Контакт

Uncategorized

Јапонец и двајца Американци-добитници на Нобел за хемија

Објавено пред

Добитници на Нобелова награда за хемија годинава се Американците Роџер Циен и Мартин Шалфи, и Јапонецот Осама Шимомура, за откритие во областа на биохемија, соопшти денеска Шведската кралска академија за наука во Стокхолм.

dobivaj vesti na viber

Добитници на Нобелова награда за хемија годинава се Американците Роџер Циен и Мартин Шалфи, и Јапонецот Осама Шимомура, за откритие во областа на биохемија, соопшти денеска Шведската кралска академија за наука во Стокхолм.

Тројцата ја добија наградата за откритието на зелениот флуоросцентен протеин (ГФП), откриен во 1962 година во медузата Auequorea victoria.

Во образложението на Нобеловиот комитет се наведува дека Нобеловата награда за хемија, годинава, е доделена за откритието на ГФП и се истакнува неговото значење во развојот на биохемијата.

ГФП, поради светлото што го емитува, стана важно орудие во подрачјето на биохемијата, молекуларната биологија и други дисциплини.

Овозможи следење на дотогаш невидливи процеси, како што е развој на нервните ќелии во мозокот и ширење на ќелиите на ракот. ГФП, при илуминација со УВ зрачење, емитува зелено светло.

Научниците можат, користејќи го ГФП, да следат различни типови на ќелии. Со помош на ДНК технологијата, ГФП се користи и во проучување на експресијата на гените и за следење на протеините и нивните интеракции со обележани протеини.

Тројцата научници ќе добијат по една третина од наградата што изнесува 1,02 милиони евра, а на лауреатите официјално им се доделува на церемонија во Стокхолм на 10 декември.

Нобеловата награда, наречена по нејзиниот основач, шведскиот научник и изумител на динамитот Алфред Нобел, е меѓународна награда што од 1901 секоја година се доделува на истакнати личности од областа на физиката, хемијата, медицината, книжевноста и за придонес на мирот во светот.

/крај/бе/ис

Copyright

2008

makfax

. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized

Трамп: Ги прекинуваме сите трговски преговори со Канада

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа „Тру Соушал“ дека ги прекинува сите трговски преговори со Канада.

dobivaj vesti na viber

„Штотуку бевме информирани дека Канада — земја со која е многу тешко да се тргува — вклучително и фактот дека со години им наплатува на нашите земјоделци дури 400 проценти царина на млечни производи, штотуку објави дека ќе воведе данок на дигитални услуги за американските технолошки компании, што претставува директен и очигледен напад врз нашата земја.

Очигледно ја копираат Европската Унија, која направи исто и со која сè уште преговараме. Поради оваа бесрамна одлука за данок, ги прекинуваме сите преговори за трговија со Канада, со итно дејство. Канада ќе биде информирана за царините што ќе треба да ги плаќа за работење со САД во рок од следните седум дена. Ви благодарам за вниманието“, напиша Трамп.

Оваа објава следуваше откако Трамп соопшти дека неговиот рок за трговски договори на 9 јули, не е фиксен. Тој им објасни на новинарите дека договор може да се постигне и пред или по тој датум, кога треба повторно да бидат воведени посеопфатни американски царини ако не се постигне договор.

„Можеме да направиме што сакаме. Можеме да го продолжиме рокот. Можеме да го скратиме. Јас би сакал да го скратам. Би сакал само да им испратам писма на сите: Честитки, плаќате 25 проценти“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа.

Американскиот министер за финансии Скот Бесент претходно нагласи дека трговските договори би можеле да бидат завршени до почетокот на септември.

Американскиот претседател Доналд Трамп прво најави царини од 50 отсто кон ЕУ, кои требаше да стапат на сила на 1 јуни, но тој реши да го продолжи рокот за преговори до 9 јули. Моментално се во сила американски царини од 10 проценти на поголем дел од европската стока и 25 отсто царини на автомобили, челик и алуминиум.

По една недела во која царините беа во втор план поради американскиот напад на иранските нуклеарни постројки и поради огромниот закон за даноци и потрошувачка во Конгресот, трговските преговори на администрацијата на Трамп се забрзаа. САД вчера ѝ испратија нов предлог на Европската Унија, а Индија испрати делегација во Вашингтон за понатамошни разговори.

„Значи, имаме земји што ни се обраќаат со многу добри договори. Имаме 18 важни трговски партнери. Ако можеме да потпишеме договор со 10 или 12 од нив, од 18-те, и ако имаме уште 20 важни односи, мислам дека трговските договори може да се затворат до Денот на трудот“, изјави Бесент за Fox Business Network.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека од американската страна го добиле најновиот предлог за понатамошни преговори за царините, нагласувајќи дека Унијата е подготвена за договор, но и за ситуација во која нема да се постигне задоволувачки договор.

„Го добивме најновиот американски документ за понатамошни преговори, кој сега го разгледуваме. Подготвени сме за договор, а во исто време се подготвуваме и за можноста да не се постигне задоволувачки договор“, изјави фон дер Лајен.

Таа нагласи дека Комисијата во преговорите за царини ќе ги брани европските интереси и дека сите опции „остануваат на маса“.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц порача дека ЕУ треба да постигне „брз и едноставен“ трговски договор со САД, а не „бавен и комплициран“, додека францускиот претседател Макрон порача дека неговата земја нема да прифати договор што е нерамнотежен.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Макрон најави забрана за социјалните мрежи за деца под 15 години

Објавено пред

Од

Францускиот претседател, Емануел Макрон, објави дека ќе го забрани пристапот до социјалните медиуми за деца под 15 години доколку наскоро не се постигне напредок по ова прашање на ниво на Европската унија.

dobivaj vesti na viber

Одлуката следува по вчерашниот смртоносен напад од страна на ученици врз 31-годишен директор на училиште пред основно училиште во градот Ножан.

„Не можеме повеќе да чекаме“, рече Макрон во телевизиско обраќање на каналот „Франс 2“, пишува Политико од Брисел.

Тој истакна дека прекумерната употреба на социјалните мрежи меѓу децата е фактор на ризик и дека воведувањето контрола на возраста би можело да помогне во заштитата на младите луѓе.

Грција, со поддршка на Франција и Шпанија, веќе предводи иницијатива во рамките на ЕУ за ограничување на времето што тинејџерите го поминуваат на интернет, но Макрон сака Франција да преземе мерки дури и пред евентуалната заедничка европска одлука.

Макрон, исто така, најави дополнителни безбедносни мерки, вклучително и проверка на возраста на корисниците на страниците што продаваат ножеви преку интернет.

Тој најави големи казни и забрани за страниците што не се придржуваат.

„15-годишник повеќе нема да може да купи нож преку интернет“, рече претседателот.

Францускиот премиер, Франсоа Бајру, претходно изјави дека сака да ја забрани продажбата на ножеви на малолетници.

Француските власти веќе преземаат чекори за да ги принудат платформите како што се X, Reddit и Bluesky да спроведат проверка на возраста, третирајќи ги како страници со содржина за возрасни.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Макрон со најава: ќе го забрани пристапот до социјални мрежи за деца под 15 години

Објавено пред

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, објави дека ќе го забрани пристапот до социјалните мрежи за деца под 15 години доколку наскоро не се постигне напредок по ова прашање на ниво на Европската унија.

dobivaj vesti na viber

Оваа одлука следеше по вчерашниот смртоносен напад од страна на ученик врз 31-годишен училишен надзорник пред основно училиште во градот Ножан.

„Не можеме повеќе да чекаме“, рече Макрон во телевизиско обраќање на каналот „Франс 2“, пренесува бриселски „Политико“.

Тој истакна дека прекумерната употреба на социјалните мрежи меѓу децата е фактор на ризик и дека воведувањето контрола на старосната граница би можело да помогне во заштитата на младите луѓе.

Грција, со поддршка на Франција и Шпанија, веќе предводи иницијатива во рамките на ЕУ за ограничување на времето што тинејџерите го поминуваат на интернет, но Макрон сака Франција да преземе мерки дури и пред евентуалната заедничка европска одлука.

Макрон, исто така, најави дополнителни безбедносни мерки, вклучително и проверка на возраста на корисниците на веб-страниците што продаваат ножеви преку интернет.

Тој најави големи казни и забрани за сајтовите што не се придржуваат.

„Петнаесетгодишник повеќе нема да може да купи нож преку интернет“, рече претседателот.

Францускиот премиер Франсоа Баиро претходно изјави дека сака да ја забрани продажбата на какви било ножеви на малолетници.

Француските власти веќе преземаат чекори за да ги обврзат платформите како што се Ix, Reddit и Bluskaj да применуваат проверки на возраста, третирајќи ги како сајтови со содржина за возрасни.

Во Франција, на 7 јуни, стапија во сила мерките што ги обврзуваат порнографските сајтови да ја потврдат возраста на корисниците.

Како резултат на тоа, сајтот „Pornhub“ престана да работи во земјата, што предизвика ненадејно зголемување на употребата на VPN услуги што ја заобиколуваат геолокацијата, пренесува Танјуг.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Пеколни горештини во Македонија, температурата денес ќе достигне 41 степен

Македонија е под топлотен бран. Според метеоролозите, времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална...

Македонија2 часа

Маргини: Луѓето не заминуваат оти се откажале од формирање семејства, туку зашто државата се откажала од нив

Коалицијата Маргини ја осудува изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека „време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе...

Спорт2 часа

Тенис на Вимблдон или трки на коњи во Аскот

Танталови маки за англиската аристократија Од специјалниот известувач од Вимблдон Во Велика Британија временските прилики се најчесто неприлики доколку планирате...

Македонија15 часа

Османи: Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за популистичка егзибиција, време е да се престане со националистичко родео

Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција. Со тоа тие ја...

Топ16 часа

Претходно осудувано лице: скопјанецот кој го усмрти пешакот со мотоцикл, немал возачка дозвола

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен скопјанец, осомничен за -Тешки дела против безбедноста на...

Топ16 часа

МНР со детали за несреќата во Србија: загинатиот Македонец има 39 години, тешко повреден е уште еден македонски државјанин

МНР соопшти дека до Амбасадата на Република Северна Македонија во Белград е доставена информација за сообраќајна незгода. Според соопштението несреќата...

Македонија17 часа

МВР со апел до граѓаните: да не отвораат линкови од СМС пораки, можат да бидат цел на криминални групи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, ги информира граѓаните дека во изминатиот период се забележани зголемен број...

Македонија19 часа

Јаневска: Во изминатите седум години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку, се празнат училниците

Во седум изминати години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку. Училниците и амфитеатрите се празнат. Ако тоа не се...

Македонија19 часа

Предлогот на Мицкоски за даночење на самците кореспондира со идеите од авторитарни режими, реагира Мрежата за заштита од дискриминација

За време на настанот „Демографски трендови, предизвици и можни решенија – Развој на стратешки документи за демографска отпорност“, претседателот на...

Топ20 часа

Драма во Шуто Оризари – насилници со палки, боксови и со клоци претепале вработен во „Водовод“

Тројца насилници со железни и дрвени палки, клоци и боксови претепале вработен во „Водовод“ пред пунктот на претпријатието во Шуто...

Македонија22 часа

Поднесено обвинение против директорот на болницата за геријатрија за примање поткуп од 20.000 евра

Обвинителството поднесе обвинение против директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, Мухсин Арифи, и уште за...

Македонија22 часа

Владата размислува да ги даночи немажените и неженетите, рече Мицкоски

Владата размислува за дополнителни даноци за немажени и за неженети, соопшти премиерот Христијан Мицкоски говорејќи дека е време за држава во...

Македонија23 часа

Од денеска до вторник топлотен бран во Македонија, се активираат препораките за заштита на населението

Министерството за здравство ја информира јавноста дека во согласност со прогнозите од УХМР и врз основа на акцискиот план за...

Топ24 часа

Уапсен 42-годишник од Радовишко, силувал 77-годишна жена

На втори јули, во 17 часот полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишиле од слобода 42-годишниот А.С. од...

Топ1 ден

39-годишен Македонец е загинатиот во несреќата во Србија

Во сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Нови Сад – Суботица загина македонски државјанин, додека друг се...

Македонија1 ден

Најголем интересот за студии по медицина и социјална заштита, порасна бројот на запишани студенти за една година

Во академската 2024/2025 година се запишале 53.535 студенти, што претставува зголемување од 2,3 процента во однос на претходната година. Според...

Регион1 ден

(Видео) Студенти уапсени на ливада пред Факултетот за драмски уметности во Белград

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани, најавија студентите на големите собири синоќа. Žandarmerija u Cvijićevoj. pic.twitter.com/IEpLk4p9d8...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Не постигнав никаков напредок во разговорот со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера им изјави на новинарите дека не постигнал никаков напредок во врска со завршувањето на војната...

Европа1 ден

(Видео) Брутален руски напад врз Киев по разговорите Путин – Трамп

Руските сили започнаа повеќечасовен ракетен и беспилотен напад врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта, насочен кон станбени...

Регион1 ден

(Видео) Студентите: Тотална блокада на Србија наутро; Вучиќ: Ве молам, вразумете се

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани. Студентите го најавија ова на големите собири синоќа. Тие најавија...