на 13.567.87 бодови.
Акциите во финансискиот сектор, кој во овој период е најчувствителен, загубија вчера во просек 4,6 отсто од својата вредност, додека технолошкиот индекс Nasdaq загуби 2,3 отсто од својата вредност.
Берзите нервозно реагираат на секоја промена на цената на нафтата, која вчера во еден момент достигна 96 долари за барел, за да на крајот на денот се спушти на 94 долари.
/крај/х/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Uncategorized
Опљачкана аптека на Бит-пазар
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/Bit-pazar.jpg)
Утрово во СВР Скопје било пријавено дека во текот на ноќта била опљачкана аптека на Бит-пазар. Полицијата направи увид.
„Денеска во 08.15 било пријавено дека во текот на ноќта со употреба на сила и погоден алат било влезено во аптека на подрачјето на Бит Пазар и биле одземени пари од касата. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, извести полицијата.
Uncategorized
„Вреди“: Историска инвестиција за општините, 15 милијарди денари за капитални проекти
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/DSC_7280_1.jpg)
Со големо задоволство го најавуваме почетокот на постапката за објавување на вториот јавен повик за финансирање капитални проекти во нашите општини, со фонд од 15 милијарди денари. Оваа важна инвестиција има за цел значително да го подобри квалитетот на животот на граѓаните преку изградба на училишта, градинки, паркови, како и подобрување на водоводната и канализационата инфраструктура, велат од „коалицијата Вреди“.
Овој чекор според нив, е доказ за посветеноста на Владата на „Вреди“ за правичен развој и за справување со виталните потреби на општините, решавање на предизвиците со кои граѓаните се соочуваат со децении.
Ова, како што додаваат, е најголемата поддршка досега од централната власт за локалната самоуправа и за поправедно и поефикасно владеење на локално ниво.
На првиот јавен повик, појаснуваат од коалицијата, имаше 78 општини со 288 проекти вредни над 73 милиони евра, додека сега со овој втор повик општините ќе имаат можност да добијат уште повеќе инвестиции за нивниот развој.
Коалицијата нагласуваат, ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи кои носат конкретни подобрувања во животот на граѓаните и ги повикува сите општини да аплицираат за придобивки од овој историски фонд.
Uncategorized
Дел од Ѓорче Петров и Чаир без струја
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/07/DSC_4799.jpg)
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
-Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од објекти во круг на поранешен стопански објект на „Велурфлок“ во населба Хром(општина Ѓорче Перов);
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Алберт Станиќ, ул. Азем Хајдари, ул.Прохор Пчински (општина Чаир);