Спорт
Дакар: Деспре и Петерхансел пред конечна победа
Французите Сирил Деспре и Стефан Петерхансел се наоѓаат на чекор до вкупна победа на 33-то издание, на релито Дакар.
Французите Сирил Деспре и Стефан Петерхансел се наоѓаат на чекор до вкупна победа на 33-то издание, на релито Дакар. Сирил Деспре, во конкуренција на моторциклисти, 13-та етапа, која во должина од 375 километри, се возеше од Наска до Писко, ја заврши на второто место, зад победникот Елдер Родригез од Португалија. Со освоеното второ место, Деспре, на првото место во генералниот пласман го мина Марк Кома. Шпанецот, во пресрет на последните две етапи, имаше предност во однос на Деспре од 90 секунди, но поради проблеми со менувачот, во 13-та етапа, на целта стигна со задоцнување од 13 минути во однос на главниот конкурент. Деспре и покрај предноста од 11 минути, сеуште не ја има осигурана победата, на последната етапа, тој мора да стигне до целта, која се наоѓа во главниот град на Перу, Лима. Кај автомобилистите, Петерхансел, стигна до уште една етапна победа, на целта, тој имаше речиси девет минути предност пред второпласираниот Жиниел де Вилие. Петерхансел речиси сигурно осигура нова вкупна победа на Дакар, прва откако релито се вози во Јужна Америка, тој, во пресрет на последнтата етапа, има 43 минути предност во однос на Нани Рома. Релито Дакар, неговото 33-то издание, ќе заврши утре, кога од Писко до Лима, во должина од 283 километри ќе се вози последната етапа. крај/б92/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Баер со триумф во Купот стави точка на неверојатната сезона
Баер Леверкузен е победник на Купот на Германија за сезоната 2023/2024. и освојувач на „двојната круна“ во германскиот фудбал, откако претходно на доминантен начин ја освои и Бундес лигата.
Избраниците на Чаби Алонсо беа подобри од второлигашот Кајзерслаутерн во финалето на Олимпискиот стадион во Берлин со 1:0.
Ова беше петто финале за „фармацевтите“ и втора титула во Купот, прва по 1993 година.
Леверкузен ја комплетира чудесната сезона, која во сите натпреварувања ја заврши со еден пораз. Баер одигра 53 натпревари во сите конкуренции и загуби само еднаш, во средата од Аталанта во финалето, во Лига Европа.
Победата во финалето против Кајзерслаутерн ја изборија со голот на Џака во 16.минута, а потоа покажаа квалитет кога успеаја да ја одбранат бидејќи од 44.минута играа со фудбалер помалку на теренот.
Спорт
Тен Хаг: Ако Јунајтед не ме сака, ќе одам на друго место да освојувам трофеи
Манчестер јунајтед го освои ФА Купот откако во големото финале на Вембли го совлада Манчестер сити со 2:1. За Јунајтед ова е прв триумф во ФА купот по 2016 година, вкупно 13. во клупската историја.
Ерик Тен Хаг, го освои првиот тофеј како менаџер на Манчестер јунајтед. И покрај победата во ФА купот не е сигурно дека Холанѓанецот и наредната сезона ќе биде менаџер на Јунајтед. го коментираше натпреварот.
„Ако Јунајтед повеќе не ме сака, ќе одам на друго место за да освојувам трофеи. Тоа е она што го правам цела моја кариера“, рече Тен Хаг.
Како можни наследници на Тен Хаг се споменуваат Киеран Мекена од Ипсвич Таун, Роберто Де Зерби кој неодамна објави дека го напушта Брајтон и Томас Тухел кој си замина од Баерн на крајот на сезоната.
Спорт
МЗТ ја одбрани шампионската титулата
Foto/ facebook.com/kkmztskopje
МЗТ Скопје ја освои петтата последовна титула, 11. титула во клупската историја. Финалната серија против Пелистер, МЗт ја доби со 3:0. По двете победи на домашен терен, МЗТ вечерва победи во Битола со 78:67.
Пелистер се обиде да ја продолжи серијата, да се избори и за четврти натпревар, но кошаракарите на Радуловиќ имаа сила да му се спротивстават на шампионот само 24 минути.
По релативното израмнето прво полувреме, Пелистер во 23.минута ја стекна највисоката предност 50:43 и тука застана. МЗТ одговри со серија 11:0, минусот го претвори во плус од четири поени.
Во последната четвртина МЗТ му дозволи на Пелостер само два поени во првите шест минути игра, а кога Баковиќ со две тројки ја крена разликата на 16 поени беше јасно дека МЗТ ќе ја одбрани титулата.
Најефикасни во тимот на МЗТ беа Баковиќ и Гилон со по 15 поени, 11 кошеви постигнаа Делалиќ и Петков. Пелистер го предводеа Мијовиќ и Костоски со по 19 поени.